На ЕП во Словенија без најискусните?
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71012108577&id=21&prilog=0&setIzdanie=22626
Гечевски уште пред квалификациите за ЛОИ најави пензионирање, а неизвесен е настапот и на Илиевски, Мекејлеб, па и на капитенот Перо Антиќ, како и на Чековски
Гечевски и Мекејлеб ќе се збогуваат од македонската репрезентација?
По неуспехот на македонските кошаркари во Каракас можна е смена на генерации
Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да се пласира на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лондон, со што кошаркарите не го оживеаја сонот за настап на најмасовната спортска манифестација.
Историската шанса ја имавме, не успеавме да ја искористиме, но сега мора да се оди понатаму. Пред нас е уште едно големо натпреварување, ЕП во Словенија е речиси за една година, на кое Македонија треба да го брани четвртото место освоено во Литванија. Останува да видиме дали играчкиот кадар ќе остане ист, дали ќе има промени, особено откако ветеранот Тодор Гечевски (35) најави повлекување од националниот тим, по настапот на овие квалификации. Не се знае ниту ситуацијата со Владо Илиевски (32), кој би можел да им ја препушти лидерската палка на помладите, но сѐ уште јавно не се изјаснил, а слична е ситуацијата и со Ѓорѓи Чековски (33). Неизвесна е и одлуката на капитенот Перо Антиќ (30), кој е во полна кошаркарска зрелост и има уште многу што да покаже на паркетот, но има шпекулации дека би можел да се откаже од националниот дрес, особено по критиките што ги доби пролетоска поради некои негови контроверзни изјави во дресот на Олимпијакос.
- Не би сакал да коментирам конкретно за играчкиот кадар и за настапите на националниот тим, за да не бидам погрешно сфатен, но мислам дека нѐ очекува есен полна со турбуленции - оценува Александар Тодоров, тренерот на МЗТ Скопје.
На повидок е можен трансфер на нашиот најистакнат кошаркар Лестер Бо Мекејлеб од Монтепаски, а се споменува и заминување во НБА-лигата. Доколку Мекејлеб замине во некој европски клуб, најверојатно ќе ги продолжи настапите во националниот тим, но доколку замине во НБА, речиси сигурно ќе ги прекине настапите за Македонија. Доколку покрај него се повлече и Илиевски, останува отворено прашањето за нивните наследници на бековската позиција.
- Илиевски и Мекејлеб се одличен тандем, би рекол и најдобар на бековските позиции. Во моментов не гледам адекватна замена за овие двајца, но за две-три години сигурно дека имаме наследници во двајцата талентирани млади кошаркари Кристијан Николов, кој настапува за младиот тим на турски Галатасарај, и Андреј Магдевски од белградски Партизан, кои, пак, како тандем одлично функционираат во составот на селекцијата до 16 години - изјави Тодоров.
Македонија од секогаш важела за брза репрезентација, со одлични плејмејкери и бекови-поентери, а имавме дефицит од играчи на центарски позиции, па беа ангажирани странски играчи како Кенион Џонс, Рајан Стак, Џеремаја Мејси. Во моментов се наоѓаме во сосема спротивна ситуација, во која се ангажираат бекови како што е брилијантниот Мекејлеб, Маркиз Грин, Дариус Вашингтон.
- Уште од времето кога свое заминување од репрезентацијата најавуваа Наумоски, па потоа и Стефанов, се зборува за некој дефицит на бековските позиции. Но факт е дека Македонија имала и ќе има замена за играчи на сите позиции, па гледате и самите дека имаме одлични играчи на сите позиции, кои и го направија историскиот успех на ЕП во Литванија. Имаме и одлични таленти што допрва доаѓаат, само треба правилно да се одбере моментот кога тие ќе се вклучат во сениорскиот состав и секако дека е потребен и макотрпен ангажман и на тренерскиот кадар за целиот тој процес, кој нималку не е лесен - вели Тодоров.
МОЕ МИСЛЕЊЕ!!!
нека си одат сите овие гореспоемнати, освен бо!!! во текстот ако некој го мрзи да чита пишува дека бо ако не замини во нба, пак ќе игра за македонија. плус, на пријателските без овие 4 играчи игравме супер, младите се покажаа, е сега ако има некој муда (САМО ЛАЗОВСКИ НЕ), да им даде шанса и на најмладите, ова ЕП ќе биди идеална можност тие да стекнат искуство и да бидат лидери на репрезентацијата во наредните 10-15 години.
за илиевски само би ми било жал ако замини, а за антиќ НЕ!!! човекот повеќе ио штети на репрезентацијата, отколку шо имаме корист, така да, нека крши гла!!! САМО НОВ АСОЛЕН СЕЛЕКТОР НИ ТРЕБА И ТОП СМЕ!!!