Јас од 18 години живеам настрана од родителите.До 23 ми помагаа делумно(работев,но не беше доволно за рати на факултет),потоа сама се издржував.Не дека не можат и денес да ми плаќаат стан,сметки,кафиња,туку едноставно ми е срам да побарам пари од дома.Така се чувствував од 18 години,но кога она што го заработуваш не е доволно,тогаш мораш да побараш.
Зависи од темпераментот,кога ќе почнеш да живееш сам,ќе научиш и да готвиш и да переш и да чистиш.Парите ќе ги броиш за да има за се.Јас неможам да живеам со моите,ме гуши тој живот,друго е сам.Ама Македонија е таква каква што е,има цел живот што живеат во заедница.И нема работа,нема кој да финансира.Не е работата да се одделиш,па да плачеш по телефон:Мамо дај пари!