Четворица починати, 19 нови случаи на ковид-19 и 16 оздравени во последните 24 часа
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 16 оздравени пациенти од кои во Скопје-7, Куманово-1, Тетово-3, Велес-1, Кочани-1 и во Неготино-3. Починаа четворица пациенти, а регистрирани се 19 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство.
Во ГОБ „8 Септември“ починала пациентка од Скопје (65) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73) кој бил во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Прилеп (41) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.
Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а новите 19 регистрирани случаи на ковид-19 се во Скопје-11, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-1, Струмица-1 и во Виница-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, бројката на оздравени пациенти е 1.367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381.
Направените 512 теста се преку: ИЈЗ –235, Ветеринарен факултет -15, Авицена –15, Биотек -48, Филип Втори (Жан Митрев) –53, Систина со PCR метода -31 и МАНУ -115. Досега во земјата се направени вкупно 22.767 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 27 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 2, a со потешка клиничка слика се уште 4 пациенти.
Многу починати за жал...А и процентот на заразени никако да падне убаво...Од 270 тестови ако ги исклучам градинкиве 19 нови заразени.Скопје лом праи