Денес конечно видовме малку посериозно прашање од новинарите. Мене ме интересира, нашиве новинари се толку глупи, така им е наредено да прашуваат, или навистина ги интересира дали може да реновираат?
Зошто никој не праша со колку респиратори располагаме? Колку од нив се во функција? Колку доктори и сестри се обучени за работа на интензивна нега? Имаме ли тим што е обучен за работа во кризни ситуации? Недај боже да ни се деси и 20% од тоа на Италија, каде ќе се сместат заболените? Имаме ли толкави капацитети?
Доколку е потребно ќе има ли можност да се набават дополнителни респиратори? Какви мерки се превземаат за оние што не го почитуваат изолирањето?
Многу сериозни и битни прашања се изоставуваат.
Мислам дека дур верглаше Филипче за клеветите. Ете тоа беше серизно прашање.
Нели приватните, зборам и тоа за софистицираните клиники нудат се во моментов. Убаво го праша овој, зошто баш ГОБ, на располагање има и приватни клиники кои се поопремени од државните.
И прашањето за кадарот дали знае да ракува со такви вентилатори беше за аплауз.
Затоа што кај нас нема толкав кадар за вентилатори кои се софистицирани/нова технологија.
Се знае каква опрема медицинска имаме, освен онаа што ни е донирана, и е ван употреба во напредно здравствените земји.
Еднаш донесоа од тужие портабл апаратите за витални функции, апарат за транспорт на пациент, ама нова технологија. Овие нашиве беа ".... чекај ова дугме е за пуштање, чек овде да стегнам да видам шо че биди..."
Реалноста е таа