Не јас, вие ја правите споредбата таква. Значи споделив линк наназад, каде што пишуваше преку 68.000 лица умреле само од грип во рок од 4 години. Се знае кога е сезона на грип, сигурно не јули и август...Ми се чини дека споредуваш бројка на починати од грип за цела година со бројка на починати за месец дена од корона. Така изгледа споредбата што ја правиш
На светско ниво имаме починати 1.000.000 од грип и цигари, па никој не паничи, имаме други позаразни болести кои шараат, па никој не дига паника.
Медицинарке ти благодарам, само каде јас тоа барав да ми дадеш/кажеш за лек. Јас дури и искрено ти честитав за симптомите лечење, што фактички тоа го прави медицината.Ја стварно не знам колку пати да се објасни дека за вирус нема лек, симптоматологија лечиш.
Значи НЕ ги лечи причините, туку симптомите. Е сега другиве како ќе те сфатат и дали ќе сфатат нешто не знам јас тоа Јас затоа си прашувам, глуп сум и сакам од почеток основите да ги научам.
Е сега дали тоа има некаков ефект, или контра ефект лечење на симптомите. Можно ли е тие истите бактерии/ невидливи вируси коишто милиони години се тука и се приспособени на секакви услови и се приспособуваат на нови, кога ќе им шибнеме хемиска терапија, дел од нив да си мутираат, да си се приспособат како што впрочем и тоа прават милиони години. Плус со мутацијата, можно ли е да предизвикаат полоши симптоми и поопасни последици...
Ова логички го прашувам, не сум медицинско лице.