Рокот на двете мои картички истекува во Март, оваа година. Денес сакав да ја активирам и да подигнам средства од новата дебитна картичка. Банкоматот ми ја собра, ми викаат од банката да не се секирам и да пријавам и во матичната експозитура. Во меѓувреме добивам порака дека таму ќе си ја подигнам и кредитната картичка. Пријавувам за дебитната и ја добивам кредитната картичка. За да добијам ПИН за неа, праќам код на посочениот број. Пин не добивам. И тоа го пријавувам, ќе ме известеле. Излегувам од банка без ниедна картичка. Ми се јавуваат, за таа со ПИН-от, била техничка грешка, ќе го добијам најдоцна до понеделник. Одземената картичка не знаат кога ќе ја добијам, не знаат на колку време се празни и полни банкоматот.
Ова се случува во Шпаркасе банка. Се јавувам кај пријател, да ме посоветува каде да прејдам. Ми вели, секаде има такви организациски пропусти.
Се извинувам за офтопиков, темата е за најдобра банка