Коронавирус (COVID-19)

Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Да можев 100 лајкови толку ќе ти дадев. Медал за постов заслужуваш. Самосвесност треба.
Јас ќе преживеам, што е со хронично болните, коморбидитет групата на луѓе. Тоа е себичност но како што велиш, амебата ќе преживее.
Знам сурово ќе звучи, ама зашто 1000 да бидат затворени дома, кога нели е поедноставно тие хроничните + над 65г да си седат изолирани.
Јасно ми е болно е за родител, ама кој е себичен во примеров....
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.308
Поени од реакции
3.064
го линкував ова пред 5-6 дена и одма тука ми се нафрлија, ама еве го пак го пишува на нет, а има и потпишан кој стои зад преводот од Глобал Тимес..

KINEZI NAKON OBDUKCIJA: RIJEČ JE O HIVU I SARSU. I PREŽIVJELI MOGU IMATI POSLJEDICE
**********************************************
ZNANSTVENICI: VISOKE TEMPERATURE I VLAGA NEĆE UBITI CORONU
ќе ги намалат настинката и грипот
па полесно ќе се открива коронавирусот ???
Друже странава од кај шо ги вадиш статииве многу легитимно изгледа некако, човек да се загрижи.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
@Krstev да бидеме реални, гуска е многу блага навреда за некој кој свесно се заакал во Италија периодов.
Мислам дека цела реплика (оваа што ја цитираш) ми е избришана пошто го вреѓав малце идиотот за да се осети како е да го вреѓа некој, мислејќи дека е безгрешен дојде на темата и почна да плука по таа жената - која и да е. Така и почнав да му реплицирам, дека истата испаничила и се вратила. НО во сета таа паника разумно постапи што веднаш замина на клиника.

Од друга страна, ајде кажи ми те молам, имаш доктор специјалист - башка директор кој замина италија за шетање и се врати семинари да држи. Е ТАА да ја наречиш гуска, не некоја постара госпоѓа која си се врати дома и веднаш се упати на клиника. ДЕСЕТ пати најмалку била попаметна, попрактична и поодговорна. Проблемот е што тргнавме со осуди кон неа наместо со разбирање и соочување со проблемот.

Тоа што ни спиеа на уши институциите во тој период, друго 20.

Целосно го сфатив, ти не ме сфати што сакам да ти кажам. Затоа реков, контрадикторен си.
Посочи што е точно контрадикторно, не тврди нешто без аргументи.

Се согласувам и дека треба да се направи на светско ниво во ист период. Но што ќе биде тогаш со последиците? Како имаш замислено дека сето тоа ќе функционира? Зависни сме сите едни од други. Во тој случај секој би си гледал за себе, мислиш дека некој ќе и помогне на Република Македонија?
Тебе ти е грижа да се реши проблемот најбрзо можно? Или ти е грижа за нешто трето?
АКО се развлекува работата со месеци ќе имаш ДАЛЕКУСЕЖНО поголеми последици врз здравјето на народот и врз економијата на глобално ниво. АМА изгледа тоа е целта, ретко кој ја сфаќа - за жал ;)


Не ми се допаѓа тоа што така ноншалантно кажуваш дека од вирусот ќе отидат јабана оние кои се хронично болни, несовесни и без хигиенски навики. Сакаш да кажеш дека мајка ми, со висок притисок и шеќер е комплетно несовесна, без хигиенски навики и ако умре никому нема да му биде жал? Сурово и егоистично, пак ќе кажам.
Ми ги извртуваш зборовите или?

ДА, ќе отидат јабана хронично болните, тие се таргет групата на овој вирус. Нешто нејасно?
Мајка ти со висок притисок и мајка ми и сите постари кои си имаат хронична болест поврзана со респираторниот систем првенствено има ГОЛЕМА шанса да го наебат.
Ако тоа што го читаш не ти се допаѓа, тогаш ИЗВИНИ.

АМА пред да ми ги извртиш зборовите или да ме протолкуваш погрешно (сеедно), дозволи уште еднаш да ти потенцирам зошто е тоа така.
Тоа е така пошто без разлика јас и ти колку ќе бидиме одговорни и без разлика колку и јас и ти и домашните наши ќе одржуваме лична хигиена, ќе се појави некое копиле кое шета по кафичи и ќе ни пренеси од вирусот мене или тебе, а ние истиот ќе го пренесиме дома. ТОЛКУ е едноставно.
ЗАТОА и треба да се прогласи 5 недели карантин на светско ниво, ама тој филм тешко ќе го видиме.




Него ти си портпарол на госпоѓата докторка или?
Не ја ни познавам.
Не знам ни дали е докторка или не.
Ќе мора да те разочарам, не сум нејзин портпарол.
Ти смета што ти ја спомнав и моето мислење?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Можеби и прекршочна точка ќе е дали и колку души заразила директорката. Ако заразила, потоа заразените со кого биле во контакт и така може да се изгуби синџирот и не може повеќе да се следи.
Ќе видиме од понеделник натака што ќе биде, мене најшубе што се вика ми е од лекарите на кожно кои биле во контакт со докторкана, и тие држеле амбуланта и се рашетувале по конзилијарно и други клиники.

Во Словенија се откажани сите операции освен нели тие за кои не смее да има чекање со цел ем да се имаат капацитети ако затребаат а и да не се закомплицира нешто кај некого. Имам колешка од Љубљана што има астма и гледам букирала до април work from home. :/
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Човекон нема ни срам ни перде. Од про коронаш стана најголем анти коронаш. Почна да бриши и мислења. Какво лицемерие.
@Ilumious Битно немам ни перде ни срам.
Можеш тоа да го оставиш да стои така. Нека трепка.
Репликата моја со навреди кон „безгрешниот ни хулијан“ е океј што ја избриша - и требаше.

А ова дека немам срам, перде и дека сум лицемер слободно остави го. Лично, не ми смета. Сериозно.
Само покажува двојни аршини при модерирање. ;)
 

Annik Honoré

In Floyd I trust!
Член од
29 септември 2014
Мислења
538
Поени од реакции
1.484
Знам сурово ќе звучи, ама зашто 1000 да бидат затворени дома, кога нели е поедноставно тие хроничните + над 65г да си седат изолирани.
Јасно ми е болно е за родител, ама кој е себичен во примеров....
Сарказам?


Има коморбидитет група што немаат ни 30 години.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Знам сурово ќе звучи, ама зашто 1000 да бидат затворени дома, кога нели е поедноставно тие хроничните + над 65г да си седат изолирани.
Јасно ми е болно е за родител, ама кој е себичен во примеров....
Еве јас ќе одговорам за мајка ми. Не користи јавен превоз, не само сега, воопшто. Секаде оди пешки за да одржува здравје.
Последните 4 дена храна и купува сестра ми, за да не оди во маркети.

Се грижи за себе и доволно е свесна за се. Не се сите пензионери без совест и осет.
Може да бидат и другите свесни за да не загрозат никој!
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Значи алал им вера на Кинезиве. Покажуваат чоештина и солидарност.


Хахахахах алал им вера вика, секоја втора епидемија од кај нив искача, алал им вера...тоа се вика damage control.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Индивидуалната одговорност не треба да се гледа само од здравствен аспект. Колку повеќе ќе се ограничи ширењето на вирусот, помали ќе бидат последиците на тоа што ќе дојде после него.

Нов економски крах е веќе неизбежен, што побрзо се консолидира светот од вирусот, полесно ќе се справи со тоа што следува.

Економијата на Италија е партал во моментот, и веројатно уште неколку години после ќе трпи страшни последици, и така не им беше розово и досега.

Не е „само грип и готово“, туку потенцијална опасност за крах на најпрво цел здравствен а после и на цел социо-економски систем.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
Од една страна мразам шпекулации и чаршиски муабети за вакви работи ама од трет човек од Мак. Брод веќе слушам дека во Пласница или некои од селата таму имало заболени вратени од Италија. Колку и да менаџираат добро за сега, пак ова е Македонија и којзнае што све поминува вака зад кулисите.

Од европскиве држави гледам два различни пристапи тераат. Едни како Шведска, Холандија, Германија со полабав пристап и без многу ограничувања и други земји ко Словенија, Македонија и ете Словачка со екстремни мерки.

Ако се суди по искуството во Кина, единствен начин да се запре ширењето на вирусот е со екстремни мерки и рестрикции.
 

Annik Honoré

In Floyd I trust!
Член од
29 септември 2014
Мислења
538
Поени од реакции
1.484
Еве јас ќе одговорам за мајка ми. Не користи јавен превоз, не само сега, воопшто. Секаде оди пешки за да одржува здравје.
Последните 4 дена храна и купува сестра ми, за да не оди во маркети.

Се грижи за себе и доволно е свесна за се. Не се сите пензионери без совест и осет.
Може да бидат и другите свесни за да не загрозат никој!
Не сакаѓжм да вреѓам воопшто. Но оваа е типичен случај на амеба.
Не ја сфаќа сериозноста на ситуацијата дека тие 1000 што ќе се шетаат надвор дома ќе донесат.

Само со инка не се тура. Ignorance is a bliss.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.155
Поени од реакции
30.290
Од една страна мразам шпекулации и чаршиски муабети за вакви работи ама од трет човек од Мак. Брод веќе слушам дека во Пласница или некои од селата таму имало заболени вратени од Италија. Колку и да менаџираат добро за сега, пак ова е Македонија и којзнае што све поминува вака зад кулисите.

Од европскиве држави гледам два различни пристапи тераат. Едни како Шведска, Холандија, Германија со полабав пристап и без многу ограничувања и други земји ко Словенија, Македонија и ете Словачка со екстремни мерки.

Ако се суди по искуството во Кина, единствен начин да се запре ширењето на вирусот е со екстремни мерки и рестрикции.
Moze ovie severnjacive namerno se labavi, za migrantite da se istrebat :D
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Од европскиве држави гледам два различни пристапи тераат. Едни како Шведска, Холандија, Германија со полабав пристап и без многу ограничувања и други земји ко Словенија, Македонија и ете Словачка со екстремни мерки.
Словенија со екстремните мерки - денес имаат нешто помалку од сто, а школите од понеделник ќе ги затварале.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.532
Поени од реакции
18.789
За сите што се во фазон "хехе млад сум ништо не ми е", имам познаник 21 годишен (не од МК), без претходни хронични болести што во моментов е во домашна изолација и вели дека не е баш како обичен грип туку пекол - дадена му е маска за кислород затоа што дишењето му е ептен отежнато.

Не е кај секој вирусот стигнат до бели дробови, има некои што не ни примеќаат и како настинка ќе им дојде, ама подобро да не си играме коцка со срањево.
Чекај малце, во домашна изолација е а заразен е со вирусот ????
 

Kajgana Shop

На врв Bottom