Сигурно не го сфати напишаното во делот на полни маркети и кафичи. Полни се оти се пристапува кон тоа да му оставиш на некој да бира дали ќе оди во маркет и кафич или не. Забрани му, ќе видиш дали ќе бидат полни.
Целосно го сфатив, ти не ме сфати што сакам да ти кажам. Затоа реков, контрадикторен си.
Во вакви ситуации не му оставаш на амеби да бираат што ќе направат туку ќе му кажиш каде му е местото. Затоа Кина е Кина, а Македонија е тоа што е - макар и северна да ја наречиш.
Апсолутно целосно се согласувам со тебе тука. Ама пак ќе кажам, зборуваме за држава, на чело со министер, кој почитува протоколи.
И повторно, НЕМА да има ова никаков ефект ако се направи во сите држави во различен период. Треба на светско ниво да биди во ист период направено за да имаш некој ефект... Инаку мкд замисли затвора граници 3-5 недели (небитно)... а либерална Шведска се рашетава ваму таму.... и затвора после месец дена рецимо.... што добиваш? Добиваш луѓе кои после тоа време ќе ти дојдат тука и повторно ќе ти шират вирус.
Тоа е и намерата, глобално ширње паника.
Од вирусот и онака ќе одат јабана само оние кои се хронично болни, комплетно несовесни и без никакви хигиенски навики. Останатите ќе си бидат на две нозе и функционални, откако ќе прележат.
Се согласувам и дека треба да се направи на светско ниво во ист период. Но што ќе биде тогаш со последиците? Како имаш замислено дека сето тоа ќе функционира? Зависни сме сите едни од други. Во тој случај секој би си гледал за себе, мислиш дека некој ќе и помогне на Република Македонија?
Не ми се допаѓа тоа што така ноншалантно кажуваш дека од вирусот ќе отидат јабана оние кои се хронично болни, несовесни и без хигиенски навики. Сакаш да кажеш дека мајка ми, со висок притисок и шеќер е комплетно несовесна, без хигиенски навики и ако умре никому нема да му биде жал? Сурово и егоистично, пак ќе кажам.
Затворање граници и полициски час можи да се направи на глобално ниво - ќе има резултати. Но, уште од почетокот на вирусот и со неговото ширње се оди истовремено и на ширење на масовна хистерија, кревање паники и никакво придонесување во однос на лична хигиена и грижа за тоа кај ќе одиш и со кого контактираш
Уште од почетокот на вирусот, не се пристапи сериозно во светот, токму заради тоа сега се соочуваме со последиците.
Еве и на темата ќе видиш еден куп мислења од луѓе. Некои придонесуваат, други се загрижени, трети (за жал поголем дел на почеток, сега не толку) шират паники...
И треба да ги сфатиш и таквите и малце да ги шамараш со зборови за да се свестат дека НЕ е крај на светот, ама и во исто време да разберат дека не ги мразиш или омаловажуваш оти се паничари туку тоа е природа и карактер. Едноставно такви се.
Корист од такви немаш, штета колку сакаш. Со еден таков реплицирав и јас на темава и голем дел од репликите беа заебанции за да сфати колку е илузорно да мисли дека е крај на светот ама пошто очигледно не сфати престанав и да реплцириам. НЕМАШЕ ЦЕЛ, никаква.
Секој има право да си го искаже своето мислење. Нормално е, различни луѓе, различни карактери, различни размислувања. Јас целосно почитувам туѓо мислење, но истовремено сум спремна да го кажам мојот став и да го бранам, тоа е всушност целта на дебатирање.
Ти, на пример, се препуцаваш со Бјонс и ја нарекуваш докторка и не знам како... (јас не знам дали е докторка или не, ама нема потреба да ја пецкаш ничим изазвано) и без разлика дали ти или таа сте во право во однос на медицинскиот дел кој го дискутирате треба да знаете дека нема некоја цел во муабетите додека некој таму ве чита и не можи да разбери како тоа допринесува и за самата тема и за било што.
Јас на пример не се препуцавам со никого. Прашав конкретно прашање, за пневмонијата како една од компликациите на вирусот, но не добив одговор, наместо тоа бев дрско нападната дека политизирам. Прашањето и го поставив, затоа што прилично долго време го читам форумот, без разлика што не сум пишувала до сега. Значи, имам претстава за каков профил на личност станува збор. Него ти си портпарол на госпоѓата докторка или?