Се вратив од Дубаи пред неколку дена, таму значи никој не се замара, еден куп луѓе, кај и да одиш луѓе околу тебе, редици, гужва.. и пак ништо не е затворено, сите атракции си функционираат, метрото си работи, не се превзимаат никакви мерки, нема паника. А толку развиена држава, ем нели спаѓа во "средно ризични земји".
Се враќам во вукојебината, што да видам, испаничени говеда, мерки за затварање на локали и се живо и диво, макарони, шпагети, тоалет и паштета испокупено, абе што да ти расправам.. најмил ни е нас животот на македончињата.
Па и ги читам на социјалните мрежи, агресивни се станати, паника левел максимум, пцујат и колнат по се живо и диво, посебно по одредени локали кои изјавија дека ќе работат или по локалите кај што има гужва. УЖАС!