Кошаркарска репрезентација на Македонија

Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ама тогаш и сите беа две години помлади. :)

Мора да се прошири ротацијата на уште двајца барем. Всушност сега ќе има минус еден во ротацијата, Соколов. Тој добиваше некоја минута во Литванија но сеа не го рачунам ни дека ќе влезе во финалниот ростер, дрво станал.

Костовски може многу да ни помогне во нападот. Сеа проблем е шо малку се ангажира во одбрана (барем колку сум го гледал) а играта на Пипан (па и таа на Марин од ЕП) бара плеј кој ќе „гризе“. Да имаме некој тип ко Оташевиќ, со Бо заедно и Војдан на крило би имале една од најјаките надворешни одбрани. :D

Сепак Костовски е мислам печен за репрезентација. Можеше и Димчевски да помогне штета што се повреди. Од другиве Крстевски и Трајковски ги гледам само како можни замени место Кире, но по се изглед ќе го шлепаат Николовски...

Но еве, ова со Медитеранскиве игри е одлична шанса за покажување (ма да со Србиноски на клупа ќе се усреќиме :icon_lol: ), па може ќе блесне некој ко близнаците што блеснаа на ЕП. :)

Може и Симоновски да влезе да шутне некоја тројка и да одмени некој едно 2-3 минути
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Добро, а овој Брчков што играч е? Ако може да ми одговори некој што стварно ги гледал Фени :)...Го пратам често, ама само преку статистики, и некако не ми изгледа константен, знае да даде и по 15тина коша, а знае и на 0 да остане, истото важи и за минутите што ги игра.
А се ми се чини дека може многу да помогне во репрезентација, пред се поради тоа што е таков играч што никад сме немале, барем јас откога памтам. Висока и подвижна тројка што може да чува играчи како Кириленко и слични, пошо реално немаме таков играч, некако ни се поделени играчите на центри од 210 и нагоре и од друга страна бекови од 195 и надоле. Само Чеко е универзалец со 200 а игра центар :D.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.908
Поени од реакции
7.476
Брчков е супер играч,високо крило,не сум баш сигурен дека не е константен,цела сезона игра во ФЕНИ на високо ниво.Од Соколов сигурно подобра опција моментално,па и од Марко Симоновски,може да игра и на позиција 4.Шутира добро не е лош шутер и има брз чекор.Дека ќе го чува Кириленко баш не ми се верува пошто одбраната што ја игра не е баш нај нај.
Сепак не ми се верува дека ќе го земе Пипан ради фактот што браќата се на таа позиција недопирливи.За четворка не верувам дека ќе го бара исто,секако пре би го земал Бојан Трајковски него Брчков.
Реално да збориме,Дамјан сезонава искина се живо и диво.Висок е 1.97 и не е баш понизок од Брчков многу.
Ќе видиме како ќе се покаже Владимир,има време.:)
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Медитеранскиве игри, ќе ги емитува некој? ОД 18ти до 25ти беа?
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.767
Поени од реакции
20.491
На МТВ ќе имало ама само наши репрезентации и по некој индивидуалец
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Пипан си оди од МЗТ. Мене ова ми изгледа дека не планира човеков да останува после европсково...да сакаше да остане и да работи барем уште еден циклус, ке останеше во МК лига да ги гледа играчите од прва рака. И онака МЗТ имаат добар тим, ке се борат за повисок пласман во АБА Лига наредна година, а може и Еврокуп, незнам што му текна така да летне :cautious:.
Се надевам дека најпрофесионално и без штедење ке си ја заврши работата летово.
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Имаат ли нашиве излезен со некој официјален состав или ке се чека да после овие турнириве што ке ги играат?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.513
Овие се македонска кошаркарска репрезентација или Водно Suns? :/

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk 2
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.892
Поени од реакции
30.814
Овие се македонска кошаркарска репрезентација или Водно Suns? :/

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk 2
Не знам кој се али у мало кај мене има деца шо барем знаат кош да дадат.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
едвај победа против Египет 74:67 и тоа во продолжение...како и да е честитки за македонските кошаркари...60 скока да има противникот, а ние половина тука беше проблемот...ако Гечевски најави дека нема да игра на ЕП во Словенија, дефинитивно мислам дека Трајковски ќе биде добра замена..(y)
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
Зашто така зборите бе, па одлични акции правеа ама еднсотавно промашуваа чсити шутеви, многу слаба реализација имаа севкупно. И плус тоа што го дробеа и овие коментаторите цело време дека требаше да се затоври рекетот подобро, тоа се учи уште во самите почетоци на тренирањетро како да затвориш кошот после шут на противникот, али малце забегаа овие. Според мене младиот Николов во тие минути што ги доби изигра одлично и покажа дека е голем талент и мисал мдека требаше многу повеќе минути да добие.
Плус тоа овие момци прв пат играат заедно и мисалм дека не ни имаа некоја пријателска за да се уиграат, али битно на крај покажаа дека се многу поквалитетни од Египјаниве и си тепаа.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.010
Поени од реакции
5.666
Николов е многу физички слаб... сеуште недораснат за сениорска кошарка.
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Кошаркарите во полуфиналето на Медитеранските игри: Победа и над Алжир (89-81)

Македонските кошаркари уште пред официјалното отворање на турнирот, веќе по првите два дена обезбедија пласман во полуфиналето на Медитеранските игри откако денеска во 2.коло од натпреварите по групи славеа и против селекцијата на Алжир со (25-26,17-14,22-13,25-28).

Кошаркарските репрезентативци ќе се борат за медал по двете победи во групата, покрај против Алжир и онаа вчерашната против Египет, со што против домаќинот Турција единствено ќе се бориме за позицијата во групата и противникот во полуфиналените дуели на турнирот.

Александар Костоски и Димитар Караџовски беа носители кон денешниот триумф на дуелот кој го стартувавме агресивно но до крајот на првата четвртина Алжирците успеаја да го преземат ритамот за нивна предност од половина кош по првите десет минути. Потоа се беше во наш знак, јасно потврдувајќи во третиот период, кој беше пресуден, дека сме класа над овој противник за сосема заслужена победа.

Најефикасен во нашиот тим беше Костоски со постигнат 21 поен на натпреварот, додека Караџовски заврши со 17 постигнати поени. Синиша Авровски постигна 13 поени дополнети со четири скока, додека Бојан Трајковски заврши со 12 поени и пет скока, а Дарко Соколов дуелот го заокружи со 11 постигнати поени.

Нашиот противник во полуфиналето ќе го бараме меѓу селекциите на Србија или Тунис кои исто така меѓу себе во директен дуел ќе одлучат како ќе завршат на водечките две позиции во втората група.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom