Вонредната ситуација и последиците од неа ќе одземат многу повеќе животи отколку што би одзел корона вирусот, кој е пак ќе кажам преувиличен од стравот и паниката која владее кај луѓето.
Имавме војна 2001 па не се прогласи вонредна состојба, сега за еден вирус сличен на сезонски грип се прогласува вонредна состојба, дај не заебавајте.
Затварањето на сите тие бизниси кои во моментот не работат ќе значи еден огромен број на пропаднати фирми, луѓе кои ќе останат без работа, цели семејства кои и така одвај сврзуваа крај со крај ќе немат никакви приходи и ќе гладуваат, ваков случај имавме со ТАТ во минатото а последиците од пропаднати семејства и самоубиства кои следуваа беа катастрофални и тоа само во крај Пелагонија, еми какви ќе бидат ефектите во цела Македонија, луѓе кои нема да може да си обезбедат егзенстициалните потреби, неможност да си обезбедат лекарства и соодветно лекување, самоубиства на очајни луѓе ќе бидат неколкукратно поголеми од колку што короната може да одземе во полн потенцијал, но сетоа тоа ќе остане незабележано во нормалното секојдневие на жал.
Економијата со ваков непотребен притисок која и така ни е слаба и кревка, само ќе ја убиеме по брза постапка, поради тоа што дозволуваме основните инстинкти и стравови на човекот како битие, да го надвладеат здравиот разум.