Која банка е најдобра? (ваши искуства со банки)

Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.623
Поени од реакции
18.098
Oва мислам дека се електронски системи за наплата добри се за бизнис. Може да се почнат полесно мали бизниси од етрговија и услуги. Особено увоз-извоз.
Па и преку банка можеш да платиш онлајн. Ако преку НЛБ ми е бесплатно по трансакција зошто би плаќал провизии преку друга фирма/институција? Имам управувачки провизии за сметки само, кои ми стигаат на месечно ниво. Овдека се збори за подмирување на тековни трошкови. Секое претпријатие на нивните мобилни и веб апликации си има имплементирано плаќање онлајн, зошто би користел посредник? Во целава ситуација проблем е тоа што на пример ако отидеш на шалтер и сакаш да смениш 1000 евра во денари, ќе ти земат 1000 денари провизија од кур ќеиф, ако користиш е-банкинг не ти земаат ништо. Исто и со плаќање на сметка на уплатница во банка, се зема провизија, онлајн не земаат провизија.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974

Има системи за уште полесни меѓународни и локални инстантни плаќања кој се универзални. Тие ќе олеснат трансакции меѓу личности и бизниси. Ќе има бум во ебизнисот сега.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.623
Поени од реакции
18.098
Има системи за уште полесни меѓународни и локални инстантни плаќања кој се универзални. Тие ќе олеснат трансакции меѓу личности и бизниси. Ќе има бум во ебизнисот сега.
Епа има де, има глобални payment gateways и сега колку што ми е познато кои можеш да си ги имплементираш на твоја апликација. Има и македонски - Casys. Stripe кој е можеби најпознат глобално, можеби и не е достапен тука мислам, ама има други.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Епа има де, има глобални payment gateways и сега колку што ми е познато кои можеш да си ги имплементираш на твоја апликација. Има и македонски - Casys. Stripe кој е можеби најпознат глобално, можеби и не е достапен тука мислам, ама има други.
Епа сега ќе има повеќе во МК и со повеќе услуги. Ги нема популарните сервиси и многу услуги не се достапни за бизнис. Нема добар сервис за примање и праќање трансакции инстантно меѓу граѓаните. Банките нудат лоши услуги и не работат нивните апликации 24/7. Бавни и сложени системи имаат. Многу бизнис неможе легално да функционираат поради овие закони.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.711
Поени од реакции
6.879
Рокот на двете мои картички истекува во Март, оваа година. Денес сакав да ја активирам и да подигнам средства од новата дебитна картичка. Банкоматот ми ја собра, ми викаат од банката да не се секирам и да пријавам и во матичната експозитура. Во меѓувреме добивам порака дека таму ќе си ја подигнам и кредитната картичка. Пријавувам за дебитната и ја добивам кредитната картичка. За да добијам ПИН за неа, праќам код на посочениот број. Пин не добивам. И тоа го пријавувам, ќе ме известеле. Излегувам од банка без ниедна картичка. Ми се јавуваат, за таа со ПИН-от, била техничка грешка, ќе го добијам најдоцна до понеделник. Одземената картичка не знаат кога ќе ја добијам, не знаат на колку време се празни и полни банкоматот.
Ова се случува во Шпаркасе банка. Се јавувам кај пријател, да ме посоветува каде да прејдам. Ми вели, секаде има такви организациски пропусти.
Се извинувам за офтопиков, темата е за најдобра банка
 
Член од
16 април 2023
Мислења
3
Поени од реакции
3
Најзадоволна сум од Комерцијална банка, само имаат големи гужви :mad:
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
756
Поени од реакции
358
Да не прераскажувам еве го мојот мејл до Стопанска банка и нивниот одговор.
Не ми е јасно дали беше стварно грешка или пробаат да ми наплатат за нова картичка.

Почитувани,
По SMS добив од вас порака дека во Октомври истекува важноста на мојата дебитна картичка и дека ќе ми пратите нова.
Веројатно имате некаква грешка затоа што мојата картичка истекува во 2026,
Ве молам проверете уште еднаш.

Почитувани,
По направените проверки во системот на Банката, Ве информираме дека можете да ја игнорирате пораката која е испратена до Вас. Како што наведовте, картичката е со важност до 2026.
Со почит,
____________________________________________________________
Контакт центар
Стопанска банка АД Скопје
 
Член од
24 септември 2016
Мислења
503
Поени од реакции
693

Mozda po greska e staven kaj nekoj profil tvojot telefonski broj i porakata e pratena do tebe.
 
Член од
9 јануари 2010
Мислења
86
Поени од реакции
51
Otprilika za kolku vreme Stopanska gi procesira baranjata za kredit ? Na stranata im pishuva odobruvanje za polovina chas no skoro 2 dena nemam odgovor.
 
Ф

Флеш

Гостин
Otprilika za kolku vreme Stopanska gi procesira baranjata za kredit ? Na stranata im pishuva odobruvanje za polovina chas no skoro 2 dena nemam odgovor.
Зборам за искуство пред 4 години, мене ми требаше 4 работни дена,ако сметаме шо требаше уште нешо да им однесам околу 5 дена се на се .

Слично имав и со Тутунска,околу 7 дена. Имај трпение само . Ќе биде ако си стабилен позадински со историја
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
756
Поени од реакции
358

Граѓаните од денеска можат на брз и едноставен начин да направат споредба на надоместоците за платежните услуги кај банките преку веб – страницата на Народната банка на Република Северна Македонија, преку користење на алатката „Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги“.

– Зголемената транспарентност и споредливост на услугите се најзначајните придобивки и новини кои за граѓаните ги донесе Законот за платежни услуги и платни системи. Со обврската за примена на стандардизирани термини и опфат за најрепрезентативните, односно најчесто користените платежни услуги од страна на банките и нивно редовно доставување до Народната банка за објавување, ќе им се овозможи на граѓаните брзо и лесно да ги споредат понудите и надоместоците за услугите поврзани со платежните сметки, информираат од Народната банка.

На веб страницата на Народната банка се објавени податоците по поединечна банка за видот и висината на надоместоците што ги пресметуваат и наплаќаат за секоја од услугите што се определени како најрепрезентативни за потрошувачите.

Давателите на платежните услуги, се вели во соопштението, самостојно ги утврдуваат надоместоците и се одговорни за точноста на доставените податоци за објавување од Народната банка. Со цел корисниците на платежни услуги да можат да располагаат со ажурни и соодветни информации, банките имаат обврска истите да ги ажурираат при секоја промена на надоместоците.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Која банка не наплаќа месечно водење за сметка која мирувала? За фирма прашувам.
 
Член од
24 септември 2016
Мислења
503
Поени од реакции
693
Komercijalna Banka ako nemas priliv i odliv vo tekoven mesec, ne ti zema provizija. Bilo za fizicki lica bilo za pravni.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Сметката ја доведоа во минус, цела година без никаква активност, срамота е тоа што го прават банките. :(
И во Халк и во битолската Стопанска ми се случи истото
 
Kajgana Shop

На врв Bottom