Ја не сум експерт. Мене, добро ми личи ова.
Но, дали се земени во предвид сите фактори?
Ти наоѓаш некоја правилна прогресија. Врз неа ги темелиш резултативе.
Рачуницата, резултатите кои ги имаш пред десет дена се резултат, меѓу другото, на условите тогаш. Условите влијаат на резултатот. Условите, во случајов, се менуваат со историски невидена брзина. Од ден, во ден. Дваесет дена разлика - на двата краја не владеат исти услови. Мерките, општата информираност, свест и друго, ќе бидат различни денес, во споредба со пред десет дена. Исто како што ќе бидат различни десет дена во иднина, во споредба со денес. Значи, условите во првите десет дена, би требало постепено да се менуваат и втората десетка нема да има исти услови. Па нема да иде по твојата правилна прогресија.
Нема така правилна да биде, заради погоре кажаново.
Би требало бројките да се помали, за десет дена.
Од друга страна, можно е да има уште нешто што не е земено во предвид, а што ќе ја натежне работата на другата страна.
Јас само правам предикција според математиката што ми ја нудат историските податоци за грипов (Чисто математички, нема врска со медицина) . Значи прво ја гледам прогресијата како расте, во последните 6 дена прогресијата на смртност оди секогаш над 12.5% од бројот на досегашните мртви, и секогаш се накачува. Според тоа бројот на заразени пред 10 дена бил во сооднос на смртноста и прогресијата и ако продолжи вака, ќе биде драматично за 10 дена, а не гледам знаци на запирање...
Знаци на запирање на пандемијата ќе има во оној момент, кога бројот на мртви ќе се стабилизира, тоест нема да расте или барем ќе се намали тенденцијата на пораст. Тоа значи и дека бројот на заразени пред 10 дена се намалил... Додека не го видиме тоа, ситуацијата е алармантна...
Еве на пример денеска според прогресијата што иде последните денови, требаше да има околу 3000 мртви, а има 3150 до сега, тоа значи дека и мојата математика испаѓа оптимистичка во однос на реалните резултати...
Иначе е колку за илустрација колку е страшно, во граѓанската војна во Сирија, дневно во просек гинеле помалце од 300 луѓе.. во втора светска војна дневно околу 45К луѓе. Од Шпанската куга, естимациите се од 20К до 90К дневно.
Муабетот ми е дека некои луѓе покушаваат да ја релативизираат опасноста што ја донесе вирусов. Па ми споредуваат сезонски грип, па 5г тестирање, па чуда... Јас викам дај боже се у право тие што викаат дека не е опасна работата, а јас да грешам... ама секако мора да се заштитиме и да го почитуваме карантинот. Западниве држави колабрираа, па што останува за нас.
Според мене, доколку не се најде лек во следните месец дена, грипов тек ќе ги покажува забите. Ама искрено мене не ме плаши грипов, тоа ти е или џа или бу ситуација... Мене ме плаши што после грипот... Ако во светот општо оваа ситуација потрае до есен, ние како држава ќе колабрираме. Нема да има храна, пошто не произведуваме храна, а никој на светот нема да сака да ни извезе, пошто нели сегде е исто...