Која банка е најдобра? (ваши искуства со банки)

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Како бе 23.000 плата на шалтер?

Sent from my phone using Tapatalk
Па колку треба да зимаат, 80.000? Дали во ЈСП, фаст фуд или банка, шалтер си е шалтер - никаква работна ширина немаат обврските, ниту пак на било кој начин може да придонесат за поголем профит на компанијата. Со тоа, нема ни можност да добијат бонус / повисока плата. Едноставно, извршуваат исти 3 задачи по цел ден.

Од друга страна, не разбирам зошто не сакаат за тие пари (основна плата) да влезат како продавачи во мобилен оператор на пример, каде цело време има активни огласи. Таму, со бонуси за фатен таргет, може и до 2-3 пати повисоки примања да остварат.

Ама ваљда уште од бабинско време останало дека "работа во банка" е нешто вау :pos:
 
Член од
7 јануари 2015
Мислења
907
Поени од реакции
588

Многу поголем опсег на работи има на шалтер во банка отколку во мобилен оператор

Sent from my phone using Tapatalk
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.000
Поени од реакции
4.148
И многу поголема одговорност ама тоа што е.
Кога бев на студентска пракса пред едно 6-7год во Шпаркасе зимаа 18к, а не можеа воздух да земат од пензионери со кој не можеш да се разбереш. Истата плата тогаш ја зимав и како келнер во еден утепан кафич, а имаш и бакшиш таму. Ќе ти ебам и банки и се, подобро во малска продавница ќе работам.

Ни тие што не се на шалтер не се подобри. Другар не мрдна од 22к во Халк со години, а беше на поголема позиција во централа. Си замина и си почна свој бизнис.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Многу поголем опсег на работи има на шалтер во банка отколку во мобилен оператор

Sent from my phone using Tapatalk
Аха, се гледа по услугите на шалтер кои се немаат сменето 400 години и по тоа што буквално 90% од новите шалтерски работници во банка се деца.

Во трафика има повеќе работа и одговорност отколку на шалтер во банка, таму пазиш и да не те украдат, тука друг те пази.
 
Член од
16 октомври 2021
Мислења
357
Поени од реакции
708
Како бе 23.000 плата на шалтер?
Толку е во грото од банките кај нас, евентуално во комерцијална банка, стопанска банка и шпаркасе може да е 25.000 денари почетна плата за на шалтер. Муабетот ми е дека се тепаат луѓето за таква себе-катастрофална позиција која ништо не им ветува да научат повеќе на долг рок и да се подобрат, а со тоа и да донесат профит/нови клиенти во компанијата. Да не зборам за тоа дека платата им останува фиксна со години. Ацид убаво напиша, подобро таквите да се вработат како продавачи во телефонски оператор, барем ќе имаат можност да научат некоја софт вештина, како на пример продажба што ќе им овозможи поголеми бонуси во иднина. Ама заеби ти инвестирање во себе и учење некои таму бескорисни вештини, банка си е банка кога ќе кажеш кај работиш.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
Многу поголем опсег на работи има на шалтер во банка отколку во мобилен оператор

Sent from my phone using Tapatalk
Најосновното го работат: издавање пари или примање пари ако уплаќаш.
Доаѓам со покомплицирано барање (уплата во странство, на пример) и само еден од тројцата на шалтер знаат што треба да сторат. Чекав на погрешна линија, кога дојдов на ред, дечкото вика, ова кај колешката.
Толку од опсегот на работа. :(
 
Член од
7 јануари 2015
Мислења
907
Поени од реакции
588
Па и на лекар ако идеш, за око нема кај инфектолог да идеш. Платен промет е друга служба, девизен трета, па кредити...тие први на удар се за сметки плаќање

Sent from my phone using Tapatalk
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Па колку треба да зимаат, 80.000? Дали во ЈСП, фаст фуд или банка, шалтер си е шалтер - никаква работна ширина немаат обврските, ниту пак на било кој начин може да придонесат за поголем профит на компанијата. Со тоа, нема ни можност да добијат бонус / повисока плата. Едноставно, извршуваат исти 3 задачи по цел ден.

Од друга страна, не разбирам зошто не сакаат за тие пари (основна плата) да влезат како продавачи во мобилен оператор на пример, каде цело време има активни огласи. Таму, со бонуси за фатен таргет, може и до 2-3 пати повисоки примања да остварат.

Ама ваљда уште од бабинско време останало дека "работа во банка" е нешто вау :pos:
Абе не се тие криви, државата е крива што остава толку големи квоти на тој факултет, што во државните институции им ги пополнува и тие места што се за нив со некомпетентен кадар, и што ја форсира политиката дека им треба факултет.

Реалноста е дека на Финансии (Финансиски менаџмент) и слични насоки на факултетите нема потреба за повеќе од 50тина студенти годишно, а ако ги земеш во обзир сигурно има барем 4-5 пати по толку (државен + приватни + дисперзирани). Додатно што за истите позиции аплицираат и од сите можни насоки на Економски, што сигурно не е испод 1000 души на ниво на држава.

Во цела држава имаме едвај 13 регистрирани банки од кои само 8 се поголемки, 2 штедилници, 1 полуфункционална берза, и една Клириншка куќа каде се влегува со вујко владика, или амин од Аљи, пензиски фонд и осигурувања, и фонд за осигурување на депозити.
За поголем дел од работните места во тие банки и финансиски институции веќе не ти ни требаат луѓе со економски, туку луѓе што разбираат анализи и поддршка на сервисите што ги нудат.
Во останатите државни институции прашање дали 10% од позициите за оваа професија се покриени од некој со соодветно образование.

Е затоа доаѓа муабетот дека работење во банка, на било која позиција, дечките го сметаат за престиж, а во суштина е тиња работа.

Уште поголем проблем е неписменоста на народот, ако знае да користи малку повеќе технологија повеќе од пола шалтери ќе бидат затворени, што е и добра околност, ќе ги куртулат да не си го трошат времето за ситна пара.

Тука за споредба не сум видел гужва на шалтер поради плаќање на сметки, подигање на пензии/плати, се е електронски, дури и депозитите се на клик во апликацијата од телефон/веб, и најчесто сите функционалности се бесплатни (или апла ретко некоја смешна сума од по 1-5 долари).

Во банка се имам појавено само 2 пати, отворање на сметка првиот пат (сите имаат и електронски, али ми беше на 50 метри плус дека странски државјанин е малку покомплицирана/побавна верификацијата на идентитетот), и вадење поголема сума на кеш од тоа што даваше банкоматот.
Првиот пат не ни ги видов шалтерите, си закажуваш на телефон термин, те носат во посебна соба, чекор по чекор ти помагаат да средиш се што треба (кориснички податоци за мобилна, веб апликација),ти ги верификуваат документите на лице место, и тоа е тоа. Тој што ми помагаше за процесот чисто се сомневам дека е и економист.

Она што со години го гледам како проблем, и го зборувам, е дека народот кај нас треба да се освести и да заборави на муабетот дека: ако има факултет некој му должи позиција, или уште побитно дека мора факултет за да има пристојна работа/примања.
Ако сакаме вистински да транзитираме кон капитализам треба да се ориентираат кон вештини и нивно усовршување до совршенство, автоматизации и зголемување на продуктивност, охрабрување за претприемништво и описменување на дечките како да менаџираат со средствата.
Се обложувам и дека најголем процент од тие што завршуваат на економски се финансиски неписмени. Да беа ќе бараа нешто што е скалабилно (ваљда постои како збор :D) и носи приходи, а не слугување и расправање со пензионери за минимална плата.
Автоматски споено мислење:

Најосновното го работат: издавање пари или примање пари ако уплаќаш.
Доаѓам со покомплицирано барање (уплата во странство, на пример) и само еден од тројцата на шалтер знаат што треба да сторат. Чекав на погрешна линија, кога дојдов на ред, дечкото вика, ова кај колешката.
Толку од опсегот на работа. :(
Ова со странство е циркус во македонските банки.
Прва ситуација НЛБ, ако плаќаш на шалтер провизијата е 0.5% + свифт, ако плаќаш преку мобилна 0.6% + свифт, на мали суми може не значи ништо, ама на големи и не е така за потценување. Наместо да форсираат луѓето да користат електронско банкарство за се можно, овие те тераат да одиш на шалтер.
Во Комерцијална банка, дури и тоа што го плаќаме преку фирма, мора да отиде некој физички и да им удри печат/потпис на лице место за да ја направат уплатата, се скапав молење да почнат да ми ги прифаќаат електронските печат и потпис, не сакаат да слушнат.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741
не знам за вас али ја радо би и ги доверил личните податоци на некоја тетка од 50 години него на некој што на фаца му пишува робија.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
Платен промет е друга служба, девизен трета, па кредити...тие први на удар се за сметки плаќање
Тоа што го барав на обичен шалтер се спроведува, не на посебни одделенија.
Ама од сите тројца што беа на смена (замисли три шалтери работеа во исто време), само едната знаела да го направи.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
755
Поени од реакции
356
Стопанска банка во ноември почна да гради нова управна зграда и веднаш воведе нова давачка - 35 ден месечно за користење на електронско банкарство.

Ова го добив на e-mail:

Во насока на поттикнување на клиентите кон зголемено користење на дигиталното банкарство (онлајн услугите поврзани со платежните сметки) оваа услуга досега беше ослободена од наплата на месечен надомест за користење. Сепак, имајќи ги во предвид континуираните и растечки инвестиции во технологија, системи, безбедност, сертификации и развој на нови услуги, оваа година СБ воведе минимлен износ на надомест за користње на оваа услуга (35 денари месечно) кој е наменет токму за покривање на растечките трошоците и инвестиции поврзани со дигиталните банкарски услуги.

Ве уверуваме дека овој месечен надомест (35 МКД) Банката реално го оправдува и во иднина ќе го потврди со дополнитени инвестиции во безбедноста и зголемените функционалности на своите дигитални банкарски услуги, за што во наредниот период ќе информираме во рамките на маркетинг активностите.

Веруваме дека како наш лојален клиент не сте запознаени со фактот што безмалку сите други банки многу години наназад го имаат овој месечен надомест во примена (на многу повисоко ниво од она што СБ го наплаќа), а истиот веќе е дел и од листата на најрепрезентативни банкарски услуги/надоместоци за кои Народна банка на својата веб страна од следната година ќе објавува компаративен преглед помеѓу банките.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
Какви ропаци, низ цела Европа е-банкарството е бесплатно, овие у 2023 наплаќаат за да провериш состојба на сметка преку апликација и да платиш некој режиски трошок. Бедни се...
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
Какви ропаци, низ цела Европа е-банкарството е бесплатно, овие у 2023 наплаќаат за да провериш состојба на сметка преку апликација и да платиш некој режиски трошок. Бедни се...
Не се бедни, напротив. А, дека се лопужани, тоа да, сите, до една! Доволно е да им се погледне во листата на услуги.
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.109
Поени од реакции
8.895
dali ima nekoj iskustvo so ova

za kolkav period, godini unazad, bankite gi cuvaat informaciite od platezni transakcii?

imame problem so zaostanat dolg od kiradzija od 2019ta navaki, posleden pat koga prasale vo banka za izvod od transakciska, im dale samo od 2022 navaki. za komercijalna banka.
 
Член од
24 септември 2016
Мислења
502
Поени од реакции
692
dali ima nekoj iskustvo so ova

za kolkav period, godini unazad, bankite gi cuvaat informaciite od platezni transakcii?

imame problem so zaostanat dolg od kiradzija od 2019ta navaki, posleden pat koga prasale vo banka za izvod od transakciska, im dale samo od 2022 navaki. za komercijalna banka.
Neka odi neka pobara pak od koj datum saka, mislam deka treba da mu davaat ili ima nekoja druga procedura za da se dava izvod postar od godina dena. Ne veruvam deka bankite ne cuvaat takvi podatoci, ako ne vo hartiena forma, barem elektronski bi trebalo.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom