Коронавирус (COVID-19)

Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Ако некого го интересира што е зборено на пресот на ЦЗ на Хрватска (кој може да се примени и кај нас, посебно со загадувањето на воздухот)

Krunoslav Capak komentirao je onečišćenje zraka jučer u Zagrebu.
"Mislim da bih trebao dati jednu širu informaciju o onečišćenju zraka koje se jučer pojavilo, to su sitne čestice prašine koje ulaze u plaća i aveole i mogu ući u krvotok. Izazivaju akutne i kronične repiratorne probleme. Dokazano je da uzrokuju kardiovarskularne probleme. Radi se o prekograničnom onečišćenju. Jučerašnja situacija bila je kritična, danas je bolja. Ne preporučujem nikome da ide van dok te čestice ne budu odnesene dalje na zapad", kazao je ravnatelj HZJZ-a.

и мерките во другите држави (на хрватски), официјално од хрватска страна
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.310
Поени од реакции
7.045
никој не е против печалбарите , ами против мерката КАРАНТИН во центарот на градот.............зошто за ваквата одлука не беа информирани граѓаните на Битола , па да се видеше кој е ЗА карантин во центарот на градот , а кој ПРОТИВ , туку сега да се "јадат" битолчани по статуси и коментари , исто и да се извртува вистината за КАРАНТИН ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ во наводно пцости и клетви против своите сограѓани - печалбари.............секој има право на мислење, ама ни тебаат ПРАВИЛНИ МЕРКИ да се заштитиме колку што е можно во кризно време
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498

Зошто да ве прашаат бе луѓе, радиоактивност ли емитираат вратените од Малта па ќе ви наштетат? Сфаќаш што значи дека седат во изолиран простор, никаде не се движат? Зошто сте саможивни толку?
 
Член од
10 март 2020
Мислења
127
Поени од реакции
188
Кажувам информација од прва рака , ...а не да се гадни туку најгадни се..цел простотилок и примитивизам собран на едно мало место без чуство за кохезија и сплотеност во вакви тешки моменти..луѓето се наши од Малта што останаа без работа а тука ги плукаат и кавжваат приказни што како...иначе не знам која ти е целта со оваа статистика шо ми ја кажваш..и јас сум од Битола и 100% знам како одат работите во овај гаден град .

Епинал е единственото место во градот каде што има капацитет да одржува толку луѓе во карантин на подолг период опфатено од секоја перспектива,и плус напротив е на перфектна локација бидејќи неможат да му избегаат од нигде..три излези севкупно има Епинал и полесно е за мониторирање....налет тоа луѓето се сите до еден прегледани и во Малта ситуацијата е буквално иста како овде во Македонија..не знам зошто луѓето дотолку испаничија како од Италија да доаѓаат...ама тое неписмен народ.
Mi olesni cim vidov deka si od Bitola ,znaci i ti si kako i nie GADNA
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.672
Поени од реакции
8.102

Sent from my iPhone using Tapatalk
Ајде можеби на време Србија не ја сфатиле сериозно работата но кога еве ја сфатиле работаат добро.
Ние можеби први ги затворивме кафиќите и рестораните за разлика од Србија ама пак според мене е добро реагираат. Тоа што салите ги прават изолациони сместувалишта е исто добро затоа што не се знае како ќе се одвиваат работите со вирусов. Не дај боже да се случи кај нив па ни кај нас она што на Италија им се случува по илјадници на ден да заболуваат.

Се сложувам со тоа дека е добро кај нас што се гради до клиника монтажно сместувалиште за да им биде се во близина на медицинските работници да не носат повеќе метри подалеку ама пак е добро ете и салата Борис А1 да биде опција плус за не дај боже.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
никој не е против печалбарите , ами против мерката КАРАНТИН во центарот на градот.............зошто за ваквата одлука не беа информирани граѓаните на Битола , па да се видеше кој е ЗА карантин во центарот на градот , а кој ПРОТИВ , туку сега да се "јадат" битолчани по статуси и коментари , исто и да се извртува вистината за КАРАНТИН ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ во наводно пцости и клетви против своите сограѓани - печалбари.............секој има право на мислење, ама ни тебаат ПРАВИЛНИ МЕРКИ да се заштитиме колку што е можно во кризно време
А кај да ги однесат кога само Епинал е хотел што ги исполнува капацитет и услови на подолг период??.зошто не рамислувате трезвено со ладна глава онака како возрасни луѓе за таквата одлука на надлежните?...онака да се сетите дека во Епинал е најлесно за мониторирање,за контрола,помал државен трошок и сите останати предности што се настраната на Епинал.....неможам да ве разберам буквално...никој со своја глава не размислува,сите сте водени од емоции и нерационалност.
Автоматски споено мислење:

Mi olesni cim vidov deka si od Bitola ,znaci i ti si kako i nie GADNA
Се разбира.
 
Член од
10 март 2020
Мислења
127
Поени од реакции
188
А кај да ги однесат кога само Епинал е хотел што ги исполнува капацитет и услови на подолг период??.зошто не рамислувате трезвено со ладна глава онака како возрасни луѓе за таквата одлука на надлежните?...онака да се сетите дека во Епинал е најлесно за мониторирање,за контрола,помал државен трошок и сите останати предности што се настраната на Епинал.....неможам да ве разберам буквално...никој со своја глава не размислува,сите сте водени од емоции и нерационалност.
Автоматски споено мислење:

Се разбира.
A uporno tvrdis deka Epinal e hotelot,jas mislam deka e hotel Sirok sokak,ali nema veze nema potreba da se vregame a najmalku ima potreba da gi vregame deckite sto se vratija od Malta voedno ni tie ne odbiraja kade ke bidat smesteni
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.434
Поени од реакции
11.352
Ајде можеби на време Србија не ја сфатиле сериозно работата но кога еве ја сфатиле работаат добро.
Ние можеби први ги затворивме кафиќите и рестораните за разлика од Србија ама пак според мене е добро реагираат. Тоа што салите ги прават изолациони сместувалишта е исто добро затоа што не се знае како ќе се одвиваат работите со вирусов. Не дај боже да се случи кај нив па ни кај нас она што на Италија им се случува по илјадници на ден да заболуваат.

Се сложувам со тоа дека е добро кај нас што се гради до клиника монтажно сместувалиште за да им биде се во близина на медицинските работници да не носат повеќе метри подалеку ама пак е добро ете и салата Борис А1 да биде опција плус за не дај боже.
таа несериозност скапо ке ги чини и се што прават сега е само да си го извадат гзот и тежок маркетинг му е ова, ако ја имаш опремата ова се прави за пола ден

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
A uporno tvrdis deka Epinal e hotelot,jas mislam deka e hotel Sirok sokak,ali nema veze nema potreba da se vregame a najmalku ima potreba da gi vregame deckite sto se vratija od Malta voedno ni tie ne odbiraja kade ke bidat smesteni
Не се вреѓаме другар,си дискутираме..јас кажав општо за Битолчани како луѓе не за тебе лично...едноставно пренесив информација и то е то.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Се кладам дека најмалку пола од тие што урлаат на статусот кај тој умс Битола што ја почна хајкава се рокаат со кого стигнат без заштита, мијат раце еднаш на ден и угостуваа Грци кога првично не беа затворени угостителските објекти.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.310
Поени од реакции
7.045
Зошто да ве прашаат бе луѓе, радиоактивност ли емитираат вратените од Малта па ќе ви наштетат? Сфаќаш што значи дека седат во изолиран простор, никаде не се движат? Зошто сте саможивни толку?
озрачени сме ние доволно овде, ковид 19 може само да не докусури

ти на форум даде проценка дека просторот е изолиран и дека има услови за карантин, тие што ќе ги услужуваат и обезбедуваат дека се згрижени и осигурани како треба..........Битола можам да речам и те како е дисциплинирана изминатиот период , плоштадите, улиците и парковите се штама, исто продавниците речиси никој да не купува, претежно до аптека и маркет се движат кој како има потреба, што ако има проблем со карантинот па целата дисциплина на градот се наруши ?? после нема враќање

луѓето овде и те како се загрижени, сите имаат по дома стари и болни кој од канцер кој од срце итн итн како сакате да реагираат на вакви непромислени одлуки кога се знае дека градот сеуште е на нула случаи како цивилно така и од страна на заболени медицински лица
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620
Значи каде ќе бидат сместени не одлучуваат ниту граѓаните ниту Владата. Тоа се оние хотели кој ќе се нафатат во оваа криза да ги сместат повратниците за 10 евра на ден со сите услови (3 оброка). Ете прочитав дека 40 луѓе од Малта се сместени и во Хотел Монтенегро во Велес. Значи како се пријавуваат газдите на хотелите, во зависност од групата и големината на хотелот така ги сместуваат. Дефинитивно на државата и фалат уште сместувачки капацитети, зошто слаб е одзивот на хотелите за 10 евра.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
озрачени сме ние доволно овде, ковид 19 може само да не докусури

ти на форум даде проценка дека просторот е изолиран и дека има услови за карантин, тие што ќе ги услужуваат и обезбедуваат дека се згрижени и осигурани како треба..........Битола можам да речам и те како е дисциплинирана изминатиот период , плоштадите, улиците и парковите се штама, исто продавниците речиси никој да не купува, претежно до аптека и маркет се движат кој како има потреба, што ако има проблем со карантинот па целата дисциплина на градот се наруши ?? после нема враќање

луѓето овде и те како се загрижени, сите имаат по дома стари и болни кој од канцер кој од срце итн итн како сакате да реагираат на вакви непромислени одлуки кога се знае дека градот сеуште е на нула случаи како цивилно така и од страна на заболени медицински лица
Како може да се заразат низ град ако:

а) Сите си седат дома;
б) Дојдените од Малта се во изолиран простор?

Ова некоја нова медицина е. Си има правила како изгледа изолираниот простор, не може ојле дојле да влезе и ојле дојле да излезе, кој од нив излезе ќе си лежи затвор.

Баба ми и дедо ми се по 80+ години дијабетичари и едниот со прележан мозочен удар, како и многумина од цела зграда таму живеат карши Ибис па глас не кренаа (што е и логично), вие се најдовте увредени.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom