Кошаркарска репрезентација на Македонија

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
Вашингтон... но би било многу нефер од наша страна кога не би го зеле Мејси, тој беше во цел квалификационен циклус... но сепак е многу несериозен и често губи топки без врска. Имаме ние квалитетни високи играчи.
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Што мислите ... подобро ќе биде да се земе Мејси или Вашингтон ?
Според оан што го прикажа Мејси би било логично да го земеме Вашингтон од причина што имаме многу високи играчи и искусни а ни фали Плеј на местото на Илиевски:toe:
 

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Oд кај бе иаме високи и искусни играчи? Само Перо и Гечевски, Самарџиски е најнеконстантниот кошаркар кој го имам видено, од него не очекувам многу многу, 3 сезони уназад како истиот кошаркар да го гледам, никако да се развие како играч, наивен до коска е. И онака сме катастрофа под обрачи, особено од скок страна, скоковите се по мене најбитен сегмент од нашата игра (после поени нормално), офанзивен скок за нас е мисловна именка, само Перо ни е онака скочен играч, ако не го зееме Мејси наебани сме како романка у порно филм.

Точно дека и бековската позиција е дефицитарна, али без 2 пара центри, ја не сум баш оптимист.
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Oд кај бе иаме високи и искусни играчи? Само Перо и Гечевски, Самарџиски е најнеконстантниот кошаркар кој го имам видено, од него не очекувам многу многу, 3 сезони уназад како истиот кошаркар да го гледам, никако да се развие како играч, наивен до коска е. И онака сме катастрофа под обрачи, особено од скок страна, скоковите се по мене најбитен сегмент од нашата игра (после поени нормално), офанзивен скок за нас е мисловна именка, само Перо ни е онака скочен играч, ако не го зееме Мејси наебани сме како романка у порно филм.

Точно дека и бековската позиција е дефицитарна, али без 2 пара центри, ја не сум баш оптимист.
Арно викаш 2 пара центри ќе ни требат:jaj:
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
ЧЕМАТА !!!! сеа играев кошарка, тројка дади хахахаха:pos2:
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Пола репрезентација без работа!
Од 17 кошаркари кои во моментов се на подготовките на нашиот национален тим поголем дел не се во работен однос, што сигурно има свое влијание и во тренажниот процес.

Иако зад нив е и повеќе од половина од патот кон Полска, за добар дел од нашите репрезентативци постојат, т.е. отворени се многу дилеми.
најглавната, каде ќе ги продолжат своите играчки кариери.
Освен одредени исклучоци, најголем дел од нашите репрезентативци во моментов се без ангажман, односно со кошаркарски речник кажано, се во улога на "слободни агенти".
Погледот на списокот на играчи кои ги користи селекторот Јовица Арсиќ во периодот на подготовките за ЕП во Полска ќе каже дека има само неколку од оние т.н. "сигурни".
Перо Антиќ има уште една година од договорот со Локомотив (сега од Краснодар), Предраг Самарџиски го има истото со ФМП од Железник. Договорна обврска со украинскиот Грифони има и Јане Петровски. Во Украина ќе игра и Диме Тасовски, кој пред десетина дена потпиша договор со екипата на Политехника од Лвов.
Од оние "домашните", треба да се вбројат уште и Перо Блажевски и Дамјан Стојановски, кои во текот на викендот ги потврдија договорите со екипата на Вардар Осигурување, каде мошне извесно можеби ќе заврши и Војдан Стојановски.
Многу подолга е листата на играчи кои се во потрага по нов ангажман.
Особено предизвикана од големата криза во која влегоа ( и прашање е дали ќе излезат) нашите вечни ривали, Работнички, односно МЗТ Скопје.
Па така Бојан Трајковски веќе одамна не е дел од Работнички, исто така е и во случајот со Александар Димитровски, односно Дарко Соколов, кој го затекна "распадот" на "сино-белите" од Аеродром.
"Ни на небо ни на земја" е и Димитар Мираковски, кој заврши со Фени Индустри, исто како и Кирил Николовски, кој нема обврски спрема Вардар и чека друг ангажман.
Во улога на "чекач" е и Ристе Стефанов, кој веројатно го заврши својот долгогодишен престој во Софија, односно во Лукоил Академик.
Чека и Тодор Гечевски, кому летово му истекна договорот со Задар. Но најверојатно е и прв на листата на играчи кои брзо ќе најдат нова играчка средина.
Капитенот Врбица Стефанов нема да бара нов клуб. Останува на одлуката дека со крајот на ЕП во Полска доаѓа и крајот на неговата богата играчка кариера.
Нималку идилична слика кога се зборува за еден национален тим. Но од друга страна и крајно мотовирачка во трката за место меѓу дванаесеттемина најдобри кои ќе имаат можност да ги презентираат своите знаење на европската смотра на најдобрите кошаркари на континентот.
Б. Радуловиќ

ДИЛЕМИ И КАЈ СТРАНЦИТЕ

Вашингтон сигурен, Мејси не!

Дилеми има и кај нашите натурализирани кошаркари.
Новакот во "црвено-жолтото" друштво, Дариус Вашингтон пред извесно време се осигура со потпис на договорот со турскиот Галатасарај.
Џеремаја Мејси има валиден договор со Реал Мадрид, но според најавите од раководството на "кралскиот клуб", извесно е дека по ЕП во Полска и тој ќе мора да побара нова играчка средина.

И стручниот штаб без "работен однос"
Како комплетирање на впечатокот или на актуелната слика во нашиот национален тим се секако и членовите на стручниотѕ штаб.
По раскинот на договорот со украинскиот Черкаски Мавпи, селекторот Јовица Арсиќ исто така многу скоро ќе мора да си побара друго работно место.
Истото важи и за неговиот асистент Марјан Лазовски, кој е поврзуван со останување во Охрид, односно продолжување на работата во АМАК-СП.
Но барем засега нема потврда дека е тоа така, со оглед на "мирнотијата" која владее кај актуелниот освојувач на Купот на Македонија.


http://www.sport.com.mk/?ItemID=D1A1BF59D1858D43B8935E160271F032
 

StiX

Why so serious?
Член од
13 февруари 2008
Мислења
100
Поени од реакции
19
Ова за нив колку и да е ''лошо'' за репрезентацијата е добро. Поубава шанса за докажување од ЕП нема да најдат. Ваљда ќе даат се од себе , колку за Македонија , толку и за сите скаути што ќе бидат присутни... ВАЉДА. Талент има , искуство има , црнец ќе има... Ќе видиме што ќе биде :toe:
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
105
Поени од реакции
91
Кај се погоди сега и В. Илиевски и Ристе Стефанов да се повредени
Ако се опраи Ристе Стефанов ( да може да го мења Врба ), тогаш подобро да го земат Мејси..
Ако не ке мора тој Вашингтон пошто само со Врба како плеј ...
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Кај се погоди сега и В. Илиевски и Ристе Стефанов да се повредени
Ако се опраи Ристе Стефанов ( да може да го мења Врба ), тогаш подобро да го земат Мејси..
Ако не ке мора тој Вашингтон пошто само со Врба како плеј ...
Ристе Стефанов нема играно како плеј уште од времето кога играше за МЗТ( а и тогаш ретко ), значи добри 6,7 години . Он на плеј е тотално неискористлив затоа што нема интелегенција да развие напад и постави игра . Он си е да дреме у ќош и да чека да се створи вишок за да даде тројка .
Повредата му е ситна, ќе се опраи таман за да покрива на позиции 2 и 3 .

Врба, Јане, Ќебапот ... Доста се ...

Ако Арсиќ не го земе Мејси тогаш боље да не патува за Полска .
 

|MkD|hUnTeR

Golden Lords
Член од
15 мај 2009
Мислења
187
Поени од реакции
4
Ристе Стефанов нема играно како плеј уште од времето кога играше за МЗТ( а и тогаш ретко ), значи добри 6,7 години . Он на плеј е тотално неискористлив затоа што нема интелегенција да развие напад и постави игра . Он си е да дреме у ќош и да чека да се створи вишок за да даде тројка .
Повредата му е ситна, ќе се опраи таман за да покрива на позиции 2 и 3 .

Врба, Јане, Ќебапот ... Доста се ...

Ако Арсиќ не го земе Мејси тогаш боље да не патува за Полска .

у право без мејси нема да можеме десет коша да даеме у полска сепак да не беше он у бараш ке бевме за ЕП 2009 Полска коа му фати 3-4 топки на овој центарот на латвија у НБА шо игра
 
G

grande-juve

Гостин
Македонија - германија сабота 18:00 пренос на dsf, за вториот натпревар изгледа ќе нема пренос на dsf, ако некој знае некоја наша телевизија што ќе пренесува нека напише
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
911
Поени од реакции
173
Арсиќ не фаворизира никого!

Јовица Арсиќ, селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, на претстојните турнири во Германија односно Турција планира да им даде еднакви услови за покажување на квалитетот на Американците со македонски пасош Дариус Вашингтон и Џеремаја Мејси, кои се во трка по едното место за натурализиран играч во составот што ќе настапи на Европско првенство (ЕП) во Полска (7-20 септември).

Жолто-црвените претстојниов викенд ќе настапат на „Президент купот“ во германскиот град Бамберг, додека идниот викенд ќе учествуваат на „Ефес купот“ во турската престолнина Анкара.

- Вашингтон и Мејси ќе бидат заедно на тренинзите сé до заминувањето во Полска, а ќе настапат и на сите преостанати пријателски мечеви. Но, за разлика од вториот дуел со Словачка од пред десетина дена, кога на моменти играа заедно, во иднина на паркетот исклучиво ќе се најде еден од нив. Двајцата ќе добијат идентична минутажа, а со тоа идентични услови за борба за дресот на Македонија на ЕП во Полска - ни изјави селекторот Арсиќ.

Српскиот стратег на клупата на Македонија сé уште нема решено дали странците во репрезентативниот состав ќе ги ротира на еден натпревар или на едно полувреме.

- Начинот на нивното ротирање дополнително ќе го решам. Дуелите во Германија и во Турција ќе ми послужат да видам како функционира тимот кога во улога на плејмејкер е Вашингтон односно како ќе играме кога на паркетот ќе биде Мејси. Тие двајца никогаш нема да можат да играат истовремено за Македонија поради што нема никаква причина да бидат заедно на паркетот на претстојните пријателски средби. Добро е што помеѓу нив двајца владее само спортско ривалство, кое се заборава веќе во првиот момент по завршувањето на тренингот или на средбата. Пред мене е тешка задача да се решам кој од нив двајца ќе игра - дополнува Арсиќ.

Македонскиот национален тим деновиве тренира во скопската убавица „Борис Трајковски“, а за Германија заминува во текот на утрешниот ден. Денеска селекторот Арсиќ ќе ги каже имињата на тројцата кошаркари што нема да настапат на „Президент купот“ во Бамберг.

- Начелно ги знам имињата на тие што нема да патуваат, но чекам да помине последниот тренинг (синоќа - н.з.) за да не се случи нешто непланирано па да им кажам на играчите што нема да играат во Германија. Тоа не значи дека тие повеќе нема да бидат дел од репрезентацијата бидејќи по враќањето во Скопје тие повторно ќе тренираат со нас - дополнува Арсиќ.

Неофицијално, на германските дуели нема да настапат Кирил Николовски, Бојан Трајковски и Јане Петровски. Во Бамберг, во петочното полуфинале, Македонија ќе игра против Германија, додека в сабота ќе играме против победникот односно поразениот од пресметката помеѓу Хрватска и Полска. Тоа значи дека постои можност избраниците на Арсиќ на „Президент купот“ да ги одмерат силите со хрватската селекција, која е еден од нашите противници во прелиминарната фаза од ЕП.

- Не гледам никакви проблеми со фактот што можеби ќе играме со Хрватска. И, ако се случи тоа, немам намера да кријам ништо на тој дуел бидејќи живееме во време кога сите знаат буквално сé за противниците. Муабетите за криење тактички елементи се само стари тренерски финти, ништо повеќе од тоа - завршува Арсиќ. Автор: Игор Крстевски
 
G

grande-juve

Гостин
Македонија - германија сабота 18:00 пренос на dsf, за вториот натпревар изгледа ќе нема пренос на dsf, ако некој знае некоја наша телевизија што ќе пренесува нека напише
не сабота, туку петок 18:00
 

Џенаро Гатузо

Pippo per Sempre
Член од
3 јануари 2008
Мислења
2.797
Поени од реакции
38
ЦЦ кебапчено шугаво го зема во репрезентација за Полска Јане го избаци цц ...
да ти ебам скапаницата од тренер
 

Kajgana Shop

На врв Bottom