Која е најдобра лига според вас?

Што мислете која е Најдобра Лига од наведнативе?

  • Премиер Лига

    Гласови: 229 48,2%
  • Примера Дивизија

    Гласови: 88 18,5%
  • Сериа А

    Гласови: 109 22,9%
  • Бундес Лига

    Гласови: 33 6,9%
  • Некоја друга што не е на Анкетава

    Гласови: 16 3,4%

  • Вкупно гласачи
    475

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.710
Поени од реакции
43.720
Стварно ќе паднат под Бундес ако не поминат ни Арсенал ни Сити?
Па еве види, се анулира разликата, а овие од Бундесот ќе ги имаат Волфсбург и Баерн во 1/4 финалињата, од друга страна Енглезите ќе се само со Евертон...па и шо знам на кои други начини се собираат поените.. :D

И не менува ништо. :)
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.530
Поени од реакции
17.341
Па еве види, се анулира разликата, а овие од Бундесот ќе ги имаат Волфсбург и Баерн во 1/4 финалињата, од друга страна Енглезите ќе се само со Евертон...па и шо знам на кои други начини се собираат поените.. :D

И не менува ништо. :)
На муабетот ова го најдов од аналитичар на Англиската лига на мојот форум, шо значи примирје со Бундес фанојте, војна со Енглезите :D

EPL напиша:
You're comparing yourself to the wrong league. It's England that Italy could overtake, not Germany.

Consider what the UEFA coefficient looks like for only the past 4 years:


Also take into account that for the current season Italy will probably have 3 teams that make it to the next phase (Napoli, Juve and Fiorentina/Roma) whereas England only have Everton. It's especially important for Serie A that Juve go far because since 2009 the CL gets "bonus" points that the EL doesn't.

As of right now, the gap between the PL and Calcio is of 7.3 points. Let's assume that Everton don't win the EL whereas the Italian teams all go to the next round. That would put the gap closer to 6, much more manageable. If the Italian teams have a great campaign next year and the English teams have a terrible one next year, the PL could lose its spot.

It's unlikely to happen though, first because I believe that English teams flopping in Europe is temporary and second because the only good team in Italy is Juve (would any of Roma, Lazio and Napoli go far? I have my doubts). But if Italy were to take over the 3rd place, it would be stealing it from England and not Germany.

However, consider this: 2011/12 was Italy's worst year listed, with a mere 11 points. England has 15. So on 2016/17 a 4 point gap will be closed automatically. What this means is that if Italy outperforms England by 3 coefficient points over the next 2 years then it can get that spot back.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.710
Поени од реакции
43.720
На муабетот ова го најдов од аналитичар на Англиската лига на мојот форум, шо значи примирје со Бундес фанојте, војна со Енглезите :D
Џабе ви е, ќе ве плесне Ројс. :D

Не, види Италијаниве само оваа година може да извадат повеќе од Енглезите. (од последните 4 години) Не ми се верува да паднат подолу од ова екипите од ПЛ. :) Сепак, фудбал е...
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
aбе тоа беше очигледно дека енглеската дека ќе падне, со оглед на тоа што сезона 2010 (последната од петте години што се зимаат во обзир за коефициентов) им е најплодна на енглезите ...
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Непостојт такво нешто како најдобра лига, зш сите пуцет со лопка на голон, секој си фаворизира и истакнува работи кои него му годат шо незначит дека та лига е најдобра. Шо е мерило за најдобра лига? Имат такво нешто та да ги мериме?
Секоја лига сама по себе си е посебна и сите се разликуваат меѓу себе.
Битно е да се гледа фудбал од Јелен Лига па се до Чилеанска, да се одржвит традицијава.:D
 
Член од
19 февруари 2015
Мислења
1.772
Поени од реакции
2.075
се слагам јас со м-1, порано се знаеше сериа а 2 калси над сите и немаше такви муабети секој си го гледаше тимот и не се замара, сега сите поизедначени некоја сезона овие ке напрааат поише поени па другата други и така на кој ке му биде поголемо курето си ги мерат...

иначе моментално НБА е најака лига :kuracc:
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.511
Поени од реакции
22.153
Пријателе еве сега побарав малку и еве еден интересен факт што го потврдува тоа што го зборувам. Сезоната 10/11 Штудгарт, Вердер, Шалке и Волфсбург биле на место број 12,13,14 и 15. Три од овие тимови во претходните 6-7 сезони биле шампиони, а Шалке во самиот врв, а се нашле на работ од бездната од која одредени тимови и ден денес не излегуваат. Во истото тоа време само Бундеслигата се смета за квалитетна и развиена, а располага само со еден гигант. Италија кога беше квалитетна лига располагаше со три гиганти кои влегуваа со шампионски амбиции, а во заднина беа тимовите како Лацио, Рома, Удинезе, Фиорентина. Овие тимови наликуваат по успоните и падовите на германските шампиони (иако реално ниедна не допре такво дно) но со разликата што над нив секогаш имаше три гиганти, а не еден. Се надевам дека ми ја доловуваш поентата.
Ќе кажам нешто за што ќе ме нападнат Баварците, ама една причина за тоа што во Германија нема клубови рамни со Баерн е самиот Баерн. Значи Баерн е супериорен над сите, пред се финансиски и секако со репутација. Значи самата разлика со тим број 2 кој моментално сеуште (сеуште) е Дортмунд, е огромна. Да не мелам обврти, приходи итн. но само една бројка ќе спомнам: Дортмунд плаќа 80м ЕУР плати за тимот, Баерн 160-200м ЕУР, значи најмалку дупло. Ако Баерн Минхен сака да земе некој играч од другите Германски тимови, тоа најчесто и им успева. Е сега Баерн е Баерн и оди по најдобрите играчи од конкурентите оти само тие можат да им помогнат, затоа и често се дешава клучните играчи од моменталните конкуренти на Баерн да се селат во Минхен. Од Дортмунд тоа беа Геце и Лева, од Леверкузен Лусио, Балак, Зе Роберто, Серџио, од Штутгарт Гомез и Елбер во времето, од Вердер Клозе, Баслер итн. и со тоа автоматски успешните клубови се враќаат назад во нивниот развој. Ова го кажувам неутрално и без напад, рационално е Баерн да го прави тоа, ем ефтино ќе се засили со играчи кои ја знаат лигата, ем ќе ослабне некој конкурент. Тоа ти е ко Мајкрософт во најдобрите времиња ко кушуваше секоја фирма која може да биде некој ден конкурент. Ја да бев фан на Баерн ќе очекував мојот клуб да го прави тоа за да ја задржи позицијата.

Друг проблем е и до финансиите. Со новиот тв-договор најслабиот тим во Англија ќе зема повеќе пари него Баерн во Германија. Германија има солидарен систем за делење на тв-парите и помалите тимови добиваат респектабилна сума. Не е како во Шпанија и мислам Италија, каде што големите тимови добиваат големи пари а малите многу помалце. Со тоа Бундеслигата ги зајакнува и помалите тимови. Во Италија примерот Парма покажува, дека помалите тимови работат на работ на егзистенцијата. Јасно дека под такви услови и квалитетот паѓа. Системот во Германија има ама еден проблем: Големите тимови не добиваат толку пари од тв-правата колку би им требало да оддржат силен тим. За да можеш да чуваш добар тим во Германија, потребни ти се парите од ЛШ. Е сега на сите големи тимови може да им се деси да не се пласираат во ЛШ, ама Баерн може без проблем да го чува тимот но Вердер на пример не. Ако Вердер не оди во ЛШ, мора да продаде играчи. Тоа и се деси. Истото е со другите тимови. Едино Дортмунд и можеби Шалке можат една година без ЛШ да издржат, ама две години по ред без ЛШ и за тие клубови би значело да морат да продадат играчи. Затоа и нема стабилност во врвот на Германија посебно што пред некоја година само 2 плус 1 клубови можеа да се пласираат во ЛШ.

Али пак ќе речам, тоа што нема стабилен врв не значи дека нема квалитет во Германија. Едино што редовно се менуваат тимовите горе во табелата, од кои причини и да се.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.392
Поени од реакции
86.789
Во Италија примерот Парма покажува, дека помалите тимови работат на работ на егзистенцијата.
На Парма не и беа финансиите проблем, туку менаџирањето на клубот. Пред некоја ден се дозна дека Парма имала над 200 играчи кои биле нивна сопственост, поточно што биле на еден или друг начин поврзани со клубот. Можеш да замислиш во колку гомна влезе тимот заради лошото менаџирање, а не заради финансиите. Мислам дека ситуацијата во Шпанија со помалите клубови е каде-каде посериозна кога станува збор за нивната егзистенција, дека таму најголемиот колач го јаде Барса и Реал, додека другите тимови ги земаат само трошките. Во Италија барем во тој план е колку-толку поизрамнета ситуацијата, па дури и тие тимовите што играат во Серија Б прилично добро се држат. Мислам дека ти стана барем појасно за Парма :)
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.511
Поени од реакции
22.153
На Парма не и беа финансиите проблем, туку менаџирањето на клубот. Пред некоја ден се дозна дека Парма имала над 200 играчи кои биле нивна сопственост, поточно што биле на еден или друг начин поврзани со клубот. Можеш да замислиш во колку гомна влезе тимот заради лошото менаџирање, а не заради финансиите. Мислам дека ситуацијата во Шпанија со помалите клубови е каде-каде посериозна кога станува збор за нивната егзистенција, дека таму најголемиот колач го јаде Барса и Реал, додека другите тимови ги земаат само трошките. Во Италија барем во тој план е колку-толку поизрамнета ситуацијата, па дури и тие тимовите што играат во Серија Б прилично добро се држат. Мислам дека ти стана барем појасно за Парма :)
Фала за објаснувањето, искрено не ми беше позната точната ситуација на Парма па мислев дека е до финансиите. Видов горе и табелата за тв-права и мислев дека е полоша ситуацијата ама ете и помалите тимови добиваат солидна сума. Само не знам како им се приходите на другите полиња, знам дека Германските тимови од спонзори и маркетинг имаат солидни приходи. Нормално, дека се принудени тие полиња да ги развиваат пошто нели кај тв-правата неможат ништо да прават.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.159
Поени од реакции
18.172
Ќе кажам нешто за што ќе ме нападнат Баварците, ама една причина за тоа што во Германија нема клубови рамни со Баерн е самиот Баерн. Значи Баерн е супериорен над сите, пред се финансиски и секако со репутација. Значи самата разлика со тим број 2 кој моментално сеуште (сеуште) е Дортмунд, е огромна. Да не мелам обврти, приходи итн. но само една бројка ќе спомнам: Дортмунд плаќа 80м ЕУР плати за тимот, Баерн 160-200м ЕУР, значи најмалку дупло. Ако Баерн Минхен сака да земе некој играч од другите Германски тимови, тоа најчесто и им успева. Е сега Баерн е Баерн и оди по најдобрите играчи од конкурентите оти само тие можат да им помогнат, затоа и често се дешава клучните играчи од моменталните конкуренти на Баерн да се селат во Минхен. Од Дортмунд тоа беа Геце и Лева, од Леверкузен Лусио, Балак, Зе Роберто, Серџио, од Штутгарт Гомез и Елбер во времето, од Вердер Клозе, Баслер итн. и со тоа автоматски успешните клубови се враќаат назад во нивниот развој. Ова го кажувам неутрално и без напад, рационално е Баерн да го прави тоа, ем ефтино ќе се засили со играчи кои ја знаат лигата, ем ќе ослабне некој конкурент. Тоа ти е ко Мајкрософт во најдобрите времиња ко кушуваше секоја фирма која може да биде некој ден конкурент. Ја да бев фан на Баерн ќе очекував мојот клуб да го прави тоа за да ја задржи позицијата.

Друг проблем е и до финансиите. Со новиот тв-договор најслабиот тим во Англија ќе зема повеќе пари него Баерн во Германија. Германија има солидарен систем за делење на тв-парите и помалите тимови добиваат респектабилна сума. Не е како во Шпанија и мислам Италија, каде што големите тимови добиваат големи пари а малите многу помалце. Со тоа Бундеслигата ги зајакнува и помалите тимови. Во Италија примерот Парма покажува, дека помалите тимови работат на работ на егзистенцијата. Јасно дека под такви услови и квалитетот паѓа. Системот во Германија има ама еден проблем: Големите тимови не добиваат толку пари од тв-правата колку би им требало да оддржат силен тим. За да можеш да чуваш добар тим во Германија, потребни ти се парите од ЛШ. Е сега на сите големи тимови може да им се деси да не се пласираат во ЛШ, ама Баерн може без проблем да го чува тимот но Вердер на пример не. Ако Вердер не оди во ЛШ, мора да продаде играчи. Тоа и се деси. Истото е со другите тимови. Едино Дортмунд и можеби Шалке можат една година без ЛШ да издржат, ама две години по ред без ЛШ и за тие клубови би значело да морат да продадат играчи. Затоа и нема стабилност во врвот на Германија посебно што пред некоја година само 2 плус 1 клубови можеа да се пласираат во ЛШ.

Али пак ќе речам, тоа што нема стабилен врв не значи дека нема квалитет во Германија. Едино што редовно се менуваат тимовите горе во табелата, од кои причини и да се.
Одлично имаш објаснето зошто Бундес не може да биде топ лига. Не негирам дека има квалитет, ама тој квалитет не е доволен за оваа лига да се рамни со другите лиги во нивните соодветни добри времиња. Тоа што редовно се менуваат тимовите во горниот дел на табелата освен еден, не е мала работа.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
абе тоа што игорче го објасни, сметам дека самите клубови во Германија си се виновни што ги продаваат најдобрите играчи на кункурентот (баерн) и тоа за мала сума.. Во Италија нема така, Виола по ниедна цена нема да продаде играч на Јуве (Јоветич, Квардадо...), Интер и Милан исто, и Јуве кон милан и интер исто, Интер кон Јуве (случајот Гуарин), Торино кон Јуве, Наполи кон останатите и ред други работи.. Е сега нормално дека има трансфери помеѓу овие клубови, но тоа се издишани играчи ко на пример Лусио на 50 години што дојде во Јуве од Интер, и остали играчи Бориело Матри и компанија просеци за без пари што си ги трампаат и очекуваат дека ќе заблескаат во нивни редови...
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.327
Поени од реакции
26.273
@Igorcemk тие играчи не ги посакувал само Баерн. Да не бил Баерн ќе се преселиле надвор од Германија. Едноставно проблемот е што се слаби финансиски и затоа не можат да ги задржат добрите играчи, а добиеш ли понуда од Баерн, Барса и Реал секако дека е тешко за тие клубови да ги задржат тие играчи па дури и да имаат многу пари.

Баерн во тоа време и неа беа финансиски јаки за да се борат за јаки играчи со клубовите од останатите лиги. Затоа и се купувало од бундес тимовите. Нели паметиш каква еуфорија се крена со тоа што го купија Рој Макај од Депортиво тогаш за 18 мил. евра. Зашто беше од друга лига каде што беше најдобар стрелец и за него се бореа топ тимови.

Еве летово најауктуелни на трансфер пазарот ќе бидат Погба и Верати. И што ако ПСЖ има пари да го задржат Верати кога ако некои заѕвонат од тие три клуба ќе биде готова работата.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom