Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Нели официјалното име на државата е Република Северна Македонија, кажав нешто
...не оспорувам, за надворешна употреба- ДА, не за Кајгана форум...знаеш кој го потенцира тоа тука? ... ај самата ќе видиш!
Тоа што вие го очекувате да го направи не се прави преку ноќ.
... знаеш кога се појави коронавирусот во Кина? преку ноќ ли? ...колку време имаше министерот да биде спремен СЕГА, м? почеток на декември, сега сме средина на март, колку е тоа временски? тоа е преку ноќ, за да нема заштитни маски, респираторни апарати и други медицински работи што секој ден ќе се појават како дефицит?
 
Последно уредено:
...не оспорувам, за надворешна употреба- ДА, не за Кајгана форум...знаеш кој го потенцира тоа тука? ... ај самата ќе видиш!
Ха, немој само да ми кажете дека вие сте таа која мене може да ми кажува како јас треба да се изразувам на форумот?
 
Возраста на населението, поголем број на луѓе со хронични заболувања, пушачи, се си има влијание.
Разбирам се тоа ама не правиме муабет за мала разлика, туку за разлика каде што на едно место процентот е 6% на друго е 0,01%. Испаѓа дека во овие држави живеат само 20годишни што не е така и дека топ не ги бие. Како да Хитлер бил во право дека ариевската раса се супериорни во споредба со другите.
 
Разбирам се тоа ама не правиме муабет за мала разлика, туку за разлика каде што на едно место процентот е 6% на друго е 0,01%. Испаѓа дека во овие држави живеат само 20годишни што не е така и дека топ не ги бие. Како да Хитлер бил во право дека ариевската раса се супериорни во споредба со другите.
Поздрави се Кинезите само ориз јадат :) не стварно не знам, моја претпоставка а и од шо можев да прочитам низ нетот е тоа од погоре.
 
Добро сеа, не треба да се претерува со паника. Мерките не се за да не се излегува надвор, дури и добро е да се излегува на сонце, свеж воздух. Работата е да не се бутаат луѓето во гужви, по кафичи, ресторани, дискотеки, кина, театри, затворени простории каде луѓето се блиску едни до други. Филипче баш го напомена тоа.
Луѓето, поготово младите треба да разберат дека колку и да не е опасен вирусот за нив, сепак е лесно пренослив и со самото тоа ги доведуваат во опасност ранливите категории. Пред се нивните родители, баби, дедовци. После луѓето со хронични болести, поготово на дишни органи кои се загрозени без разлика на возраста. Во опасност ги ставаат и луѓето со тешки заболувања.
Иначе причина за ваквата ситуација во Италија е баш неодговорното однесување на луѓето, кои и покрај предупредувањата си тераа, а кога прогласија карантин во одредени зони, они бегаа во други делови од Италија. Друга работа е што има премногу туристи од секој континент.
Кога станува збор за тестирањето на луѓето од Корона и муабетите од пред некоја страна зошто не се тестираат сите одма, него се ставаат во изолација, колку што можев да разберам е затоа што потребните работи за тоа се увезуваат и се во ограничен број, така што мора паметно да се користат, така е тоа секаде, луѓето се ставаат во изолација, за да не се донесат државите у ситуација да нема како да се открива вирусот.
јас само ќе кажам, истото го збореа и тука во Италија пред две недели
 
Еве што треба да се направи...

Да се надоврзам само што објавија и фризерските салони од утре во Дебар немат да работат
 
Последно уредено:
Сегде низ светот врти овој хаштаг, "седете си дома" ама кај нас на Балканот и во јужните земји во Европа му цртаат како да ги мијат рацете и све и пак не разбираат,шо семка ќе бевме
 
Иначе се' супер што затвориле кафичите и рестораните во 18 часот, а што правиме со казината и кладилниците ? За нив очигледно ништо не важи, а баш таму е најнечисто.
 
Со оглед на капацитетите на нашата мила Северна Македонија, ...
Ај да не ти кажам тоа “Северна“ кај да си ги пикниш, пошто не е за тоа темата.

А за да се превенира, се што треба да се направи, се направи. Останатото останува на народот.
НЕ е точно дека е направено сè што треба да се направи и УШТЕ ПОНЕТОЧНО е дека треба да се остави работата на нардот.
Народот, како што видовме и од оваа тема, генерално е неинформиран и уште позначајно ПАНИЧИ.

Тука треба да постапат институциите и државата пред сè и над сè во однос на одговорно однесување.
Се знае, полициски час и чао. Затворање апсолутно на тоа што мрда и не мрда во државата едно 5 недели и фала чао.

НЕ можи еден министер (макар и Филипче да е) да ја оправи работата со апелирање. Човекот е присебен и одговара смирено, не шири хистерија, советува што да се превземи. НАРОДОТ, го прави сосема спротивното.
И колку треба да си опериран од мозокот за да оставиш на народ? Се виде од народот.

- Маркетите фул полни.
- Кафани и кафичи фул полни.
- Болни луѓе одат на работа. (еве кај мене семинари се држеа во полна сала и тоа замисли просветни работници ги држеа - па сега види им го ти паметот)
- Екскурзии за 8 март колку сакаш
- Кладилници, казина, шопинг центри отворени.

Е не можи на народ да оставиш. Тој народ 20 години се поздравува со раце и со гушкање, ти диши во врат кога си на шалтер во банка, фрла смет по улица, мисли дека со лук и ракија се решаваат проблемите и споделува икони на фб со коментар „АМИН“ под нив. ЕДИНСТВЕНО нешто што ќе направи тој народ е што ќе шири паника, тоа и го прави впрочем.

Цаката е, супер, ќе направиш карантин едно 5 недели, како во Италија (али касно се сетија жабарите) и после тоа моли Бога следен пат кога ќе ти влези некој во државата да не ти дише во врат и да не ти пренеси нешто пошто повторно ќе си добиеш вирус.
Кога веќе е пандемија требаше на глобално ниво да воведат забрана за сето ова погоре објаснато едно 5 недели, па после да се справуваат со последиците. Битно ќе го стопираа вирусот.

Кинезите успеаа да го направат тоа во самото жариште. Во милионски град. Го направија оти имаат дисциплина и цел живот се учени на дисциплина, АМА најповеќе го направија оти има систем и НЕ оставија на народот, а исто и НЕ коментираа на форуми и на фб колку е паметен и убав министерот и како тоа тој направил се' што може за да се превенира па останува на народот колку ќе прифати.

Личното воспитание, личната хигина (менталана и телесна) се една работа, а способното раководење со држава и на светско ниво со ваков вид на пандемии е сосема трето нешто.

п.с. и да, малку коментари имаше на темата ама ова ќе има сериозни последици врз економијата и тоа е таа „економска криза“ која ја најавуваа во 2020 ама ако одам во таа насока ќе испадни муабетот “теории на заговор“ и слично, за што не е ни време ни место.

хинт: НИТУ една држава (освен италија пошто му гори под нозе) не направи мерки како кинезите. Сте се запраше зошто? Ене ја онаа амебата Витанов постира видео од аеродромот во Виена, си функционира СЕ. Зошто? АКО е толку страшно, ако е пандемија ... ако е смак света дрн дрн дрн ЗОШТО не затворат граници, граѓаните дома на глобално ниво па да видиме дали еден респираторен вирус ќе можи да ги падне на колена функционални држави како Франција, Германија, Шведска...

ПАНИКИ колку сакаш за грип, а никој не паничи за сопствената глупост и ширењето на истата, комбинирана со хипохондични манифестации на загриженост за сопствениот газ - истовремено НЕпридонесувајќи кон поголема општествена свест и одговорност за проблемот со кој е соочен.
 
... знаеш кога се појави коронавирусот во Кина? преку ноќ ли? ...колку време имаше министерот да биде спремен СЕГА, м? почеток на декември, сега сме средина на март, колку е тоа временски? тоа е преку ноќ, за да нема заштитни маски, респираторни апарати и други медицински работи што секој ден ќе се појават како дефицит?
Е навистина многу неубаво од ваша страна што откако ќе ви одговорам се редактирате и правите измени.
Точно знам кога и како се појави вирусот во Кина. Да, баш преку и ноќ и не знаеја што ги снајде! Кина, светска велесила му подлегна на вирусот и не знаеја што ги снајде. А сега, сведоци сме дека истото се случува и во Еворпа. Никој не е спремен, може само да се превенира поголема катастрофа.
И уште не ми е јасно како вас како докторка не ве интересираат медицинските теми туку политизирате таму кај што најмалку треба. Докторка, на медицината не и треба политика!!! Од политика си патиме.
 
Што е полошо, да купуваш ПО МАЛКУ секој ден ИЛИ да се снабдеш ЗА- 5-6 дена ???
 
Имам едно прашање посебно до постарите на форумот, памти ли некој вакви превентиви да се вршеле и на претходните пандемии, некако како светот да е ептен на нозе кренат, страшно изгледа сево ова или има нешто што не го кажуваат да не се ствара поголема паника или медиумите социјалните мрежи најповеќе си го прават своето.
Онака ме интересира, дали и за друга пандемија, епидемија се кренало толку прашина и се превземале вакви мерки. Буквално кај да се свртиш за корона се збора, на тв и реклами почнаа да даваат, јас барем не се сеќавам вака да било некогаш.
 
Можи да не ја загадувате темата со лични препирки? Модератори се слушаме ?
 
Ај да не ти кажам тоа “Северна“ кај да си ги пикниш, пошто не е за тоа темата.
Ова мора да е некој заговор против мене. Политика не ме интересира, еве нека биде Република Македонија, една и единствена, во век и векови. Амин! Вие не сфаќате што ви зборувам.
Без разлика дали е Македонија, Северна или Јужна, Тодоров или Филипче, ВМРО или СДСМ, тоа воопшто не треба да е тема на муабет. Проблемот е надпартиски.

Туку така да се затворат граници преку ноќ не може, зависни сме сите едни од други, посебно мала државичка како нас Република Македонија. Зависиме од другите, сакале или не, сфатете и прифатете го тоа. Постојат протоколи. За разлика од Италија и Кина кои затворија училишта и факултети, после неколку илјади пријавени случаи, ние тоа го направивме многу порано. На само 7 случаи.

И многу си контрадикторен, викаш не е до народот, а после викаш полни маркетите и кафичите, па ако не е до народот ондак ја не знам до кој е?

За жал, на крај ќе мора да се превземат и најрадикалните мерки кај нас. Ќе бидиме затворени сите дома, две три недели, надвор ќе има полиција...... поинаку за нас не бидува.
 
За два месеци може да се реши работата, тоа е прогнозата од Кинезот што бил главен за решавање на ситуацијата таму, АКО сите земји реагираат агресивно како Кина. Но, тоа не се случува моментално, додека не избие ептен хаос не реагираат државите, тука мислам на карантин и полициски час пред се. Значи ќе трае барем дупло подолго. Којзнае колкави ќе се економските последици, кај што сме дно, па уште да пропаднеме во државчево, катастрофа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom