Со оглед на капацитетите на нашата мила Северна Македонија, ...
Ај да не ти кажам тоа “Северна“ кај да си ги пикниш, пошто не е за тоа темата.
А за да се превенира, се што треба да се направи, се направи. Останатото останува на народот.
НЕ е точно дека е направено сè што треба да се направи и УШТЕ ПОНЕТОЧНО е дека треба да се остави работата на нардот.
Народот, како што видовме и од оваа тема, генерално е неинформиран и уште позначајно ПАНИЧИ.
Тука треба да постапат институциите и државата пред сè и над сè во однос на одговорно однесување.
Се знае, полициски час и чао. Затворање апсолутно на тоа што мрда и не мрда во државата едно 5 недели и фала чао.
НЕ можи еден министер (макар и Филипче да е) да ја оправи работата со апелирање. Човекот е присебен и одговара смирено, не шири хистерија, советува што да се превземи. НАРОДОТ, го прави сосема спротивното.
И колку треба да си опериран од мозокот за да оставиш на народ? Се виде од народот.
- Маркетите фул полни.
- Кафани и кафичи фул полни.
- Болни луѓе одат на работа. (еве кај мене семинари се држеа во полна сала и тоа замисли просветни работници ги држеа - па сега види им го ти паметот)
- Екскурзии за 8 март колку сакаш
- Кладилници, казина, шопинг центри отворени.
Е не можи на народ да оставиш. Тој народ 20 години се поздравува со раце и со гушкање, ти диши во врат кога си на шалтер во банка, фрла смет по улица, мисли дека со лук и ракија се решаваат проблемите и споделува икони на фб со коментар „АМИН“ под нив. ЕДИНСТВЕНО нешто што ќе направи тој народ е што ќе шири паника, тоа и го прави впрочем.
Цаката е, супер, ќе направиш карантин едно 5 недели, како во Италија (али касно се сетија жабарите) и после тоа моли Бога следен пат кога ќе ти влези некој во државата да не ти дише во врат и да не ти пренеси нешто пошто повторно ќе си добиеш вирус.
Кога веќе е пандемија требаше на глобално ниво да воведат забрана за сето ова погоре објаснато едно 5 недели, па после да се справуваат со последиците. Битно ќе го стопираа вирусот.
Кинезите успеаа да го направат тоа во самото жариште. Во милионски град. Го направија оти имаат дисциплина и цел живот се учени на дисциплина, АМА најповеќе го направија оти има систем и НЕ оставија на народот, а исто и НЕ коментираа на форуми и на фб колку е паметен и убав министерот и како тоа тој направил се' што може за да се превенира па останува на народот колку ќе прифати.
Личното воспитание, личната хигина (менталана и телесна) се една работа, а способното раководење со држава и на светско ниво со ваков вид на пандемии е сосема трето нешто.
п.с. и да, малку коментари имаше на темата ама ова ќе има сериозни последици врз економијата и тоа е таа „економска криза“ која ја најавуваа во 2020 ама ако одам во таа насока ќе испадни муабетот “теории на заговор“ и слично, за што не е ни време ни место.
хинт: НИТУ една држава (освен италија пошто му гори под нозе) не направи мерки како кинезите. Сте се запраше зошто? Ене ја онаа амебата Витанов постира видео од аеродромот во Виена, си функционира СЕ. Зошто? АКО е толку страшно, ако е пандемија ... ако е смак света дрн дрн дрн ЗОШТО не затворат граници, граѓаните дома на глобално ниво па да видиме дали еден респираторен вирус ќе можи да ги падне на колена функционални држави како Франција, Германија, Шведска...
ПАНИКИ колку сакаш за грип, а никој не паничи за сопствената глупост и ширењето на истата, комбинирана со хипохондични манифестации на загриженост за сопствениот газ - истовремено НЕпридонесувајќи кон поголема општествена свест и одговорност за проблемот со кој е соочен.