Кајгана експертизата на најјако пуштена..ама суштината е дека нема играчи од Кавадарци у репрезентација = нема првенство
Нема играчи дечки, џабе муабетите. Имаме ОГРОМНА дупка на играчи родени од 1989 до кај 1995-1996 негде, каде што и ден денес само 3-4 играчи играат прва лига, а камоли во странство.. Последна, ајде да кажам солидна генерација, беше онаа кога излегоа од А дивизија во Б дивизија(2008 ми се чини, со браќата Стојановски, Караколев, Кире Николовски итн.). После тоа немаме ништо, аш. Генерацијата 89 на младинското кај нас што се играше ветуваше нешто со Симоновски, Димчевски, Брчков итн. меѓутоа и од нив не излезе апсолутно ништо...Генерација 1990-1991 не ми текнува ниту еден играч моментално што игра во Прва лига кај нас, а не па настрана.. 1992 голема надеж беше Горјан Марковски ама 100 пати си ги скина лигаментите на коленото и то је то.
Нвм, друга ми е поентата на муабетот..Овие играчи што МОМЕНТАЛНО играат за репрезентација се горе-доле најдобрите играчи што ги имаме во моментов. Колку и да се смеете, недостасуваше Соколов кој моментално е најдобар македонски бек во лигата, Димчевски и Курчо Костовски од Гостивар(Курчо мислам дека откажа од репрезентација),Стајиќ од Пелистер можеше комотно да се земе(на овој и дете му се роди периодов,можеби затоа откажал настап доколку бил повикан). Бубе Младеновски закачи корона минатиот пат кога се прошетаа до Русија во ноември месец, веројатно затоа не е земен во 12-те како дисциплинска, можеби и Кире Николовски требаше да се земе, мада слушнав муабети дека господинот бил дубоко увреѓен дека не го викнале претходниот пат.
Е сеа, околу избраните играчи, има голема политика таму. Николов е најголема превара во историјата на кошарката, јебига дечкото е метро и жилет, не чува одбрана ништо, МЕЃУТОА е син на еден од попознатите кошаркарски менаџери кај нас, така да претпоставувате по која линија е викнат. Робев е просечен играч у подпросечен тим сезонава, првите 2 утакмици доби минутажа, Караколев од Еуроникел можеше комотно да го земат место овој. Бакоч сезонава има минутажа од точно 01:40 минути во македонското првенство, во АБА2 сеуште чека на деби - и за него неам појма како е земен. Крстевски своевремено не можеше да припари до 12-те, денес е прва опција од клупа. Значи тоа е, толку ни е квалитетот, Ѓуроски е поквалитетен од сите овие што се набројани, затоа нека не ве чуди толкавата минутажа. Добра работа беше што ги земаа и Савичевиќ, Симиќ и Митревски, колку-толку да осетат атмосфера со постари/поискусни играчи.
Факт е дека ние изгубивме ЕП на првиот натпревар против Естонија во Скопје, на дебито на Нено за репрезентација кога се реши да глуми ѕвезда, да си билда лична статистика, па по поразот со Естонија магично се "повреди" и не отпатува во Русија. Секоја му чест за овој турнир викендов, меѓутоа на првиот натпревар кога изгубивме во Скопје стојам зад тоа дека лично заради него изгубивме. Уште на првиот собир глумеше дека е над сите, изиграваше ѕвезда и после тој натпревар кога му беше јасно кажано да се приземји малце, си ги собра парталите и си се врати во Шпанија.
Ќе треба сеа да чекаме барем малце новиве генерации да созреат, да видиме што играчи ќе излезат од нив. Според предвидувањата - на добар пат сме, ако ништо друго, барем да обезбедиме редовно играње на ЕП. Предводници треба да бидат Нено, Јакимовски што игра на колеџ во САД(прв македонец со таа минутажа на колеџ, ама и медиумите кај нас го форсираат ептен...ако направи солидна кариера во Европа, јас би бил презадоволен), потоа Симиќ, огромен талент исто зборат дека е синот на Врбица Стефанов кој моментално игра во Италија(2004 година е мислам), потоа да видиме од на МЗТ 2 проектот што ќе излезе, моментално 3-4 деца можат комотно да играат во прва лига(Савичевиќ, Максим Митевски, Леонид Тодоровски), има уште некои деца по школи низ Европа, ќе видиме..