Deteto koga se ragja ne znae za Bog i religiite sto se vo svetot, vo taa smisla toa e ateist. Ateist e covek koj ne veruva vo Bog, no ima verba vo sebe i iima nekoi svoi veruvanja. Primerot so roditelite ne e dobar zasto verbata vo niv i verata vo Bog ne e isto.
Kako i da e, najgolemiot broj na vernici se onie vernici od strav, i toa ne mozes da go poreknes, dovolno e samo da zboruvas so random lugje na ulica i postavi im prasanje zosto veruvaat vo Bog i dali moze da se odrecat od nego ako se vernici.
Ako pravime muabet za vera, togas sekoj individualno moze da si veruva vo sto saka, i toa da go napravi podobar covek, znaci tuka treba sekoj sam da si go najdi patot (osven ako ne mu e ispran mozokot sekako), no prasanjeto bese i koja e vistinskata religija. Jas bi rekol vo denesno vreme nema takva, site lazat za profit, i ne biraat sredstva da stignat do sto povekje vernici. Ete zatoa jas sum ateist, ne veruvam deka koj i da e Bog od bilo koja religija postoi, odnosno e pravilno prikazan od soodvetnata religija.
Sum cital od Biblijata i po malku od Koranot, i sekako deka ima poucni raboti, no dokolku go baram Bog (kakov i da e) definitivno nema da go baram vo tie religiski knigi.
A moze da kazes na koja religija pripagjas ti?
Верба и вера не се една иста работа. Верба повеќе би го идентификувала како доверба, а вера е цврсто да веруваш во нешта кои во моментот не ги гледаш но си уверен во нивното постоење. Секако, не зборувам за перење мозок. Јас лично многу ја барав смислата на човековото постоење. Татко ми беше комунист и атеист. Баба ми ме носеше по цркви и манастири и лично, уште од дете не сум се наоѓала себеси таму. Сум видела сешто во животот. Сум отишла кај гледачки, бајачки, надрилекари, дури и кај оџа... не да ги користам нивните услуги, туку да да го најдам тоа што го барам. Трето око и Арка ми беа омилените списанија со години. Сум пробала да практикувам будизам/ хиндуизам, читав за кабалата, ме привлекуваше и окултното. Имам пробано хипноза, верував во реинкарнација, астрална проекција, дури и бев поборник за феминизам и полигамија, слободни бракови и слободна хомосексуална ориентација. Кога и да слушнев нешто ново, одев да научам повеќе. Никогаш не сум поверувала во ништо што ми кажале другите, секогаш сум истражувала сама да го проверам тоа што сум го чула. Но едно со сигурност можам да кажам - ништо од тоа не ме направи подобар човек.
Вистинска религија???? Се согласувам со тебе дека нема ништо чисто, се е за профит. И затоа пак тврдам дека секој треба да открие сам. Но не си во право кога викаш дека не би го барал Бог во „религиозните“ книги. Ако Коранот е основата за Исламот, треба да го барам муслиманскиот бог во таа книга. А дали ќе го најдам е сосема друга работа. Не може христијанскиот бог да го барам во Ведантата или не знам во филозофијата! Христијанската религија се темели на Библијата, тоа е основата, сакал или не, признал или не! А она што луѓе го искривувале со векови за профит, моќ или слава е друга приказна!
Инаку, многу ми е глупаво да се изјаснам како припадник на христијанската религија. За мене зборот религија има само по себе некое навредливо значење. Повеќе би рекла дека сум христијанка, не припаѓам на религија туку на Богот во кој верувам. На Христос.