Коронавирус (COVID-19)

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.893
Поени од реакции
44.796
Дури и смешно е како си добил толку лајкови за ваков банален пост. Знам дека е џабе, ама еве ќе одговорам за последен пат и да ја затвориме темава зашто овде очигледно владее омразата и љубомората, а не сочувствувањето и здравиот разум.
Во стилот, "штом јас седам дома, и ти ќе седиш, цркни!"
Некако ми е жал сега што се избришани сите пцовки и вулгарности што беа постирани претходно, баш добро отсликуваа какви сме ние како народ.

"Кучкарите", драг Билбо, имаат реална потреба да ги изнесат милениците надвор, за разлика од овие што ги наброја. Не поради тоа што сакаат да седат во паркче пред зграда или да се возикаат со точак на полноќ туку затоа што во своите домови имаат живи суштества со реални физиолошки и психолошки потреби.
Колку и да тебе тоа нереално ти звучи, кучето не е некој приврзок кој го шеташ само за разонода. Неретко ние "кучкарите" правиме "жртва" и кучињата ги шетаме зашто тие самите имаат потреба, а не од наш ќеф. Ги шетаме и кога сме уморни и кога е ладно, и кога врне, и кога не будат рано сабајле, и кога е касно и ни се спие. Затоа што секој еден хуман и одговорен сопственик на куче тоа треба и мора да го прави. Така да таа привилегија како што ја нарекуваш, не е ништо повеќе од една секојдневна обврска.

За сите други што ме цитирале и се чудат зошто не може пред 21:00 да се прошетаат кучињата, на кратко.
Дали сте помислиле дека полицискиот час можеби ќе се помести и ќе почнува порано, да речеме од 18:00? Дали сте помислиле дека има луѓе над 67 години кои чуваат кучиња, а кои сега не смеат да ги прошетаат после 11 саат сабајле? Дали сте помислиле дека има луѓе што одат 2ра смена на работа и се враќаат дома во 21:00? Дали сте помислиле дека има кучиња кои што од X причини мораат да одат повеќе пати да мочаат? Дали сте помислиле зошто земји како Италија во кои се случува невиден хаос, сепак имаат веќе воведено ваква отстапка?

За крај, совршено ми е јасно дека некој што не чува куче ич не го боли за овој проблем и најмалку што сака да чита овде е дали некој може да "си се шетка" со кучето или не. Тоа е нормално. Ама она што не ми е јасно е зошто истите тие луѓе се мешаат во проблеми кои ги немаат и не можат да ги разберат, па уште и солат памет и сеат навреди? Исфрлете си ги фрустрациите и омразата од себе на друг начин.
5273fe17785b4.jpeg

Има поента постов, нарочито со поместувањето на полицискиот час како и оние повозрасни луѓе кои исто имаат куче дома. Ваљда ќе го регулираат ова, ако добро разбрав и во другите земји им се дозволува на тие со милениче дома да излегуваат и во период кога е забрането, баш поради ова.
Не гледам каква штета би нанеле ако излезат на 5-10 минути пред зграда и се вратат дома, што не значи дека истово треба и да се злоупотребува, нарочито од тие што имаат сопствен двор а излегле да се шетаат низ маало. Така излегување стриктно пред зграда ја лично би дозволил, шетање низ рандом улици подалеку од сопственото живеалиште, како и шетање низ улици а притоа имате двор у никој случај.
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
Ракавици носам бидејки со нив не се чешам по носот, не се допирам по лицето. Без ракавици, тоа го правам инстинктивно и несвесно.
Ама со ракавиците допираш се останато наоколу себе, и ако било каде си го залепил коронавирусот, или било кој друг инфективен предизвикувач, ќе го рашириш на се што ќе допреш. Освен ако не менуваш ракавици после секој контакт, миење на раце е многу побезбедно од носење ракавици.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.476
Поени од реакции
3.287
Ве молам не ја ширете, се чувствував должен и затоа го напишав постот, кој сфати сфати, кој не сфати или не сака да сфати во круг ќе ја врти дискусијата до бескрај.
Инаку отстапката секако дека би се однесувала само на одреден радиус од адресата на живеење, никој не бара ништо повеќе, но тоа мора да биде регулирано со закон.
Се извинувам до модераторите ако повторно потегнав ваква "тривијална" тема, доколку има понатамошна дискусија може мислењата да се префрлат во некоја од темите во подфорумот за миленици.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.250
Поени од реакции
15.331
Berzite se dobar indikator na sostojbite....od denes naftata blago počnuva da poskapuva

Se nadevam deka toa e pokazatel na namaluvanje na rastot na zaboleni vo svetski ramki
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.893
Поени од реакции
44.796
Не може да се испегла пошто и другите ќе посакаат пред зграда да излезат, а и нема некој пред зграда да те чува да не се рашетуваш (меркава и сега не функционира пошто сигурен сум дека по маркети пред малку видов постари луѓе од 70 тина години како се рашетуваат). Постар човек, над 67, може од 5 до 11 слободно да го шета кучето, сигурно не оди на работа. Имам комшии кои излегуваат сабајле во 5-6 да ги шетаат кучињата, после работа може уште еднаш кај 5 - 6, ако се сака се може, се друго е аздисување.
Не знам како да ти објаснам дека невозможно е некој кој е стар, и смее да се движи од 5 сабајле до 11 сабајле, притоа да има куче, истото своите физиолошки потреби да ги извршува само во тој дел од денот. Ова и никад да не си имал куче би требало да го знаеш, а ако си чувал воопшто и не би дискутирал на оваа тема. Нема шанси од 11 попладне, до 5 сабајле следниот ден, кучето дома да седи без притоа да кења или моча. :)
Во тој контекст треба да се испегла ова и да има одредени луфти, конкретно за тие што се во зграда а имаат миленик, не и тие во куќи со дворови.

Плус, ко што си пишал и самиот, вчера конкретно во центар и пред полиција после 9 излагаа луѓе од згради со кучиња на 5 до 10 минути и се прибираа, со лична карта кај живеат, имале разбирање џандарите и ги пуштале без проблем после легитимирање. Џабе се драми толку, ко што имаат луфта во други земји каде исто има полициски час, така и тука таа луфта и простор си го добиваат, иако не е прецизирано дека е дозволено.
 
C

CoolIris

Гостин
Оптимист сум и сакам да не сум во право, ама истовремено се трудам да бидам и реалист, барем колку можам. Иако брзо реагиравме и навремено беа превземани драстични мерки за разлика од другите држави, нешто ми вика дека нема да бидат малку. Не ми е за верба, кога една Италија и Кина не можеа да се справат.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.136
Ама со ракавиците допираш се останато наоколу себе, и ако било каде си го залепил коронавирусот, или било кој друг инфективен предизвикувач, ќе го рашириш на се што ќе допреш. Освен ако не менуваш ракавици после секој контакт, миење на раце е многу побезбедно од носење ракавици.
Да но ракавиците кога ќе ги извадиш рацете ти се чисти а и не е природно со ракавици да почуствуваш потреба за лице да се фатиш, јас се кладам дека 90 посто од населението не ги мие рацете цела минута како што е објаснето дека потребно за да се отстрани потенцијалниот вирус така да мислам дека ракавиците се баш од корист во ситуацијава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom