Овие двајца голмани во различен период ги поминаа своите најдобри времиња... Чех беше најдобар голман во светот пред онаа фамозна повреда на главата, тоа беше пред 4-5 години мислам, тогаш беше во одлична форма... додека кај Цезар е обратна ситуацијата, тој не беше нешто посебно на почетокот кога почна да брани, но со тек на времето стана супер голман и неговиот врв беше последните 2-3 години... сега и двајцата се добри, си држат некое ниво, некоја константност, Цезар можеби му се случува некогаш да направи некој кикс, но затоа некогаш брани се што оди во неговиот гол... се на се тука некаде се и двајцата, нијанси одлучуваат, јас лично повеќе ми се допаѓа Цезар, но ги сваќам и оние кои што мислат дека Чех е подобар.