Која музика не сакате да ја слушате воопшто?

Кој вид на музика не сакате да го слушате


  • Вкупно гласачи
    442
B

beaverknight

Гостин
Мене гоата ми е ок, за посебни прилики
Пример ова :coffee:
Etnica - Vimana
Дури до 4-та минута успеав да издржам :D

Едино од електронска што можам да слушам онака со задоволство е драм енд бејс, од ова другово, поготово трансот :sick:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.629
Поени од реакции
31.830
Дури до 4-та минута успеав да издржам :D

Едино од електронска што можам да слушам онака со задоволство е драм енд бејс, од ова другово, поготово трансот :sick:
Ај да се пробам ко така со нешто друго електроника :D

Aphex Twin - Crying In Your Face
Boards of Canada - In A Beautiful Place Out In The Country
Burial & Four Tet Feat. Thom Yorke - Ego HQ
 
B

beaverknight

Гостин
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Турбофолк не можам, едно време завиваше бугарски турбофолк и во нашава куќа, но тие денови се зад нас и никогаш нема да се повторат.

Транс, хип-хоп и техно не слушам, досадна и напорна музика. Кога сакам да се опуштам си пуштам џез, блуз, класична музика, но и рок од 60тите. За секојдневие слушам музика (поп, рок и метал) од 60-90ти. Но и во 90тите имаше солидна музика. Нирвана, Г'н'Р, AC/DC, Кис, REM, Радиохед и Металика извадија по некој албум. Оазис, RHCP и Грин Деј имаа по некоја добра ствар (за мој вкус).

Поп сцената нема да ја коментирам. Декада на Спирс и Спајсиците! (n)
 

ovs

Член од
4 јануари 2021
Мислења
348
Поени од реакции
506
Klasicna i dzez ne mozam edno vreme dosta gi slusav stravinski prokofiev i ravel no veke ne mozam tie denovi se zad mene.

Koga sakam da se opustam si slusam izvorna bugarska/makedonska i grcka muzika instrumentalna pred se no i vokalna kade ima soliranje so zurli,kavali tapani no i bozuki,tamburi i duduk.
Ima nesto vo taa muzika ko ke pisne zurlata da zaviva bez kontrola ko da te stava u nekoj trans i magijata pocnuva momentalno se povrzuvas so nekoe drugo vreme vo koe nemalo polifonija i akordi tuku ednostavno ima prosticka melodija koja narodot si ja zacuval vekovno a ova sto sakaat da ni nametnat nekoi sili da slushame dzes bluz ili klasicna muzika koj nema vrska so nasata tradicija e toa kaj mene nema da im uspe.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.629
Поени од реакции
8.062
Во последно време повеќе слушам македонска и странска поп модерна музика и нешто рап македонско.

Низ години сум слушал и слушам многу други жанрови како техно, дип хаус, рок, рок од времето на југославија, Балашевиќ, Оливер Драгојевиќ, Нина Бадриќ, Петар Грашо, Данијела Мартиновиќ, Фрајле Тозовац, Душко Кулиш, Тома Здравковиќ, народно фолк а и во тинејџерските години најчесто слушав Red hot Chill Pepers, Limp Bizkit, Nirvana, Eminem, Linkin Park, Jay Z, Coldplay, System of a Down, Blink 182, Carl Cox, Roger Sanchez, Faithles, Trentemoller, eдно време и DnB жанр на музика тоа беше највеќе Netsky и ред многу друго од жанр што зависно од расположение и годините ќе ми се допадне.

Никогаш не сум бил од оние да се задржам само на еден жанр и тој да го слушам.

Не сакам и не би можел многу да слушам и разберам оние стари народни песни традиционални црногорски со гусли, албански со оние мандолини или што и да се, да слушам премногу не би можел психоделично техно, преагресивен метал не би можел исто да слушам..
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.590
- Турбо фолк (освен некогаш во друштво за зафрканција и сеир)
- Новокомпонирана фолк музика (со ретки исклучоци)
- Лигава поп и R'N'B музика
- Транс и друга нападна електронска музика
- Death, black и gore метал
- Комерцијален рап преполн со auto tune
 

Kajgana Shop

На врв Bottom