Бројките во други држави беа поинакви, чинам окулу ~60% од ставените на респиратор преживуваат.
Овде имаме она што го нарекуваат small sample size... A можеби има и нешто друго, Д-р Гатонини од Италија зборуваше за две манифестации на COVID-19, и предлагаше различни третмани. Можам подоцна да го побарам документот ако некој го интересира.
Пази само, можеби не разбра целосно во минатиот пост. Во нашава хипотетичка ситуација ти си потпишуваш црно на бело дека прифаќаш да те заразат со цел да изградиш имунитет но истовремено се откажуваш од медицинска нега (кревет на интензивна нега и респиратор) ако тоа е на штета на некој што не се заразил намерно (а му требаат истите ресурси)... На пример ти можеш да имаш 25-35 години (на пример), ама без разлика на возраста во првиот момент кога ќе снема кревети и респиратори те дигаат и те носат во обична болничка соба на милост и немилост на богот Рандом (или кој бог го претпочиташ). Пошто си се согласил на тоа кога намерно си се заразил.
Слично е и сега со тие што со неодговорно однесување се заразуваат. Навистина не можеш да разбереш дека и тие неодговорните ги заземаат болничките капацитети - кои не се неограничени? Тоа што ти го предлагаш гарантира дека за поголемиот број од пациентите нема да има соодветна медицинска нега (кревет на интензивна нега и респиратор). Вклучително и тие што не сакале да се заразат, ама по сила на приликите се заразиле (можеби биле медицински/полициски кадар). Дали еве ти во корист на некој друг би се откажал од користењето медицинските ресурси, ако ти затребаат како последица од противење кон мерките?