Коронавирус (COVID-19)

Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Ми се чини дека споредуваш бројка на починати од грип за цела година со бројка на починати за месец дена од корона. Така изгледа споредбата што ја правиш
Не јас, вие ја правите споредбата таква. Значи споделив линк наназад, каде што пишуваше преку 68.000 лица умреле само од грип во рок од 4 години. Се знае кога е сезона на грип, сигурно не јули и август...
На светско ниво имаме починати 1.000.000 од грип и цигари, па никој не паничи, имаме други позаразни болести кои шараат, па никој не дига паника.

Ја стварно не знам колку пати да се објасни дека за вирус нема лек, симптоматологија лечиш.
Медицинарке ти благодарам, само каде јас тоа барав да ми дадеш/кажеш за лек. Јас дури и искрено ти честитав за симптомите лечење, што фактички тоа го прави медицината.
Значи НЕ ги лечи причините, туку симптомите. Е сега другиве како ќе те сфатат и дали ќе сфатат нешто не знам јас тоа :toe: Јас затоа си прашувам, глуп сум и сакам од почеток основите да ги научам.

Е сега дали тоа има некаков ефект, или контра ефект лечење на симптомите. Можно ли е тие истите бактерии/ невидливи вируси коишто милиони години се тука и се приспособени на секакви услови и се приспособуваат на нови, кога ќе им шибнеме хемиска терапија, дел од нив да си мутираат, да си се приспособат како што впрочем и тоа прават милиони години. Плус со мутацијата, можно ли е да предизвикаат полоши симптоми и поопасни последици...
Ова логички го прашувам, не сум медицинско лице.
 
B

Beginner

Гостин
Парична казна за две лица од Гевгелија, кои по враќањето од Германија не останале во изолација
Обвинетите на 13 овој месец со авионски лет допатувале од Германија, земја со висок ризик на зараза, на Меѓународниот аеродром во Скопје. Покрај упатството со кое им било укажано за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, тие не постапиле по Одлуката на Владата за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус. Во критичниот период од 14.03.2020 – 17.03.2020 година контактирале со повеќе лица, дури и биле во Отсекот за управни работи во Валандово. Со овие дејствија обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар.
Се надевам дека немаат гниди фали уште и сите маркети и аптеки да ги прошетале.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.435
Поени од реакции
5.468
Пред COVID-19
Mедицинска маска за еднократна употреба - 1 ден.
20 маски - 20ден.

Денес
Mедицинска маска за еднократна употреба - 45 ден.
20 маски - 900ден.

Дали некој ги контролира аптеките?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.511
Поени од реакции
18.776
Пред COVID-19
Mедицинска маска за еднократна употреба - 1 ден.
20 маски - 20ден.

Денес
Mедицинска маска за еднократна употреба - 45 ден.
20 маски - 900ден.

Дали некој ги контролира аптеките?
Аптеките не се тие кои ги поставуваат цените
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.384
Поени од реакции
7.017
А така ли се рачунало, така ли се умирало од грип, преку цела година со ист % :aplauz:
Со сила тераш некој инат или си петарда некоја? Грипот го има од 10-11 месец, до 4-5 месец скоро. Тоа ти се некои 8 месеци. Е сеа бројките секојдневно им растат по 300+ починати. Ако грубо за цел месец заокружиш 3000 починати, а ќе бидат повеќе од тоа, за тие месеци кога има и грип би имало некаде од 21000 до 25000 починати. Е сеа проблем друг е што никој не знае дали виросот ќе се изгуби или намали со топлото време. Може ќе го снема ко и предходните што се појавуваа и ги снемуваше. Тоа е една од најбитните разлики меѓу вирусов и сезонски грип. Друга битна разлика е што вирусов е доста позаразен од грип. Многу полесно се шири. Дека се крева преголема паника е јасно, пред се ради Италија. Сите мерки се преземаат и треба да се почитуваат за да не се преоптовари капацитетот на болниците, па да имаш ситуација ко во Италија, да луѓе лежат во кревети во ходник или во инвалидски колички и да се бира кој ќе преживее, а кој не. Иначе реалната бројка на заразени е далеку поголема од онаа официјалната. Со тоа и смртноста е далеку помала од официјалната. Кога ќе се најде соодветен лек вирусов ќе биде на ниво на обичен грип, ако се појави пак.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174
Не јас, вие ја правите споредбата таква. Значи споделив линк наназад, каде што пишуваше преку 68.000 лица умреле само од грип во рок од 4 години. Се знае кога е сезона на грип, сигурно не јули и август...
На светско ниво имаме починати 1.000.000 од грип и цигари, па никој не паничи, имаме други позаразни болести кои шараат, па никој не дига паника.
Другар многу мешате работи кои не се поврзани. Значи неможе да правите такви споредби и да се тешиме со тоа. Исто ко споредба со сообракајки на годишно ниво што ми прават :facepalm: Колку за споредба, 68,000 / 4 год = 1416,6 годишно. Значи не ти држи муабетов, едноставно..

Друго, паника се прави бидејќи за краток период има многу мртви за нов вирус за кој се свесни дека немаат вакцина ниту лек. Се шири без да знаат кога се точни симптомите (не знаат 100%, нагаѓаат), не знаат дали со сигурност го имаат младите и/или го пренесуваат и не покажуваат симптоми, незнаат дали може да мутира у нешто полошо.. Незнаам ни 50% од тоа што треба, ново е уште.

За 2 месеци се пренесе толку многу што европски држави се пред колапс. За време на обичен грип не глеам држави паники да прават и да кажуваат ќе ги лечат само оние што мислат дека ќе преживеат. Да беше нормално, намаше Кина цел пазар, цела индустрија, производство да затвори. Свесни се дека е заебано и дека цела економија пати.
 

JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
Наместо прво да искочи министеров за здравство да извести за актуелнава состојба со вирусов,прес прават за влезов во Нато(нешто што беше прашање на време и чиста формалност) :facepalm: , јебало вас Нато.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Снимајте ги старциве и ставете на интернет.Низнам на кого треба да се јавите и да ги пријавите.
Среќа моиве паничат за секакви работи, и не мрдаат од дома.
Од позиција на образуван човек, почитуван од пријатели, колеги, познаници, со цел интегритет тврдам дека возраст на човек во однос на совест и интелигенција не значи НИШТО.
Глуп чоек е глуп и на 10 и на 80 години и све меѓу тоа.
Меѓу другото, не се работи за немање страв, туку за немање самопочит, а со тоа ни сочувство, ни почит кон другите. Дури дел од нив се спремни одма да влезат у жолчна расправа со вулгарности за да ти докажат дека се у право. Има еден член на форумов бтв, што ја пуни темана за 5Г со такви бљувотини - е, на такви мислам.
Да видам полиција да ги крши со пендреци ќе излезам да аплаудирам како на лекарите исто.
Неразбирање на поимот "колективно добро" и "заедничка корист" - решавање само со стап.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Е сеа проблем друг е што никој не знае дали виросот ќе се изгуби или намали со топлото време. Може ќе го снема ко и предходните што се појавуваа и ги снемуваше.
Значи се гледа историски како било, чим САРС марс, птичји, свински, ги снемало во тие сезони и овој ќе го снема.
А ако идеме под претпоставки, ебате професионалците.
Како и да е мамката е лапната, нареден период кога ќе заврши лудилово со короната, кога народ ќе се олабави очекувајте нервозни црева од сегашниот стрес.
А тек после ќе видиме другите последиците од лудилово неосновано.

Колку за споредба, 68,000 / 4 год = 1416,6 годишно. Значи не ти држи муабетов, едноставно..
Ти научи математика, па после муабет.
Кај виде сообраќајки, од каде видовте дека лесно се шири..од ноември- 15 март колку има...
Секоја година има милијарда од обичен грип заболени, а умрени иди број ги.

Значи многу работи "не се знаат" ама битно паника сега ќе дигнеме. Како не знаат а дигаат паника, зашто па баш овој период...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
12 гости имал у моментот кога дошле да го уапсат, вчера.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Според мене, не знам дали некој друг има пишано ама од оние кои напуштиле земја, голем број се транспортери на стока (камионџии).
Имам другар шофер кој е на оптег МКД-БГ еднаш неделно, потпишуваат изјава дека при влез во Бугарија, мора да седат 3 дена во самоизолација (ваљда камион). Не знам како ова со „три месеци да не смееш да се вратиш во државава“ ќе влијае на нив.

Многу работи кажуваат, малку ги пресликуваат во пракса и дел од нив им се и непромислени (според мене) и на форс донесени. Сепак, не треба да им се земе за зло, сепак е критична ситуација а на нас е да им помогнеме (да бидеме совесни и свесни за ситуацијата).

Иначе, луѓето од Аеродром пуштени вчера околу 1 по полноќ. Два пати се извршени тестови во клиника на 7 лица, два пати негативни резултати. Станува збор за две фамилии, пет члено (албанско) и дво члено (македонско). При само слетување, влегла полиција во авион ги прозвало по презиме, ги собрало сите 7 и на клиника на тестови. Едниот од албанците цел лет се заебавал како ќе пренесе корона и се смеел :facepalm::facepalm::facepalm:.

Моја претпоставка а и на многу е ваљда дека од Брисел знаеле од каде се дојдени тие, само сакале да ги качат и да се отарасат од нив. Иначче, за албанското семејство се знае дека се од северна Италија, отидени до Брисел да фатат лет. За Македонското неам инфо али ништо чудно и тие истото да го имаат направено.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174
Ти научи математика, па после муабет.
Во една година има 12 месеци. 4 години се 48 месеци. 68,000 поделено со 48 месеци = 1416,6

А за ваквите ко тебе што се прават паметни и глумат хард кор демек ништо не е, а од дома не си излегол 2 месеци, би ги затворил со 10 заболени, во 2на2 соба, намерно.

И незнам зошто вакви ко тебе се упорни.. Ако цел свет затвара граници и го фаќа паника, значи има нешто.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
645
Поени од реакции
2.080
И Воена состојба да прогласат,пак ќе биде исто со раздвиженост поради овој стока од народ.Се додека не умре некој,па као глувци дома да се затворат.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Имам другар шофер кој е на оптег МКД-БГ еднаш неделно, потпишуваат изјава дека при влез во Бугарија, мора да седат 3 дена во самоизолација (ваљда камион). Не знам како ова со „три месеци да не смееш да се вратиш во државава“ ќе влијае на нив.
Нема за нив да важи, ќе има отстапки. Се нагласи дека е за приватни патувања.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom