Коронавирус (COVID-19)

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Џабе гледаш оздравени кога бројот на заразени е многу поголем од бројот на оздравени на дневно ниво. Вчера имаше само 100 000 заразени.
Е добро ај само починатите ќе ги гледаме, никако оздравените.
Логично е да е така заради периодот потребен за оздравување, а од друга страна се прај масовно тестирање.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
5 март 2018
Мислења
15.276
Поени од реакции
16.863
Колку се денес новозаболени кај нас кажаа ?
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Шое воа работа човеци ... народот кој неколку цели викенди се држеше под кључ денеска му дозволија до 15ч да може да излегува и прееска гледам на тв снимка од градскиот парк Скопје нац'цкано и млади и стари и деца све на куп, ниту дистанца, ниту маски, ниту бутур ?! Што им е на луѓево незнам, во ред можеби и целава оваа работа е една голема белосветска лага превара со коронава, дури и да е така сепак за секој случај незнам што толку е тешко да се почитуваат одредени мерки, а тие мерки се држење одредено растојание и носење на маска, па зарем и тие две мерки на народов му се претешки за почитување и исполнување. Па што не пуштат полиција баш на таквите критични места каде што се случуваат ваквите масовни групирања, собиранки на кои апсолутно не се почитуваат мерките за заштита !
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Се надевам ова атлетичариве што се бунеа на затворот дека денес истрчаа 5ка или 10ка.

гледам на тв снимка од градскиот парк Скопје нац'цкано и млади и стари и деца све на куп, ниту дистанца, ниту маски, ниту бутур ?!
Епа за 2 недели сите ќе им се криви, од Бил Геј до Филипче.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.792
Поени од реакции
9.772
Џабе гледаш оздравени кога бројот на заразени е многу поголем од бројот на оздравени на дневно ниво. Вчера имаше само 100 000 заразени.
Џабе гледаш заразени кога по многу проценки милиони луѓе поминуваат со никакви или многу мали симптоми. И тие се рачунаат како заразени/оздравени.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.036
Но изгледа има и друга причина. Во Германија па и САД имаше студии дека 15-20% од тестираните имале антитела. И сега проф. Дростен изјави дека е можно, луѓе кои предходно биле заразени со друг Коронавирус веќе имале антитела и имунитет и затоа без симптоми врват и имаат веќе антитела. Сеуште не може да потврди со студија ама тоа му е печаток досега. Доста конзервативен до сега е со изјавите ама штом веќе вака јавно кажува ваљда има силни индиции дека е така. Тоа нормално би било добра вест пошто еден дел од популацијата би била заштитена од тешки заболувања.
Маршала, јак доктор некој со вакви тези. Значи кока кола и синалко кола е исто, и двете се газирани, а богами и црни. Тешка глупост. Тогаш и тестирањето е значи џабе, битно нешто да има од корона вирус. Една најмала мутација на грипот секоја година масакар прави пошто имунитетот не го препознава, а овде имунитетот важи за цела фамилија.
Добро нели гледате дека ве фарбат како сакаат, ве стрижат како овци. Јасно е дека ништо не е јасно, страшен е вирусот ама ништо не е сигурно околу него, сигурно е само дека е страшен. Тешка пропаданда како таа на Орсон Велс со Војна на Световите, кога радиото бил најјак медиум и со една емисија дигнал огромна паника дека земјата е нападната од марсовци. Јас барем така се осеќам, а верувам дека и многу други после некое време ќе им текне.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.242
Поени од реакции
21.580

Машала на тој доктор цел свет може да тестира, тој го измислил. Советник број еден на Германската влада, со оглед на досегашните резултати на Германија би рекол среќа што го имаат. Иначе споредбата со соковите ти е толку глупа немам зборови. И дека не фарбаат, не знам, можеби, ќе ги прашам тие 200.000 луѓе кои умреле од вирусот. А за разлика од грипот, коронава многи помалце мутира. Грипот е вирус кој многу и брзо мутира, затоа секоја година има друга вакцина.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Се надевам ова атлетичариве што се бунеа на затворот дека денес истрчаа 5ка или 10ка.

Епа за 2 недели сите ќе им се криви, од Бил Геј до Филипче.
1. вторник 18км на киша;
2.четвртак 50км точак;
3.денеска 16км разодување по планина;

Ова го правам месец дена претходно, ниту Бил Геј, ниту Филипче го спомнував освен за предложените мекри, а да и заборавив плескање кантер последен месец и тоа во лан.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
1. вторник 18км на киша;
2.четвртак 50км точак;
3.денеска 16км разодување по планина;

Ова го правам месец дена претходно, ниту Бил Геј, ниту Филипче го спомнував освен за предложените мекри, а да и заборавив плескање кантер последен месец и тоа во лан.
Абе кој те спомна тебе? : )))) Зборевме овде за ретарди што во нормално време се смеат на другите што спортуваат, тегнат цигара за цигара и остало. Тие што си спортуваат редовно и 22 часа да е полицискиот час ќе си најдат време и место, нема да глумат обесправени.
П.С. Браво за километражата.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.737
Поени од реакции
9.830
Маршала, јак доктор некој со вакви тези. Значи кока кола и синалко кола е исто, и двете се газирани, а богами и црни. Тешка глупост. Тогаш и тестирањето е значи џабе, битно нешто да има од корона вирус. Една најмала мутација на грипот секоја година масакар прави пошто имунитетот не го препознава, а овде имунитетот важи за цела фамилија.
Добро нели гледате дека ве фарбат како сакаат, ве стрижат како овци. Јасно е дека ништо не е јасно, страшен е вирусот ама ништо не е сигурно околу него, сигурно е само дека е страшен. Тешка пропаданда како таа на Орсон Велс со Војна на Световите, кога радиото бил најјак медиум и со една емисија дигнал огромна паника дека земјата е нападната од марсовци. Јас барем така се осеќам, а верувам дека и многу други после некое време ќе им текне.
Го најде баш докторот за мајтап, човекот што го пронашол САРС, работел како главен на МЕРС и го направи првиот тест за коронава и е главен советник на една од земјите која најдобро се справува со кризава и водечки експерт на светско ниво. Дај некој експерт од Суботица или некој Американец што во слободно време е flat earther, иначе не се важи.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.528
Поени од реакции
69.289
Уште двајца млади починати.
Еден 36 годишен, без прерходни болести со поголема килажа
И 25 годишен со Даунов синдром.

Првиот бил примен со тешка клиничка слика.
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
1. вторник 18км на киша;
2.четвртак 50км точак;
3.денеска 16км разодување по планина;

Ова го правам месец дена претходно, ниту Бил Геј, ниту Филипче го спомнував освен за предложените мекри, а да и заборавив плескање кантер последен месец и тоа во лан.
Добро бе како не ве боли газот толку км на точак? :D
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Кога ќе ми текне каков делириум беше на форумов кога републиканците го лансираа овој кловн...па причите како со Путин ќе си се согласувале, абе "земја недојдија"....дали егзистира уште таа "конзерва" скупина на форумов? И тука мафтаа со транспаренти за него пред ДИК. Да земат сега сите колективно со супертрамп да си убризгаат средство за дезинфекција у вени и да му тргне на човештвово, конечно.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.411
Поени од реакции
5.891
За ова е во право Ванче. Пресилниот имунолошки одговор е подеднаков проблем како и недоволниот. Организмот бурно реагира на вирусот и уништува и здрави клетки, затоа понекогаш се даваат имуносупресиви, се разбира во контролирани дози. Невероватно, ал’ истинито.
Подеднаков за која болест?
Зборуваш за вирусов дека убива лица со компромитиран, срозан имунитет и исто толку со јак имун систем?
Како ќе настапи цитокинска бура кај лица со срозан имунитет бе луѓе, како?
Имав во потесна фамилија смртен случај поради тешки автоимуни реакции, ме погодува директ во плексус вакви муабети, не пишувајте само колку да се пишува нешто.

Не е подеднаков проблем во никој случај, затоа што постои екстремна разлика во бројот на упокоени од категоријата која се нарекувала "стари и изнемоштени лица", наспроти оние кои имаат некомрпромитиран имун систем, т.е. младите лица. Дали ќе има и помлади жртви од 65+, да, секако, но статистички скоро и да не постојат.
Во Кина 91% од умрените било со сериозно компромитиран имун систем како резултат на разно-разни хронични па и акутни болештини, каков е тоа еднаков проблем.

Пак да прашам, при толку паника, хистерија, манија, уште од фрижидер што не излегува репортер кој стои покрај рандом куќа каде се претпоставува дека има заразено лице, сега има доволно заразени за да се направи некаква статистика за РСМ, дали постои нешто, освен географската што и не е некој подвиг да се евидентира...старост, состојба на имуниот систем, дали биле хронично болни и од што, или само Хер Флик ќе излезе и ќе каже цифра и како "ние работиме нешто"

Ако сериозно им давале интерферон, не знам што да кажам, Менгеле врати се, простено ти е...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom