Уаааааууууу!...Сепак врти сучи - сите одат во лудило ако не се православни христијани... и тие сеуште постојат бидејќи ја имаат вистината
Кога веќе спомнавте сарказам, па и јас да се пробам
Жени каде што се поставени да се над мажите и да управуваат со фирми, не ги бидува по се изгледа, според одредени православни момци кои се плашат жената да е успешна и да им кажува на мажите што и кога да сработат за да ефективно се заврши работата...
Луѓе кои не живеат со жена - не ги слушајте за ништо во однос на животот! Тие зборуваат за смртта и за минливоста и непотребноста од човечкото месо и крв на Земјата!
Бегајте колку ве држат нозете од такви луѓе кои проповедаат такви ствари!
Се додека жената не се постави за свештеничка, бегајте од тие религии - толку е едноставно... ставете пепел на сите други проповеди и разводенување на реалноста... тие религии нудат поделба, моето па моето, сите други сте казнети, ако треба и јас ќе ве казнам - вреска верникот и свештеникот...
Тивко, полека, барајте си чарето инаку, тешко нам и тешко вам и тешко на Земјата која ја газиме...![]()
Младиќу, најнапред посочи од кој светоглед ги толкуваш рабојќето.
Тоа што има жени на одредени високи позиции е чисто атеистичко-безбожничко-овосветовно гредање, а Црковното е сосема поинакво и јасно е ка‘ ден дека не го познаваш.
Ако во верата и Црквата, и на мажите и на жените им е точно одредено „што и како„, тоа не е одлука од смртен човек, туку спроведување на волјата Божја во реалното живеење.
Да, може и поинаку, ама тоа „може„ е надвор од Црквата и без Бог.