Кошаркарска репрезентација на Македонија

Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Латвија ти е класична рун анд гун екипа,Босна сега со Ацо "трица" Петровиќ како тренер да не ни почнувам.На него цела филозофија на кошарка му е да мења играчи на терен додека на најде 1-2 што погодуваат и распали од секоја позиција.Кога некој тимови играат таква кошарка ,ако им се наместат ѕвездите да ги победиш е многу тешко.Посебно дека нашиве не се некој екстра-квалитет па и кога се игра лошо да се тепа.
Премногу ни ја потценуваш репрезентацијата, како да забораваш дека имаме одлични одбранбени играчи како Војдан и Дамјан на 2 и 3 позиција, пишуваш како да ние нема да играме одбрана а тие само ќе шутираат
дур не им тргне.Не е реално.
Ацо ако мисли да се надигрува со нас со шутеви од далечина гадно се заебал. :)

На крај краева не ни знаеме како ќе играме како репрезентација под водство на Пипан, вакви муабети може да правиме после пријателските, дали прво ќе гледаат да се одбранат па да нападнат или ќе се надигруваат со противникот кој повеќе ќе погоди.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Гече ако си го прател низ текот на годините секогаш бил истиот, цел живот си е тромав, немал некоја брзина да помине играч еден на еден али интелегенцијата што ја има он ја нема ниеден друг наш репрезентативец ( за центарските позиции ), па годинава на 35/6 години сите центри во АБА лига мајмуни ги праеше, играчиште. :D
Исто многу се нервирам кога ќе пишат ех Илиевски не ни треба, стар бил веќе, не е тоа тоа, може да го заменат Јане, Огнен, Мираковски, Костовски. Да, можат да го заменат али ако Македонија нема амбиции за медал ( оп оп многу очекувам од ова ЕП :) ) и играат за да не изгубат повеќе од 30 разлика.
Ако игра еден од овие прва петорка ќе има по 8 изгубени топки во прво полувреме, остајте вие Огнен добар бил, му дал на Филипович од Кожув 10 поена, Костовски им давал по 25 поена на Лирија, Работнички итн. итн. Илиевски не може да го замени никој, главен организатор на играта ни е и еден од најдобрите одбранбени играчи, така да ова што го изјави ме израдува ептен, уште сега ме пукна еуфорија у пм. :)
Во моментов нема играч на повидок што ке го замени Илиевски.
Костовски е прилично квалитетен, тоа го покажа и против Литванија во подготовките за олимпискиот турнир, значи одлично изигра и против европски играчи.
Само што он е дијаметрално спротивен плеј од Владо. Владо има огромна кошаркарска IQ, знае кога да смири, кога да убрза, топката е најсигурни во негови раце. Додека Костовски е играч што пенетрира у рекет и така вади и фаули и кошеви, брз е во контра, ама го нема тој осет на Владо. Другиве не ни вредат да ги спомнувам...Јас искрено многу очекувам и од Дамјан. Досега Војдан беше тој што добиваше повеке минути и имаше поголема одговорност во напад, ама Дамјан одлично игра сезонава, па ке видиме дали ке ги делат минутите и кој ке земе повеке...
--- надополнето: 26 мај 2013 во 00:43 ---
Абе луѓе каков медал ,во полн состав ако поминеме група треба да сме среќни.Освен група Д другиве групи не можат ни да се споредат со нашава по јачина посебно не А која е како квалификациска група.

Во група сме со 3 тима кои живеат од тројка ( Литванија,Латвија и Босна ) ,со кој може да ни се деси исто како во квалификацискиот турнир во Венецуела да им се наместат ѕвездите и сите против нас и машини за перење да внесуваат во кош + два тима од земји со кошаркаска традиција и Европски легенди ( Србија и Литванија ) кои имаат цели тимови од играчи кои се прва постава во Евролига + НБА играчи.

Освен со Црна Гора ( која е најпреценет тим на сите времиња ) со сите други ќе треба 110% да бидат дадени за да поминеме група.Искрено и да не се помине група не би било ништо неочекувано.
И самиот си кажа, живеат од тројка. А тие што живеа од тројка, умираат од неа :). Ако не им тргне, гадно се заебале. Имаме одлични одбранбени играчи, ке видиме каква тактика ке форсира Пипан, али мислам дека ке бидеме пак добри во одбрана.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
Премногу ни ја потценуваш репрезентацијата, како да забораваш дека имаме одлични одбранбени играчи како Војдан и Дамјан на 2 и 3 позиција, пишуваш како да ние нема да играме одбрана а тие само ќе шутираат
дур не им тргне.Не е реално.
Ацо ако мисли да се надигрува со нас со шутеви од далечина гадно се заебал. :)

На крај краева не ни знаеме како ќе играме како репрезентација под водство на Пипан, вакви муабети може да правиме после пријателските, дали прво ќе гледаат да се одбранат па да нападнат или ќе се надигруваат со противникот кој повеќе ќе погоди.
Па можеш да претпоставиш, и он највеќе бара дисциплина и одбрана.
А за Тоше штета можеше да помгне по 10тина минути ама кога веќе не прифати да игра барем нека му сеп онуди советничкио место човекот врееди злато со неговото искуство, сигурно на Самарџиски и на Кире ќе им биде од голема помош.
Според мене ако игра и Бо не треба да се плашиме за дали ќе ја поминеме првата фаза.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Можеше Гече да помогне и те како со 10-15 минути поготово со формата у која играше сезонава, али што е тука е и мора да се испочитува неговата одлука ипак како што изјави има 36 години.
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
Утакмиците на европското се ден за ден и не се споредуваат со оние од лигата,па ако не се осеќа спремен и најдобро да не игра. Едино можи да им помогни со совети на Самарџиски и Николовски, сепак на нив останва иднината
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Утакмиците на европското се ден за ден и не се споредуваат со оние од лигата,па ако не се осеќа спремен и најдобро да не игра. Едино можи да им помогни со совети на Самарџиски и Николовски, сепак на нив останва иднината
Нормално дека не се споредуваат ама не заборавај дека играше АБА лига скоро секој трет ден (беше феноменален ), а и под водство на Пипан не ми се верува да не е спремен физички.
Види го само Чековски како ораше цела сезона на паркетот, кој би очекувал такви перфоманси од еден булдог кој со години беше исмејуван од нацијава?

И искрено да си кажам дека доколку Пипан треба да бира кој да игра помеѓу Станко и Кире би го одбрал првиов, а вториов дури би го сменил со Бојан Трајковски (ради игрите прикажани сезонава). :)
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
За Србија нема да игра Теодосич со што шансите за поминвуање на прва фаза рипнаа драстично.Освен ако не земат странец Тепич има да им ископува по еден гроб на секој натпревар.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Македонската кошаркарска репрезентација која ќе настапи на Медитеранските игри во Турција што ќе се одржат од 18 до 25 јуни во Мерсин ќе ги почне подготовките на 3. јуни.

Во понеделник првиот тренинг ќе почне од 10.30 часот во Градски парк, а селекторот Марјан Србиновски повика 17 кошаркари:

Александар Костоски
Дарко Соколов
Марко Симоновски
Бојан Трајковски
Владимир Брчков
Андреј Магдевски
Кристијан Николов
Стојан Ѓуроски
Бојан Крстевски
Горјан Марковски
Оливер Двојаковски
Љубомир Младеновски
Огнен Стојановски
Александар Штерјов
Димитар Караџовски
Марјан Јанески
Синиша Аврамовски
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
За Србија нема да игра Теодосич со што шансите за поминвуање на прва фаза рипнаа драстично.Освен ако не земат странец Тепич има да им ископува по еден гроб на секој натпревар.
Имало шанси да игра нема да оди на операција, сепак Србија има доста талентирани играчи и играчи со искуство како Крстич, Саванович ако игра не се знае, тука се Лучич и Милосављевич од Партизан кој играат во добра форма може и Богданович да го земе.
Кај нас само центри што немаме ќе е огромен минус, Самарџиски дреме на клупа цела сезона а Николовски не е поарен и он исто..треба Антич да игра центар пошто овие и ќе прават брзо лични.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Зашо бе Пипан не ги води на Медитерански, таман да се упознае со играчиве...некако нелогично ми е.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.010
Поени од реакции
5.666
Кој играчи да ги запознае, па речиси никој од овој список нема да изигра повеќе од 3-4 минути на ЕП.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Без разлика, мора да си ги знае играчите...Ке се напунат со лични грешки овие 7-8 што играат или некој повреда ке се десу(пу пу :D), па ке се мисли дали Костовски беше центар или плеј.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom