Ова ќе беше голем проблем, маски нема ни за лек. Јас не купив ниту една, зашто нели велеа да не се носат маски, дека не штитат, и сл. Ама сега морам да одам на работа, а директорот вика: мора да носиш маска по пат. И така, вчера и денес се убив од барање, за да не го слушам пак зошто не сум носел, ама нема. Се јавив во сите аптеки од кои најдов број, дури и побарав од матичниот стоматолог и матичниот лекар (зашто ептен ми се блиску), они не даваат зашто едвај нашле.
Да објавам оглас: мењам тоалетна хартија, или латекс ракавици за заштитна маска?