Коронавирус (COVID-19)

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.485
Поени од реакции
3.299
епа сеа ти кажувам,што објавуваат официјални извори.Руските т.е Новосибирските научници се први што го дешифрирале вирусот до крај,и на основа на тоа е приготовен лек.
Некако премногу нереална ми е таа вест, да не кажам научно-фантастична, ама ајде да не бидам паметњакович, дај боже да е така како што викаш. Меѓутоа една Кина уште нема ни В од вакцина а они почнаа да работат на тоа уште пред да се рашири вирусот било каде. А за тоа што треба клинички тестови да помине евентуалната вакцина пред да се пушти во оптег да не прајме муабет.
Плус сега викаш лек, а претходно рече дека народ масовно ќе се вакцинирал.. Две различни работи се тоа.
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.325
Поени од реакции
13.243

ок да се поправам не вакцинира а инјектира лек,затоа што според моја глупа логика се што е на игла априори е вакцина...
пишувам тоа што читам и шренесувам искуство.
Глеам и на @Almeida не му се свиѓаат мој коментари.
Но нејсе во некоја друга прилика за руски лекарства што се банирани у ЕУ а решаваат многу.
Толку од мене.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.300
Поени од реакции
19.768
Незз дали е вистина, во Малта им наредиле на сите странци што работат во фирми затворени ради корона вирус да го напуштат островот.:(
Брат ми е таму досега нема добиено никакво инфо, газдата им рече дека ќе им исплати се досега што имаат сработено, оти изгледа затвора фирмата на неопределено, и за било какви финансиски средства кај него да се обратат, кирија и слично.
Им кажа да си купат неоходни работи да не трошат на глупости пари оти не де знае до кога ќе трае ова.
Е сега тој е со ограничен престој, можно е да му прават проблем кога ќе се враќа назад, ако стварно државата апелира да го напуштат сите странци местото
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Некако премногу нереална ми е таа вест, да не кажам научно-фантастична, ама ајде да не бидам паметњакович, дај боже да е така како што викаш. Меѓутоа една Кина уште нема ни В од вакцина а они почнаа да работат на тоа уште пред да се рашири вирусот било каде. А за тоа што треба клинички тестови да помине евентуалната вакцина пред да се пушти во оптег да не прајме муабет.
Плус сега викаш лек, а претходно рече дека народ масовно ќе се вакцинирал.. Две различни работи се тоа.
Дај бе излезете од тој филм со Кина више еднаш.Една Кина ако немала вакцина до сега и другите немале
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Филипче вика ја пуштиле првата пациентка излекувана, по направена снимка немала големи последици. А малите последици какви се?(n)
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Не знам дали кај нас има такви белегзии затоа што имам комшија што е во домашен притвор (ујдурмите со УЈП пред година и нешто) и доаѓа полиција да го провери во рандом делови од денот дали е тука.
Барем се почна со контрола, ваљда ќе се опаметат малце идиотите шо дојдоа од страна да не се шетат кај ќе стигнат, да застанат дома
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.300
Поени од реакции
19.768
Барем се почна со контрола, ваљда ќе се опаметат малце идиотите шо дојдоа од страна да не се шетат кај ќе стигнат, и да застанат дома
Ќе се опаметат сега од кога направија растур на пола држава, море кривично да ги гонат сите до еден
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.775
Поени од реакции
37.769
Докторке, викаш у тоа моторите остануе некое вирусче?
,, .... Скопскиот аеродром доцна синоќа ги прими последните патници по одлуката на Владата да биде стопиран авио сообраќајот во земјава како една од мерките за спречување на ширењето на корона вирусот. Летот од Базел, Швајцарија ги донесе последните патници во земјава ..,,
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Има фајде од маскиве со импровизација кај што е отворено да се стави повеќеслојна заштита од марама/ткаенина или нешто друго. Пошто гледам по светов носат homemade маски направини од 2-3 вида на толетна хартија и влажно марамче ?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.033
Поени од реакции
8.352
Најглупото ми е користењето на маски и ракавици сега овој период бидејќи никој не знаеме ни да ги користиме. Маскиве обични медицински вади извади, ставај ја на врат и нормално се прават лом, прљави колку сакаш. Ракавициве некој со нив и го држат цигарето се фаќаат секаде со нив. Сигурно има и такви што работат во лебариве, бурекџилници и други млечни ресторани после вакви работи правење со ракавици ќе фаќаат храна. Не дека и со гола рака е добро да се фаќа храната а таквото нешто беше секојдневие пред да се појави вирусов нити можеби миеја раце. Сепак ми е непотребно носењето маски и ракавици за секој на кој и не му биле предходно пред вирусов многу од корист.

Прифаќам само ракавици носење кај оние што работаат со храна која не е херметички затворена, кај оние што работаат со земјоделие а ракавици и маски прифаќам само кај медицинските лица од секаков вид работно место во таа бранша.
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.811
Поени од реакции
25.270
Не знам дали кај нас има такви белегзии затоа што имам комшија што е во домашен притвор (ујдурмите со УЈП пред година и нешто) и доаѓа полиција да го провери во рандом делови од денот дали е тука.

Vi staviv statija predhodno kako toa se pravese vo singapur. Telefonski mora da se javi geolokacija mu se proveruva i se konrolira... Koj ne slusa ogromni kazni i zatvor a ako e stranec proteruvanje.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.668
Поени од реакции
59.772
ЕУ подобро нека се расформираат после кризава да не лажат народ и да не се лажат самите себе си. На Италија и беше потребна итна помош а тие заседаваат како Народен Фронт на Јудеја кога го распнуваа Брајан.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.804
Поени од реакции
2.373
Ќе има прес Филипче за 15тина мин, односно во 18.00
 
Kajgana Shop

На врв Bottom