Коронавирус (COVID-19)

Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Се вратив од Дубаи пред неколку дена, таму значи никој не се замара, еден куп луѓе, кај и да одиш луѓе околу тебе, редици, гужва.. и пак ништо не е затворено, сите атракции си функционираат, метрото си работи, не се превзимаат никакви мерки, нема паника. А толку развиена држава, ем нели спаѓа во "средно ризични земји".
Се враќам во вукојебината, што да видам, испаничени говеда, мерки за затварање на локали и се живо и диво, макарони, шпагети, тоалет и паштета испокупено, абе што да ти расправам.. најмил ни е нас животот на македончињата.

Па и ги читам на социјалните мрежи, агресивни се станати, паника левел максимум, пцујат и колнат по се живо и диво, посебно по одредени локали кои изјавија дека ќе работат или по локалите кај што има гужва. УЖАС!
Шпанија
FB_IMG_1584041985418.jpg
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.283
Ако веднаш се преземат радикални мерки, пред се за десоцијализација, ќе биде штуро и пусто ко у Италија, но без натрупани болници, без здравствен систем пред распад, без пола доктори болни и сл. Другата опција е - да биде ко у Италија, ем штуро, ем безнадежно, во контекст на здравствениот систем и број на заболени.
Трето нема, гледам како се развиваат работите во Словенија, на пример.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Прегледај го приврзокот 237713

зошто е во ред да се паничи во Македонија
Сестра ми работи со 30 пациенти во просек, дневно, тој просек деновиве е до 50 пациенти. Немаат ниту маски ниту ракавици. Тоа што успеа сама да купи, не и стигна.
Македонско здравство ама без паника.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Јас мислам редно е да се обратиме до Кина и др земји за помош, Мислам дека нема да им се сроне бисерот ако побараат помош од земји кои се ван нивниот фетиш - ЕУ, НАТО.
 

Кригла1988

Екипа 4600
Член од
5 јуни 2015
Мислења
53
Поени од реакции
79
Да ве прашам, дали берберниците и фризерските салони мораат да работат?
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
870
Поени од реакции
1.378
Избегавајте ги Гостивар Дебар па и Тетово по секоја цена. Исто, и истокот и источните села се за избегавање. Каратманово, па надолу Кочани Делчево Виница.. се живо е вратено од Италија. Верувам дека има заболени ама поима немаат а и мислат дека е грипчето, ќе видиме за 1 недела
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Прегледај го приврзокот 237713

зошто е во ред да се паничи во Македонија
https://www.aftonbladet.se/nyheter/a/6j7KBL/larmet-fran-sjukhusen-allvarlig-bristsituation-pa-kort-och-lang-sikt

Во превод, со 700 заболени ( и тоа ова откако вчера објавија дека ќе тестираат само тешки случаи ) Шведска се соочува со недостиг на медицински материјали.

Значи доста какање за нешо што е глобален проблем, не е само во МК.

И тука се купува панично, и јас искрено се спремам пошто сигурна сум дека за некој ден ќе букне ненормално тука.

89031611_1560763890739963_3516466445959561216_n.jpg

89227431_2785263094884232_4798237463367647232_n.jpg

89511161_137720987629689_479808771074293760_n.jpg

/SPOILER]
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Напротив Кочани, Виница, Струмица и Делчево има најмногу што ќе дојдат од Италија. Ене ги плачат по групите дека нема што да прават таму, досадно и се било затворено. Ќе си дојдат и ќе акаат по гости.

Преку Хоргош ќе навалат, а на другите граници ги враќаат. И оваа треба да ја затворат.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom