Кошаркарска репрезентација на Македонија

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Мое мислење е Бо + 4 дрва = Бо + било кои наши репрезентативци = Бо сам против сите
Ако остане Бо ич не ми чуе за Гече Мече Перо Ждеро или било кој....Си го имаме Самарџисиус и Кирилчо и кланот Стојановски и верувам дека уопште никој нема да фали.....
Па на крај краева и Бо да си замине Врба ни е тука да ни најде некој...
И убеден сум дека во кошарка имаме доволно идни таленти кои можат да ја носат оваа нација на многу европски првенства....
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
На ЕП во Словенија без најискусните?

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71012108577&id=21&prilog=0&setIzdanie=22626


Гечевски уште пред квалификациите за ЛОИ најави пензионирање, а неизвесен е настапот и на Илиевски, Мекејлеб, па и на капитенот Перо Антиќ, како и на Чековски


Гечевски и Мекејлеб ќе се збогуваат од македонската репрезентација?
По неуспехот на македонските кошаркари во Каракас можна е смена на генерации
Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да се пласира на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лондон, со што кошаркарите не го оживеаја сонот за настап на најмасовната спортска манифестација.

Историската шанса ја имавме, не успеавме да ја искористиме, но сега мора да се оди понатаму. Пред нас е уште едно големо натпреварување, ЕП во Словенија е речиси за една година, на кое Македонија треба да го брани четвртото место освоено во Литванија. Останува да видиме дали играчкиот кадар ќе остане ист, дали ќе има промени, особено откако ветеранот Тодор Гечевски (35) најави повлекување од националниот тим, по настапот на овие квалификации. Не се знае ниту ситуацијата со Владо Илиевски (32), кој би можел да им ја препушти лидерската палка на помладите, но сѐ уште јавно не се изјаснил, а слична е ситуацијата и со Ѓорѓи Чековски (33). Неизвесна е и одлуката на капитенот Перо Антиќ (30), кој е во полна кошаркарска зрелост и има уште многу што да покаже на паркетот, но има шпекулации дека би можел да се откаже од националниот дрес, особено по критиките што ги доби пролетоска поради некои негови контроверзни изјави во дресот на Олимпијакос.

- Не би сакал да коментирам конкретно за играчкиот кадар и за настапите на националниот тим, за да не бидам погрешно сфатен, но мислам дека нѐ очекува есен полна со турбуленции - оценува Александар Тодоров, тренерот на МЗТ Скопје.

На повидок е можен трансфер на нашиот најистакнат кошаркар Лестер Бо Мекејлеб од Монтепаски, а се споменува и заминување во НБА-лигата. Доколку Мекејлеб замине во некој европски клуб, најверојатно ќе ги продолжи настапите во националниот тим, но доколку замине во НБА, речиси сигурно ќе ги прекине настапите за Македонија. Доколку покрај него се повлече и Илиевски, останува отворено прашањето за нивните наследници на бековската позиција.

- Илиевски и Мекејлеб се одличен тандем, би рекол и најдобар на бековските позиции. Во моментов не гледам адекватна замена за овие двајца, но за две-три години сигурно дека имаме наследници во двајцата талентирани млади кошаркари Кристијан Николов, кој настапува за младиот тим на турски Галатасарај, и Андреј Магдевски од белградски Партизан, кои, пак, како тандем одлично функционираат во составот на селекцијата до 16 години - изјави Тодоров.

Македонија од секогаш важела за брза репрезентација, со одлични плејмејкери и бекови-поентери, а имавме дефицит од играчи на центарски позиции, па беа ангажирани странски играчи како Кенион Џонс, Рајан Стак, Џеремаја Мејси. Во моментов се наоѓаме во сосема спротивна ситуација, во која се ангажираат бекови како што е брилијантниот Мекејлеб, Маркиз Грин, Дариус Вашингтон.

- Уште од времето кога свое заминување од репрезентацијата најавуваа Наумоски, па потоа и Стефанов, се зборува за некој дефицит на бековските позиции. Но факт е дека Македонија имала и ќе има замена за играчи на сите позиции, па гледате и самите дека имаме одлични играчи на сите позиции, кои и го направија историскиот успех на ЕП во Литванија. Имаме и одлични таленти што допрва доаѓаат, само треба правилно да се одбере моментот кога тие ќе се вклучат во сениорскиот состав и секако дека е потребен и макотрпен ангажман и на тренерскиот кадар за целиот тој процес, кој нималку не е лесен - вели Тодоров.

МОЕ МИСЛЕЊЕ!!!
нека си одат сите овие гореспоемнати, освен бо!!! во текстот ако некој го мрзи да чита пишува дека бо ако не замини во нба, пак ќе игра за македонија. плус, на пријателските без овие 4 играчи игравме супер, младите се покажаа, е сега ако има некој муда (САМО ЛАЗОВСКИ НЕ), да им даде шанса и на најмладите, ова ЕП ќе биди идеална можност тие да стекнат искуство и да бидат лидери на репрезентацијата во наредните 10-15 години.
за илиевски само би ми било жал ако замини, а за антиќ НЕ!!! човекот повеќе ио штети на репрезентацијата, отколку шо имаме корист, така да, нека крши гла!!! САМО НОВ АСОЛЕН СЕЛЕКТОР НИ ТРЕБА И ТОП СМЕ!!!
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Само јас неможам да сфатам зошто 90% од новинарите го сметаат турнирот во Каракас за неуспех на репрезентацијата?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Само јас неможам да сфатам зошто 90% од новинарите го сметаат турнирот во Каракас за неуспех на репрезентацијата?
Натпреварот со Доминикана беше неуспех. Реално. Од 20+ да прокоцкаш шанса и да отидеш у бестрага е неуспех. Друго ќе беше да ја победевме Доминикана, па да изгубевме после од Литванија или кој и да беше после на ред... Едноставно е неверојатно.

Како и да е, не заслужија плукање, наши дечки се, златни, ама дека боли, боли...

Иначе Бо ако си отиде, тоа ќе биде удар, може тука да се правиме дека Врба ќе најде друг, ама како Бо тешко дека ќе најде... А Перо ич не ми е логично зашто би се повлекол... Не ми е он некако тип шо се замара за Петко, Станко и шо тие кажале...
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
и да си заминат сите овие, не е страшно, освен за бо!!!
наместо илиески би играл стојаноски
немаесто гече кире
немасто чекоски-гуроски
е сега ќе имаме дефицит кај високите играчи со антиќ, ама сигурно има некој 18-19 гдоишен млад играч кој може да направи прогрес во наредните 2-3 години.

претходно пишав, ама морам пак, МИЦОВ ДА ГО УБЕДИМЕ, ТОП СМЕ!!! србиве не го земаат, па ако ние успејме ќе бидиме на коњ со него!!!И СЕЛЕКТОР НОВ НИ ТРЕБААААААААААААА. АСОЕЛН НЕКОЈ. НЕ КАМЕН КО ОВАЈ!!! :tapp: со новиот младиве би напреднале!
 
M

MrzaRules

Гостин
И сега другиве медиуми и весници се осврнаа на пишувањето на плус инфо. Па добро бе, шо корист ако изедат гомна за репрезентацијата, ѓо мислат дека ќе постигнат. Да, веста ќе им ја прочитаат 500, 1000, 5000 луѓе и шо после, шо кога ќе се прочита дека јадат гомна, нема да ги отворам пак итн итн..
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
и да си заминат сите овие, не е страшно, освен за бо!!!
наместо илиески би играл стојаноски
немаесто гече кире
немасто чекоски-гуроски
е сега ќе имаме дефицит кај високите играчи со антиќ, ама сигурно има некој 18-19 гдоишен млад играч кој може да направи прогрес во наредните 2-3 години.

претходно пишав, ама морам пак, МИЦОВ ДА ГО УБЕДИМЕ, ТОП СМЕ!!! србиве не го земаат, па ако ние успејме ќе бидиме на коњ со него!!!И СЕЛЕКТОР НОВ НИ ТРЕБААААААААААААА. АСОЕЛН НЕКОЈ. НЕ КАМЕН КО ОВАЈ!!! :tapp: со новиот младиве би напреднале!
Мицов е лајно се бунеше по српски медиуми како Дуда измислувал дека е повреден само да не го стави на поширок список на репрезентација,а он бил во топ форма па овој му се извинуваше јавно на прес конференција заради направената грешка за вчера да даде изјава како ќе морал да иде на операција на коленото и да се концетрира на припремите за настап во ЦСКА следната сезона.

Од тие погоре само Илиевски да остане 100% и евентуално Бо би било супер ако не игра Бо тогаш го имаме Грин и ќе имаме 2 ца организатори на игра + Самарџиски кој станува се подобар и подобар ако има кој да го храни може он да ни стане главен адут.. Гечевски како замена го има Кире а место Чеховски Трајковски место четврт висок играч може да се земе некој шутер како Огнен и имаме тим барем за во Словенија.Со Кире и Трајковски имаме 2 ца скокачи кој + знаат и да шутнат од 3.Со брзо движење на топката благодарение на Илиевски и Грин + човек во рекет кој ако добие топка ќе поентира ( Самарџиски ) и 2 ца високи на линија за 3 кој може во секој момент да шутнат или да направат скок би имале солидна репрезентација против која не би можела да се игра планска одбрана зошто би можеле да се заканиме од секоја позиција,Секако тука се и 3ца браќа кои секогаш знаат да дадат тројка Огнен/Војдан/Дамјан од кој првите 2 ца се и доста добри шутери особено првиот.

Плус во Словенија работата ни е многу олеснета зошто сме лидери на група.Шансите да поминеме група се многу големи а и до четврт да стигнеме се пак солидни макар и како четврта репрезентација.Со подмладен тим не би можеле да се надеваме повторна за пласман во полуфинале уште едно 4 години додека не добијат на искуство ( освен ако не не стрефи некоја среќа ) али би можеле да се надеваме барем да се пласираат на следното Светско.
 
М

Мартин`

Гостин
ТМРО: Мекејлеб да добие државно признание и стан во Скопје

ТМРО ја повикува македонската влада да донесе одлука за оддавање посебно признание за државни заслуги на натурализираниот македонски кошаркар Лестер Бо Мекејлеб, како посебна благодарност за залагањето и играњето во дресот на македонската репрезентација. -Македонската држава треба да покаже достоинствен сенс и барем со некој потег, како доделување на државен стан во Скопје, да му овозможи на овој човек да се чувствува како во своја земја, што сигурно ќе значи и негова приврзаност кон земјава со посети и надвор од кошаркарските обврски. Мекејлеб со својот однос кон македонскиот национален дрес и несомнениот придонес за македонската држава како нејзин спортски амбасадор тоа го заслужи, а наша морална доблест е мал гест на внимание, за кој сигурен сум ќе има национален консензус, истакна во писмото претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.

После и една жена од Македонија па деца и обезбедени сме на кошаркарски план :pos:
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Кошаркарска репрезентација на Македонија ..... Не би постоела без Бо. Не знам кој подобро ја има претставено државава од него.

После сето ова што се случи со кошаркава од вклучувањето и на Бо наваму, мислам дека Владата на Република Македонија ако не земе да дигне еден споменик во негова чест, за неговиот придонес во македонската кошарка, дека слободно можат да идат у три лепе пичке си материне. И така дигнаа споменици од никаква причина во чест и на луѓе кои не сум сигурен каков придонес дале за Македонија а и некои за кои прв пат слушам (blame my history teacher), ова барем ќе има смисла.

Крајно сериозен сум.
 
А

Анноун

Гостин
Вакви гомна како плусинфо и фокус ако не изедат лајна , кој друг ?!
Сега ќе им се дигне читаноста за 100 посто , како не . Ти ибам неквалитетните срања низ државата што ги има .

Овој тим НЕ СМЕЕ да се растури до европското до Словенија . Може Гечевски и Чековски да се повлечат , но Антиќ и Илиевски мора да се убедат да го изиграат уште ова европско . А знам дека и тие знаат дека можеме да загриземе уште еднаш . За Бо не праам муабет , без него - пиши пропало.

После европското нека се повлекуваат слободно , време ќе е за промени . Мене слаба Македонија во Словенија не ми се гледа !
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Незнам кај читав, пишуеше ако се растури екипата, т.е ако и Антиќ и Илиевски напуштат ондак и Бо ќе се повлекол. Што до негде е и логична одлука.
По мене Антиќ може да игра уште 3 години сигурно. Само некој неписмен може да каже дека не ни е потребен. Каква одбрана му играше на Хорфорд :cuc: У џеб го стави. Да не беа глупите лични што ги напраи, и што му беа судени сигурен сум дека од 6-7 поени нагоре немаше да мрдне ѕвездата. Ма да и онака не даде многу, 14 поена едвај. Илиевски сигурно може да одигра уште 1, максимум 2 сезони на високо ниво. На Гечевски му пројде времето, Чековски не ни бил некад репрезентативен калибар ама ај, и за него ќе кажам дека му пројде времето :icon_mrgr:
Така да ова ќе биде доста битен период, и доста важни одлуки што ќе ги донесат играчите за иднината на Мак репрезентацијата. Се надевам и стручниот штаб и мизерната федерација ќе успеат да ги убедат да продолжат да играат.

Ма да сите овие муабети сега за сега се само на ниво на шпекулација, ма да тоа што никој ништо не изјавува не тера да мислиме дека се вистинити.....
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Незнам кај читав, пишуеше ако се растури екипата, т.е ако и Антиќ и Илиевски напуштат ондак и Бо ќе се повлекол. Што до негде е и логична одлука.
По мене Антиќ може да игра уште 3 години сигурно. Само некој неписмен може да каже дека не ни е потребен. Каква одбрана му играше на Хорфорд :cuc: У џеб го стави.
Извини, за истиот Антиќ збориме? Тој треба да се откаже од кариерата и да земе нешто да работи каде лушево нема да го гледаат ич на улица. После фијасково, он не заслужува да биде наречен кошаркар. Еден ебан кош последниов таканаречен меч - ма дај не ме подјебавај, три години молим те!?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Кошаркарска репрезентација на Македонија ..... Не би постоела без Бо. Не знам кој подобро ја има претставено државава од него.

После сето ова што се случи со кошаркава од вклучувањето и на Бо наваму, мислам дека Владата на Република Македонија ако не земе да дигне еден споменик во негова чест, за неговиот придонес во македонската кошарка, дека слободно можат да идат у три лепе пичке си материне. И така дигнаа споменици од никаква причина во чест и на луѓе кои не сум сигурен каков придонес дале за Македонија а и некои за кои прв пат слушам (blame my history teacher), ова барем ќе има смисла.

Крајно сериозен сум.
Споменик да кренат тешко, туку без него и другиве сега сме рамни на Бугарија и Романија додуша и ни треба пошто со вакво работење ќе имаме долга пауза пред да излезат квалитетни играчи. Сите гледаат прва репрезентација, младинските репрезентации се дно и после оди барај играчи.
 

mhm

Член од
14 февруари 2011
Мислења
19
Поени од реакции
7
Извини, за истиот Антиќ збориме? Тој треба да се откаже од кариерата и да земе нешто да работи каде лушево нема да го гледаат ич на улица. После фијасково, он не заслужува да биде наречен кошаркар. Еден ебан кош последниов таканаречен меч - ма дај не ме подјебавај, три години молим те!?
Абе другар ако не се разбираш во кошарка(не дека и јас сум некој експерт) не коментирај. Кошаркарот покрај задачата да постигнува поени треба да игра и одбрана, а Перо на овој меч одигра одлична одбрана против Хорфорд( иако направи неколку глупави лични грешки). Стварно незнам што имате толку против човеков ама никако не смеете да зборите дека не се залага и дека не игра добри партии во македонскиот дрес.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Извини, за истиот Антиќ збориме? Тој треба да се откаже од кариерата и да земе нешто да работи каде лушево нема да го гледаат ич на улица. После фијасково, он не заслужува да биде наречен кошаркар. Еден ебан кош последниов таканаречен меч - ма дај не ме подјебавај, три години молим те!?
:facepalm:
И Војдан даде само 1 тројка цела утакмица тоа му беа и единствени поени и што сеа и он треба да се откаже од баскет ? Плус Играчот што он требаше да го чува Гарсиа даде 28 поени ! Не е Перо крив што играта у напад ни беше само со тројца играчи, Бо Пеџа и Илиевски.
Акции се правеа за Илиевски да шутира за 3 :facepalm: Лазовски топла вода пробуваше да измисли.
Не може ти да бркаш играч од репрезентација што игра у тимот Евролига што освои. Знам дека сте накурчени за тоа ФИРОМ што го кажа али мислите малце со тоа главите, немаме ростер од 30 играчи па да бркаме туку така некого.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom