Која е причината зошто не го напуштите домот на родителите?

  • Креатор на темата Intex
  • Време на започнување
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Едноставно кажано: балкански или македонски менталитет. Сите си сме навикнати на сервирано, на послужено и платено, на топло и удобно, на свежо и чисто. Што не е случај со западот каде после 20тата година самата држава ги субвенционира младите, особено младите брачни парови да живеат во посебен стан/куќа. Кај нас тоа тешко да дојде во наредниве 50 години. Но и вака е добро, што ни фали? :smir:
Со самата споредба со други земји, даваш одговор на овој "феномен". Парите се во прашање (со реков, можеби мал процент лична определба). Младите се воглавно невработени или вработени за мали пари, постарите одвај врзуваат крај со крај...самосталност во вакви услови е мишн импосибл. И холанѓанец да живее со 300-400 евра (еден вработен у фамилија) нема да се осамостали...не што не сака туку не може.
 
jovichbt

Јован
Член од
8 јули 2009
Мислења
7
Поени од реакции
0
Причината е онаја несигурност на опшеството, мислејќи не е доволно способно да се издржува,дека ги нема сите можности и способности да се одржи единката сама во живот, да води свој живот. Мислејќи на сите тие проблеми, единката се потпира на своите родители додека не дојде моментот на искуството.. додека не дојде моментот кога ќе се издржува таа единка на свој грб.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Во Македонија шансите за млад човек да тргне сам да си го бара парчето леб и животот, тоест шансите за успех се 1 во 10 000. Сите ги знаете причините и последиците итн. Не вреди дискусија.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас од 18 години живеам настрана од родителите.До 23 ми помагаа делумно(работев,но не беше доволно за рати на факултет),потоа сама се издржував.Не дека не можат и денес да ми плаќаат стан,сметки,кафиња,туку едноставно ми е срам да побарам пари од дома.Така се чувствував од 18 години,но кога она што го заработуваш не е доволно,тогаш мораш да побараш.
Зависи од темпераментот,кога ќе почнеш да живееш сам,ќе научиш и да готвиш и да переш и да чистиш.Парите ќе ги броиш за да има за се.Јас неможам да живеам со моите,ме гуши тој живот,друго е сам.Ама Македонија е таква каква што е,има цел живот што живеат во заедница.И нема работа,нема кој да финансира.Не е работата да се одделиш,па да плачеш по телефон:Мамо дај пари!
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278

Убаво кажа Македонија е таква каква што е, делењето од дома малкумина го разбираат како целосна независност од родителите, како ти. Поголемиот дел од оние кои што сакаа да се осамостојат, всушност само следат помодарски тренд, кој треба да има само визуелен ефект пред дугите, додека „градата“ од која цицаат продолжуваат да ја шмукаат и понатаму.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Прво се наоѓа работа,па потоа се оди во друг стан.
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Убаво е да се живее сам, ама у самиот старт ти требаат пари за да го средиш станот, замислете си цифра. А после ке ти требаат 25.000+ денари плата за да живееш нормално, безгрижно.
А може да се живее и со 10.000- денари, ке земеш стан за до 4000 ден, ке фрлиш у сред соба која е 3 метри квадратни еден стар душек и ке уживаш у самосалноста.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Како ја наоѓате сатисфакцијата во реченицата, ми готват, ми перат, ми плаќаат? Уживате у тоа да бидете паразити или нешто пропуштам?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.725
Поени од реакции
18.473
Како ја наоѓате сатисфакцијата во реченицата, ми готват, ми перат, ми плаќаат? Уживате у тоа да бидете паразити или нешто пропуштам?
А што очeкуваше ти? и после се жалат дека имало невработеност!! ДРЖАВАТА БИЛА КРИВА, немало работни места :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
U

UniqueGirl

Гостин
Дај ти се молам, зашо да се осамостоиш,
коа твојот аздисан гз може да се тегави
у куб, ко паразит.
Зашо да се киселиш со сува кифла,
и гнасна 50денарка у џеб коа моеш
да цицаш од утробата до 25та и назад.
И шо ќе се потиш позади шанк,
да рмбаш из петна жила за 150еура,
коа моеш од јутра до сутра да си
ја ладиш на кафица низ убер фенси кафиќ,
и драпање џаболебарски "ни сабота ни работа" - муабет.
Ма лезетлук.
 
М

Мартин`

Тоа е веќе сосем друга работа што го кажуваш ти, немора да значи дека ако живееш со родителите ќе бидеш паразит можеш и ти во истото семејство да допринесуваш односно да работиш така и ти нив ќе им помагаш не само они тебе. Така да не гледам смисла да живееш сам да се буткаш во гарсоњера како што кажа авторот можело и со партнер/ка да го делите и сл, кога имаш се дома мора да си ненормален да го направиш тоа, ако живееш со своите немора да значи дека си паразит (иако повеќето се).
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Не се само парите во прашање и традицијата игра голема улога.

Читав статистики за Италија каде 40% од населението сеуште живее се родителите до 30 година од животот. Тие иако имаат сиромаштија на југот можат да се одвојат и да побараа работа на северот или пак во ЕУ а сепак тоа не го прават затоа што ги влече домот, земјата , околината, родителите, итн,итн, со други зборови врзани се за семејството.

И кај нас би било слично, дури и сите да имаат одлични примања, пак голем дел ќе останат во комоцијата што им ја нуди родителскиот дом барем додека не се оженат/омажат.

За мене совршен компромис би бил живот сам со девојката а родителите некаде во близина. Така се спојуваат двете предности :).
 
U

UniqueGirl

Гостин
Тоа е веќе сосем друга работа што го кажуваш ти, немора да значи дека ако живееш со родителите ќе бидеш паразит можеш и ти во истото семејство да допринесуваш односно да работиш така и ти нив ќе им помагаш не само они тебе. Така да не гледам смисла да живееш сам да се буткаш во гарсоњера како што кажа авторот можело и со партнер/ка да го делите и сл
Да али балкански менталитет ебава од секоја страна.
Која мајка ќе дозволи синчето да си гланца
кошулата?!
Која балканска мажјачина нема да се
фрустрира шо синот му го носи лебот дома?!

ако живееш со своите немора да значи дека си паразит (иако повеќето се).
Ете го муабетот другар. :)
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Како ја наоѓате сатисфакцијата во реченицата, ми готват, ми перат, ми плаќаат? Уживате у тоа да бидете паразити или нешто пропуштам?
A кај ти на друго место ке го вкусиш јадењето кое ти го готви мајка ти?кој ке ти пере ако не таа?Комшиите секако дека нема да се нафакаат со тебе.Како што рече некој на темава да си дозволиш сопствен стан,со јадење брзо ке посакаш да се вратиш дома.Зошто?
Затоа што кога ке се вратиш во твојата кука се ке си имаш на маса и јадење и пиење,топол дом...А на пример во стан?Дали имаш некоја предност освен приватност?Не гледам некоја друга.Баш напротив ке си дојдеш од работа,мртов гладен,додека си направиш јадење (освен ако не си купил готова храна)а не верувам дека секој ден ке го јадеш само тоа,ке посакаш да отидеш кај мајка ти и да видеш што спремала за ручек.
И вели некој со цимер/ка.Од кај сте сигурни каков.каква ке биде тој/таа...Можеби некој/а наркоман/ка,пијаница,психопат.Знам дека можеби претерав.
Ке ви кажам една случка на една моја познаничка сакајки да биде самостојна барајки цимерки за во стан за да не го плака наиде на психопата која со себе носеше кокошка во раце,друга беше наркоманка.Ризик е тоа освен ако не земеш стан со веке твој познајник.
 
Прво, и основно. Како тоа зборите кога не сте биле никогаш сами?! Второ, јас прашав каде го наоѓате задоволството во тоа да бидете паразити. И трето, последно, не навлегувам во тоа дали некој сака повеќе семеен или самотнички живот, само... како и сите други теми на форумов, дискусиите се шаблонски. Дури, место да пишуваат форумџиите, може да се отвори анкета, дали ја видел некој темата или не и јасно ќе ти биде каков му е ставот. На пример, Гладиус може да се пријави само и ќе знаеме дека не може да живее без гравчето на мама. Или Росонерка. Исто може да се пријави и Јуник еве ја над мене и ќе ни биде јасно дека иако има 16 години ќе размислува потрезвено и понормално од претходните. :toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom