Која е најдобра лига според вас?

Што мислете која е Најдобра Лига од наведнативе?

  • Премиер Лига

    Гласови: 229 48,2%
  • Примера Дивизија

    Гласови: 88 18,5%
  • Сериа А

    Гласови: 109 22,9%
  • Бундес Лига

    Гласови: 33 6,9%
  • Некоја друга што не е на Анкетава

    Гласови: 16 3,4%

  • Вкупно гласачи
    475
R

Roten 96

Гостин
Или ајде пуштете сега Евроспорт 2 и гледете го натпреварот помеќу Кајзеслаутерн и Баерн..супер натпревар со брзо темпо многу шанси и така натаму е тоа ми беше зборот преги италијанската лига е нула за Бундес.
 
Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Или ајде пуштете сега Евроспорт 2 и гледете го натпреварот помеќу Кајзеслаутерн и Баерн..супер натпревар со брзо темпо многу шанси и така натаму е тоа ми беше зборот преги италијанската лига е нула за Бундес.
Ако веќе така гледаш испаѓа дека бундес лигата најдобра.

Иначе според мене..
1. Премиер лига
2. Примера
3. Сериа А
4. Бундес

Првите две се далеку пред Сериа А и Бундес..

Искрено мене ми е поинтересно да гледам натпревар помеѓу средни тимови од Германија наместо од Италија.

Но во Италија има повеќе утакмици Милан-Интер-Рома-Јуве-Наполи-Лацио кои од време го носат епитетот дерби, затоа и ја ставам пред бундес лигата.
 
Може така зборувам бидејќи сум навивач на Баерн но нема врска тоа..јас ја пратам Бундеслигата и според мене е многу поефикасна од Сериа А.Во секој поглед и со тоа што Бундеслигата руши рекорди со голови и така натаму...поздрав :)
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.525
Поени од реакции
22.175
Ако веќе така гледаш испаѓа дека бундес лигата најдобра.

Иначе според мене..
1. Премиер лига
2. Примера
3. Сериа А
4. Бундес

Првите две се далеку пред Сериа А и Бундес..

Искрено мене ми е поинтересно да гледам натпревар помеѓу средни тимови од Германија наместо од Италија.

Но во Италија има повеќе утакмици Милан-Интер-Рома-Јуве-Наполи-Лацио кои од време го носат епитетот дерби, затоа и ја ставам пред бундес лигата.
Последниве години падна италијанската лига. Не дека нема јаки тимови ама сепак не е тоа што беше. Иначе и во Гермаинија има доста дерби-натпревари и пола лига се бори за горните места. Англиската и Германската лига се неизвесни до крај, во Шпанија има 2 тимови за прво а во Италија 2-3 и тоа е.
--- надополнето: Aug 27, 2011 5:22 PM ---

2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893

Епитет „дерби“ имаат и сите натпревари помеѓу Баерн, Шалке, Дортмунд, Леверкузен, Бремен и ХСВ, без разлика кој на кое место на табела се. Северно дерби (ХСВ и Вердер), рурско (меѓу Шалке и Дортмунд има чиста омраза), Баерн има големо ривалство со секоја од овие...

Има и „средни“ екипи кои секогаш играат добри натпревари: Штутгарт, Волфсбург на пример. Нирнберг, Лаутерн и Гладбах се исто екипи со традиција но не се константни во прва лига дене. Гледам дека Хановер и Маинц покажуваат некаква константност па веројатно ќе си најдат некое место на средина во наредно сезони.
 
Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.477
Поени од реакции
10.206
Премиер Лига
Бундес
Сериа А
......
Шпнаската е на последно место зошто има само 2 екипи ;)
 
Член од
5 октомври 2010
Мислења
976
Поени од реакции
308
Значи и германска и италијанска се подобри од шпанска лига? :):)
Тоа е само мое мислење бидејќи во Шпанија играат само 2 екипи и се се знае од почеток, кога ќе почнат Севилја, Валенсија, Виљареал или Атлетико Мадрид да освојуваат титули, тогаш ќе размислам како ќе се определам повторно, но за сега Премиер Лига,Бундес Лига и Серија ми прават голем мерак.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.910
Поени од реакции
1.552
Моментално:
1. Премиер
2. Примера
3. Сериа А
4. Бундеслига
А, кога јас почнував да глеам фудбал:
1. Сериа А
2. Примера
3. Премиер
4. Бундеслига
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Небо земја се у квалитет, Сериа А би можела да биде втора лига на Примера, Наполи се бори за титула таму, и после губи 5-0 од Барса, нема смисла :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom