Коронавирус (COVID-19)

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Идиотска работа потегната под притисок на угостителите, од кои само 99% се поврзани со политичариве.

Сепак, мислам дека нема да идат многумина. Многумина нема да ризикуваат. Не ми се верува дека ќе имаат некој промет. (така ми е логично)
Овој што ми спомни со кафичите,тврди дека 80.000€ бил загуба за еден месец,а кога работеа цело време се жалеше дека слабо било,сите биле на кафе и вода.Да му залепиш еден шамар па уште еден на другиот образ
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Македонија не ќе е подобро место за живеење, ама со оваа лексика бројот на починати далеку го надминува бројот на излечени. Доста го замајуваат народот со неточни информации.
Ако таа формулација на реченица те замајува, кај ти е крајот....
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Хм....само најголемите кафичи, со намален број на маси, со голема дистанца и келнери со маски и ракавици. Така би го замислил тоа......сепак е голем ризик за пренесување на зараза и на тој начин. Нека работат само to-go и достава тоа е многу попаметно.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Овој што ми спомни со кафичите,тврди дека 80.000€ бил загуба за еден месец,а кога работеа цело време се жалеше дека слабо било,сите биле на кафе и вода.Да му залепиш еден шамар па уште еден на другиот образ
Оние кафичи што се шарада за авангарда во стилот на Трибека, Мибека, Лофт и она преварана перам пари кафич Мош за доброто на човештвото се надевам дека се во загуба.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.802
Поени од реакции
12.293
Не само кафеани. И теретани, фитнес центри, а таму не да се дига прашина и издувава него бетер од центар за развој на вируси. Ако добро разбрав околу 5ти мај, а нас нека не шупелкаат без вазелин за маски, дистанца и полициски викенди.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.398
Ај сега зарем сериозно разговараме за 2 години ригорозни мерки?
Веќе сега ги олабавуваат мерките. За некој месец ќе останат само забрани за кафани, кафичи, дискотеки и такви неесенцијални места од затворен тип каде се прават големи гужви во затворен простор.

Гледам дека многумина не разбираат што е целта на мерките.
Не мерките не се за да се запре заразата. Тоа одамна веќе не е можно. Мерките се за заразата да се шири контролирано, поспоро, и да не се надминат медицинските капацитети. Јас лично мислам дека барем 10-15% од луѓето овде веќе имаат имунитет за SARS-Cov-2, но за тоа да го утврдиме потребни е помасовно тестирање со квалитетни тестови за присуство на антитела, и тестирањето да е репрезентативен семпл од рандом одбрани индивидуи - не доброволци (пошто доброволци се почесто некој што веќе имал симптоми, и резултатите нема да бидат репрезентативни).

На крај ќе остане само задолжително носење маски без никакви полициски часови (како што е во Ј. Кореја). Така требаше да биде од почеток, само да живеа овде разумни и разбрани луѓе (како во Ј. Кореја). Ама пошто овде живеат друг тип на луѓе, мерките се апсолутно потребни.


Јас лично би ви понудил отстапка: Да се дава потврда за имунитет од вирусот, не само на нормално заразените, туку и на сите што сте оволку нестрпливи - ама само откако на потпишана лична одговорност ќе се согласите контролирано да ве заразат и да си ја одлежите болеста во државен карантин но без право на зафаќање на медицински капацитет на штета на некој што не се заразил по своја волја. Потоа после два негативни теста за вас нема да има ограничувања.

Така секако ќе го забрзате крајот на мерките со својот придонес за групен имунитет. Побрзо ќе престанат мерките и плус ќе добиете и дозвола за неограничено движење, неносење маски, можеби дури и за седење у одбрани кладионици или кафани за момци со имунитет... Еве покренете петиција, јас со задоволство ќе ви дадам поддршка а верувам дека и многумина други ќе ви дадат поддршка.

Ставете го само сопственото здравје и сопствените животи на ризик заради „квалитетот на живот“, не тргувајте со туѓи животи и со туѓо здравје.
Дефинирај првин што ти значи нестрплив. Неам проблем ја да седам уште два месеци со уште поригорозни мерки. Али да чекам неколку години вакцина која е под знак прашалник, да тогаш нестрплив сум. И идеата што си ја предложил би ја прифатил секако. Би било добро истиот тој херд имунитет да го создаваат млади луѓе, кога веќе неизбежно е дека сите ќе се заболиме. Во тој случај може некој постар човек и да не се зарази на сметка на здрав човек кој се крие у својот дом.

Инаку тргување со туѓи животи, хах. Со чиј животи тргуваш коа пиша дека никој немало да умре од глад. Ти може си финансиски обезбеден и со кров на глава, и те заболе за сиротињата што ќе остане на питачки стап. Секој си збори лично за себе и неговите дома, нема потреба у туѓо име да збориме тука.
Автоматски споено мислење:

Идиотска работа потегната под притисок на угостителите, од кои само 99% се поврзани со политичариве.

Сепак, мислам дека нема да идат многумина. Многумина нема да ризикуваат. Не ми се верува дека ќе имаат некој промет. (така ми е логично)
И ја не верувам да иде никој, не ради сопственото здравје него ради јавното мислење. Сепак во кафич шема се тера кај нас, никој не оди зашто стрепа за кафе :D
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
А ако ти е страв да вбризгаш, дали јадење сапун е прифатливо?
Ова реторичко прашање ти е, или себе си се прашуваш?

Инаку не сакам да бидам злобен, ама со оглед какви се почитувачите на ликот и делото на Трамп, ќе бидат дел на обсервација при предавањата за Дарвин.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.552
Поени од реакции
87.778
Отварање кафани во овој момент кадешто сеуште нема намалување на заболените од Корона е самоубиство. Да не се лажеме, нит некој ќе работи со 30% од капацитетите, а нит муштериите ќе почитуваат дистанца од 2 метра.

Отварање на кафани и кладилни овој период е крајно несериозно, знаејќи што стока сме од народ сме (без разлика на вера и нација) сите ќе испоцркаме за едно кафе и ливче спортска.
 
M

Macedon1um

Гостин

На крај ќе испадне овој Вело во право дека респираторот повеќе одмага отколку што помага..
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500

На крај ќе испадне овој Вело во право дека респираторот повеќе одмага отколку што помага..
Да кажеш дека респираторот одмага е исто како да кажеш дека дефибрилаторот го гура во смрт некој што веќе му откажало срцето. Поентата на двете работи е што се последна станица пред смртта. Ако успее супер, ако не успее, се направило се што може и тоа е тоа, целта е да се пробаат, убаво објасни @faust.mephistopheles
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Респиратор ти е последна надеж. Тие што завршиле на него без него ќе умрат сигурно без никаков сомнеж, респираторот дава надеж. Кај нас сеуште е small sample size, но 20-50% од луѓето на респиратори преживуваат во светов што е многу подобро од скоро па 0% без нив.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208
Ова реторичко прашање ти е, или себе си се прашуваш?

Инаку не сакам да бидам злобен, ама со оглед какви се почитувачите на ликот и делото на Трамп, ќе бидат дел на обсервација при предавањата за Дарвин.
Купив 78.054 сапуни и 34.521 ролна тоалет, па сега си викам дали може да помогне превентивно сапунот нешто.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.725
Поени од реакции
19.033
Немците кријат бројки а ? Ако за убо, за арно да е.
Шпанија кутрите два месеци во карантин и никако да пркнат
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.135
Поени од реакции
34.636
На крај ќе испадне овој Вело во право дека респираторот повеќе одмага отколку што помага..
Бројките во други држави беа поинакви, чинам окулу ~60% од ставените на респиратор преживуваат.
Овде имаме она што го нарекуваат small sample size... A можеби има и нешто друго, Д-р Гатонини од Италија зборуваше за две манифестации на COVID-19, и предлагаше различни третмани. Можам подоцна да го побарам документот ако некој го интересира.



И идеата што си ја предложил би ја прифатил секако. Би било добро истиот тој херд имунитет да го создаваат млади луѓе, кога веќе неизбежно е дека сите ќе се заболиме. Во тој случај може некој постар човек и да не се зарази на сметка на здрав човек кој се крие у својот дом.
...
Инаку тргување со туѓи животи, хах. Со чиј животи тргуваш коа пиша дека никој немало да умре од глад. Ти може си финансиски обезбеден и со кров на глава, и те заболе за сиротињата што ќе остане на питачки стап. Секој си збори лично за себе и неговите дома, нема потреба у туѓо име да збориме тука.
Пази само, можеби не разбра целосно во минатиот пост. Во нашава хипотетичка ситуација ти си потпишуваш црно на бело дека прифаќаш да те заразат со цел да изградиш имунитет но истовремено се откажуваш од медицинска нега (кревет на интензивна нега и респиратор) ако тоа е на штета на некој што не се заразил намерно (а му требаат истите ресурси)... На пример ти можеш да имаш 25-35 години (на пример), ама без разлика на возраста во првиот момент кога ќе снема кревети и респиратори те дигаат и те носат во обична болничка соба на милост и немилост на богот Рандом (или кој бог го претпочиташ). Пошто си се согласил на тоа кога намерно си се заразил.

Слично е и сега со тие што со неодговорно однесување се заразуваат. Навистина не можеш да разбереш дека и тие неодговорните ги заземаат болничките капацитети - кои не се неограничени? Тоа што ти го предлагаш гарантира дека за поголемиот број од пациентите нема да има соодветна медицинска нега (кревет на интензивна нега и респиратор). Вклучително и тие што не сакале да се заразат, ама по сила на приликите се заразиле (можеби биле медицински/полициски кадар). Дали еве ти во корист на некој друг би се откажал од користењето медицинските ресурси, ако ти затребаат како последица од противење кон мерките?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.573
Поени од реакции
114.910
Отварање кафани во овој момент кадешто сеуште нема намалување на заболените од Корона е самоубиство. Да не се лажеме, нит некој ќе работи со 30% од капацитетите, а нит муштериите ќе почитуваат дистанца од 2 метра.

Отварање на кафани и кладилни овој период е крајно несериозно, знаејќи што стока сме од народ сме (без разлика на вера и нација) сите ќе испоцркаме за едно кафе и ливче спортска.
Не ај све ок, ете нека отворат да речеме, ама под претпоставка дека до тогаш ќе остане законот за лична заштита (носење маска и ракавици на јавни места), а ќе остане, која би била поентата на одење во кафич? Сите одиме барем со еден другар/другарка/дечко/девојка, преку маска ли ќе пиеме кафе? :D Форс е ова ама реално гледано постои контрадикторност која укажува на тоа дека мерката би била бесмислена во моментов. И тоа 30% од капацитетите е дискутабилно, еве кај мене има кафич со 5-6 маси, и сеа со евентуалната мерка колку ќе работат, маса и пол? Маса и две столчиња? :D Не сме ние за вакви мерки, кај нас или све гасиш и ништо не работи или си работи со полна пареа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom