19.08.2008 :: Сениорите втори на Трофеј “Македонија“
Најдобрата машка македонска репрезентација го освои 2. место на премиерното издание на Трофејот “Македонија“, кој заврши синоќа во Скопје.
Во меч од 3. коло Македонија загуби од Црна Гора со 81:84, со што Црногорците триумфираа на турнирот.
Во меч со многу пресврти, на крајот пресуди поголемата концентрација на црногорските кошаркари во самиот финиш од натпреварот.
Натпреварот започна израмнето, а во почетокот на 2. период проработи шутот на Црногорците, што им даде предност на полувремето. Втората нивна успешна серија на шут од далечина беше во 3. период, кога предноста на Црна Гора изнесуваше 11 поени. По техничката грешка на Дробњак, следуваше серија од 10:0 за Македонија, по што се влезе во израмнета завршница. Во самиот финиш промашивме две слободни фрлања, по што победата остана за Црна Гора.
ЦРНА ГОРА - МАКЕДОНИЈА 84:81
Резултат по четвртини: 22:19; 15:20; 22:12; 25:30.
ЦРНА ГОРА: Богавац 3, Јеретин 4, Бакиќ 9, Шќепановиќ 9, Голубовиќ 8, Кук 11, Вранеш, Николиќ 13, Кољевиќ, Пековиќ 21, Дробњак 4, Ивановиќ 2.
МАКЕДОНИЈА: В. Стефанов 12, Илиевски 13, Мираковски, Р. Стефанов 5, Соколов, Блажевски, Тасовски 2, Гечевски 4, Антиќ 8, Гоцевски, Мејси 32, Самарџиски 5.
Во другиот натпревар, кој одлучи за 3. место, Турција, многу потешко од очекувањата, славеше над Романија со 89:85.
Немотивираните Турци им дозволија на романските кошаркари да одиграат добро, и да водат во најголем дел од натпреварот. Сепак, Турците ја испуштија победата во регуларниот дел, откако прокоцкаа водство од 83:79, за Романија да израмни со тројка во последните секунди. Сепак, турските играчи беа посилни во продолжението, и на крајот славеа на оваа средба.
РОМАНИЈА - ТУРЦИЈА 85:89
Резултат по четвртини: 14:19; 25:15; 26:22; 17:26; 3:7.
РОМАНИЈА: Палтинисану 13, Паул 28, Калота, Думитреску 10, Калала 2, Сијарто 9, Бурлаку 16, Јакаб, Капусан, Крачун 3, Мандаке 2, Сенај 2.
ТУРЦИЈА: Аќол 10, Ѓулер, Ацур 5, Иљасова 20, Тунџери 6, Ѓонљум 13, Арслан4, Сонкол, Туркоглу 19, Горкем 2, Солак 4, Херсек 7.