Најдобрата работа во РМ е работа кај близок Роднина...И тоа со основно образование или евентуално 3 години средно со просек (2,22)...
2-3 часа Работно време (клати врата земај плата), солење памет на сите други којшто се НЕРОДНИНИ на Газдата, и постојано лечење комплекси и фрустрации на нив...
Плата 400-500 евра...
Ова е проблемот у општеството, југословенскиот лежерен и мрзлив стил на размислување се провлекува и 20 и кусур години по умирањето на таа квази држава, ама менталитетот е уште тука..... многу се чести овие муабети и многу ми се гади од истите! Никој (од ваквите) не се труди да постигне нешто у животот, туку повеќе да може да се шлепа некако, да го пушти мозокот на пасење, што ќе ти е мозок ако имаш плата од 400 евра, нели? Мислиш дека е многу 400 евра? Размисли уште еднаш!
Башка и не ти е апла југословенсково размислување, затоа што чим роднината ја држи фирмата, значи имаш и капиталистички елементи, ова твоево би требало да важи за у државна фирма, ама таму ќе ти се растури цел концепт што иде понатаму, а и нема многу државни фирми у мк.
-----------------------------
У врска со темава, сметам дека најдобра работа во македонија, што ми паѓа во моментов на памет е да бидеш по некоја струка вешт специјалист, од типот (доктор-специјалист) и да си отвориш приватна ординација или градежник - приватно биро, правник - канцеларија... тоа е работата добра, сам себе газда, кадарен, обучен, ако немаш проблеми со урбаната мафија би требало да биде супер.