Имам впечаток дека на луѓето им е фенси-шменси да шетаат надвор накитени со ракавици и маски, како во некој дистописки, постапокалиптичен филм. Има ли некој на луѓето да им објасни дека нема никаква поента да носиш маски на отворено? Истотака со леснотија би се кладел дека праат повеќе штета, затоа што немаат никаква корист, од носењето на ракавици. Има две работи за тоа, се викаат сапун и вода. Како и да е, веројатно огромен дел од нас ќе се заразиме со коронавирус, и тоа треба луѓето да го знаат, зашто забележувам, психички ги отепаа со психозава која ни се случува, и мислат дека ќе се спасат од нешто кое е скоро неминовно да им се случи - порано или подоцна, малце нефер е, нели.