Самиот факт што Кратовската пастрмајлија не е ставена во избор ја прави анкетата непотполна. Од друга страна може да се каже дека ова е борба за втото и трето место.
А што е па толку посебна штипската? Што има во штипската а го нема во велешката? Дури и помалце има.Штипската мене ми е најдобра. Годинава ја пробав велешката, и ништо посебно не ми беше....
А што е па толку посебна штипската? Што има во штипската а го нема во велешката? Дури и помалце има.
Од овие две ја бирам велешката. Инаку светиниколска.
Оваа година пробав од велешката. Претерано многу јајца имаше. 80% јајца беше а 20% месо. Тестото ми беше многу чудно и како мастика некако ми се влечеше.
А штипската, малце повеќе ја горат, али кога морам да бирам меѓу овие 2, штипска повеќе ми праи мерак на вкус.
Може така се погодило, ама ја сум од тие јадачи што не пребираат многу многу, така да...
Ако си бил на питијада таму питите беа една недела претходно печени, за да можат да продадат колку што ќе им побараат.Оваа година пробав од велешката. Претерано многу јајца имаше. 80% јајца беше а 20% месо. Тестото ми беше многу чудно и како мастика некако ми се влечеше.
А штипската, малце повеќе ја горат, али кога морам да бирам меѓу овие 2, штипска повеќе ми праи мерак на вкус.
Може така се погодило, ама ја сум од тие јадачи што не пребираат многу многу, така да...
@Forrest GumpПробав и од штипската пита, сега може да си кажам мислење.
Тестото на велешката е многу поарно, додека пак на штипската и се лизгаат мевцата на секоја апка, што не е случај со велешката поради тоа што јајцето го држи месото, можеш на мира да јадеш.
Немало потреба од додавање на црвен пипер во месото, бидејќи кој е мераклија на луто ќе си земе феферонки, или на штипкси "џинки", се пресмеавме со тие таму коа ни го кажаа зборот.
Иначе штипската си е ок, пита за уживање ама не би ја ставил во иста категорија со велешката.
Исто не треба да се оценува квалитетот на питата додека си на овакви манифестации, оти 90% од питите се направени на брза рака и стојат со саати на штандовите, значи ние ја порачавме од Верона, директно ни ја испекоа на лице место, искрено почекавме 15-20 минути, а замисли да седнеш во кафана во Велес ќе ти ја напраат за време од 30-60 мин. замисли која е таа разлика, колку е само тестото поубаво и поиспечено.
Продадена душа!
Nikoj?Кај има добра пастрмајлија во Скопје?
Кој?Продадена душа!