Коронавирус (COVID-19)

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.612
Поени од реакции
7.743
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.197
Поени од реакции
84.092

после толку џамии што им даде Груевски да изградат тука, ова е најмалку што можат да поможат
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.059
Ван Хул изгледа, долго време не работеле поради корона кризава и таман почнале се појавиле неколку позитивни случаи
Таа е, ми потврди денес еден што работи таму.
За кратко време имаат десетина заболени од различни сектори.
Еден е на респиратор, уште еден со потешка слика.
Повеќето биле помлади и без некои претходни проблеми.
Кај другите се манифестирало со ден два температура и омалаксаност.
 
S

ski

Гостин
Ова со ифтарите што се прави е само натпревар и фалење за фејсбук.

-елхамдулиллах брат љеље што сум правел го собрав цел населба за ифтар види на фејбљук сљики колку гољем мусљиман сум бил.

-Ајјј субханаллах валла брат голем халлал си го праел сега на Љуљзим ке му кажам каков себап си го правел.

Поради оваквите големи верници Скопје ке стане ново жариште и ке си се шири вирусов на големо,нема да знаат од министерството ни од кој кластер се инфицираните ни кој како се заразил по шо за бајрамов една фамилија ке иде на традиционални посети кај десет други фамилии.

Ке биде интересен следниов период.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Не ми е јасно ова, нели главната поента беше да не се преоптовари здравствениот систем, за да не трпат поитните случаи кои не се поврзани со КОВИД? Затоа и беа воведени сите мерки и полициски часови, за да се спречи масовно ширење низ народот и нормално, да се заштитат ранливите категории. Или па случајов е некаков исклучок и има уште нешто што не се кажува јавно, којзнае.

Знаеме сите во каква мизерна состојба е здравствово, ама има(ше) релативно мал број на случаи кои завршиле во болница и на кои им треба(ше) интензивна нега, ама апсолутно во ниеден момент не беше (и не е) преоптоварен здравствениот систем како во други држави.

 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Фабриките нели почитуваа процедури, средства за заштита и дрн дрн јариња?
А ЕБР нека не ги црнат метли ко Шеќеринска, буквално ги изнашетаа од Дебар, Струшко до Прилеп и Куманово, па карантин пратњи, некои дури и во период од недела дена сите овие места, задачи.Од прославата било:facepalm:
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Имам впечаток дека голем дел од популацијата во државава навистина нема претстава на кое дно ни е здравството. Пандемијава наместо одблиску да ги долови недостатоците, на крај се претвори во реклама за една утопија во која што имаме најспремен здравствен систем на ниво да одговори дури и на глобални закани од овој тип, каде што здравствените системи на ултра богати држави потклекнаа, нашиот систем се покажа како поефикасен и успешно ја неутрализира заканата до тој степен да сега можеме слободно да планираме избори.
Некој дури и со сиот ум мислеше дека пандемијава ќе испрати порака која што ќе допре до сечија свест, ќе ги променела навиките на народот и уште поважно, ќе ја потврдела важноста од континуирано инвестирање во здравството. Вака ова поглавје полека се затвора, а со тоа се враќаме и на старите навики по кои што толку плачевме додека седевме затворени дома.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Не ми е јасно ова, нели главната поента беше да не се преоптовари здравствениот систем, за да не трпат поитните случаи кои не се поврзани со КОВИД? Затоа и беа воведени сите мерки и полициски часови, за да се спречи масовно ширење низ народот и нормално, да се заштитат ранливите категории. Или па случајов е некаков исклучок и има уште нешто што не се кажува јавно, којзнае.

Знаеме сите во каква мизерна состојба е здравствово, ама има(ше) релативно мал број на случаи кои завршиле во болница и на кои им треба(ше) интензивна нега, ама апсолутно во ниеден момент не беше (и не е) преоптоварен здравствениот систем како во други држави.

Имаше неколку поста во темава кајшто беше пишано дека не снимаат ни под разно на магнетна, со претходни закажани термини, во ниедна од државните болници во Скопје. Ова беше во април кога дали имаа 30 души по болниците од корона хоспитализирани.
Не ме чуди ситуацијата со жената ич.
Тоа дека ние сме требало да не го оптоваруваме системот важи во земји кајшто тој систем функционира. Кај нас е глупост, и така не работеа, сега бар имаат изговор за да не работат.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Немогуче... нека ги видат подобро тие резултатите, нема шанси Струга литијата да не ги преполна болниците и да не ги исцрпи респираторите. Тоа требаше вториот бран да биди, првиот беше кога во пикот се причестувавме и бакнувавме икони, тогаш ги преполнивме и ВИП Арена и СЦ Јане Сандански и Градски стадион.

И овие што се заразиле од Чаир кој дел го прекршиле од најновата препорака на Филипче дека треба да научиме да живееме со вирусот, посебно сега пред избори кога вирусот на sleep mode ќе биди, дури да поминат.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.721
Преска го гледам пресот на Филипче зошто не можев да го гледам денски на работа и некако дали мене така ми се чини или општо таков е човекот ладен мраз а бе си вика вирусот е тука ке си остане ти ке речеш портпарол на СЗО е, и некако како само да му е битно да не му се оптерети здраствениот систем.А тука му растат бројки на дневна база дали од ифтари или од други работи не е битно,битно е што сепак случаи има и веќе граѓаните покажуваат општа непослушност кон мерките со оглед дека и полицијата си е к.р ми е двор ми е и кога ке ги видам нив заедно по тројца а маските на грло тоа кажува се.Си размислувам и си викам чекај ако сега имаме реално така голем број на случаи со сепак некој рестриктивни мерки па што ке биде после бајрам и кога ке пуштат се живо и диво да работи.Замислувам недела дена ке има контрола по ова кафичите и кога ке почне таму крај јуни и почеток на јули,август тоа ке биде веќе се вратено во нормала само со голема разлика што ке има смртоносен вирус кој ке се шири и лом ке праи меѓу нас.А за изборите не сакам ни да помислам што ке биде таа калакурница.
Ке се подели и народот ненормално а проблем ке биде што доста и работат заедно и ке биде незгодно интересно.Пример јас се чувам може и више од нормално и за себе и за постарите дома а колеги мои помлади и роднини ич не им чуе и они знаат дека вирус нема и ова е местенка.Како ке живееме во таа нова нормала на Филипче реално не знам и се плашам дека идеме на полошо ако во брзо време не добиеме по некое чудо некој лек или дај дај дај Боже да го снема ова ѓубре од вирус и да се опуштиме малце и да почнеме да ги цениме правите вредности во животот за кој пред ова не ни ги приметувавме.

Извинете за предолгиот пост :)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.201
Поени од реакции
8.295
Нашето патешествие од Лондон преку Софија па се до карантинот во Охрид.

Е па вака.
После 2 ипол месеца на море во карантин дојде ред да си одиме дома, околу 90 Македонци. Патешествиево почнува во Англија каде 4 огромни автобуси дојдоа не донесоа до аеродром на фин и културен начин се качивме на авион во две групи. Првата беше поголема и летавме од 8 сабајле а другата од околу 30 луѓе во 1 и 30 попладне. Слетавме во Софија со првава поголема група. Бугарската Полиција не пречека и одма измери температура не остави на културен начин настрана да поминеме пасошка контрола, надвор од аеродромот имаше 2 автобуси каде можеше да се купи вода сок и слично. На пат до Македонска граница застанавме на Бензинска да си докупиме ствари и не донесоа до Бугарска граница каде што не оставија и ни беше кажано: Минете пешки граница и на вашата ве чекаат автобуси. Сега почнува да работи македонскиот менталитет. Ги поминуваме двете граници не чекаат 3 автобуси. Господинот што работи на граница или началник како што слушнав да му се обратија некој од колегите не праша со колку автобуси дојдовме од Софија. Нормално одговорот беше 2 и во истиот момент кажа дека и ние ке си одиме со 2 а 3тиот да биде за втората група. Шоферите пробаа да му објаснат дека нема место за куфери, за луѓе кај да седат на пристојно растојание и слично. Началникот извика: Нека седат по куфери горе нека се снајдат. Го наполнивме цел автобус со куфери и без воздух и место кај да поминеш по целиот автобус го довикав и му реков : Господине што ако се случи нешто и мораме одма да испаднеме од автобусот. Ме погледна и се повлече не добив одговор. Се договараа едно 20 мин и дојдоа до заклучок дека ке го пуштат и другиот автобус и дека треба да чекаме уште еден плус за втората група. После 3 до 4 саати чекање ни рекоа сите во автобус беше околу 10 вечер. стаса втората група и сеуште се чекаше четвртиот автобус. Дојде околу 10 и 30. Четири автобуси тргнавме за Охрид без да не прашаат дали сже жедни, гладни или ни се оди во тоалет. После неколку саати возење прашавме дали може да се оди негде во вц и одговорот беше: Мочајте во шишиња, од страна на шоферот. Тоа и се деси штета што девојчињата во автобусот мораше да држат до Охрид. Во еден моменѕ ги викнавме полицајците на служба додека менуваа патрола на Стража, одговор не добивме. Жедни, гладни во веќе мизерни услови стасавме околу 5 сабајле во Охрид, да не зборувам уште на што не мирисаше автобусот. Автобус број 4 бевме последни чекаме другите 3 да се сместат па да можеме и ние. Се осети некоја миризба почна цел автобус да чури со гнасна миризба од ламелата, чадот влегува внатре а полицијата не ни дава да излегуваме, му велам не се диши господине се е чад внатре ни треба воздух пуштете не , тој ми рече знам и надвор е исто и се тргна од нас. Испаднавме на сила од автобус. Замисли да беа сите куфери со нас горе како што беше идејата на господинот началник и целава ситуација да се случеше за време на транспорт. Дојдовме во хотелов "карантин" Фламинго, каде сеуште никој не ни проверил температура, или не тестирал, или ни ги погледнал лекарските уверенија од бродските доктори кои потврдуваат дека во последните 2ипол месеца сме во карантин на море без никаков случај на таканаречениот Коронавирус. Ни дадоа соби некои по двајца некои по тројца во соба како на екскурзија а не во карантин и да завршам за брзо едвај чекавме да се истушираме и да се одмориме ама да не заборавиме дека ова е Охрид и никогаш нема топла вода. За време на превоз во Македонија како и на граница немаше каде да се измиеме раци и лице.Па некој нека ми одговори од што вие нас не заштитувате или вие се заштитувате од нас. Не разбирам. Во хотелот нормално прашавме за вода и одговорот беше: Појадокот е во 08:00. Замисли, после 7 саати возење од Бугарска граница до Охрид, не не пречекаа со чаша вода и шеќер ке беше доволно. МАКЕДОНИЈА ЕДИНСТВЕНА

Замисли шоферот беше скроз озбилен кога ни рече да мочаме во шишиња. :pos:
Ти да не викаш тука :D

 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.683
Поени од реакции
18.952
Ти да не викаш тука :D

Абе кузнај шо да речи чоек, да не им си во кожата, не дека ги правдам ваквите кои урлаат во автобус ама мислам дека можи подобро да се организира ова со трансферот.
7 часа патуваат од Скопје до Охрид, мислам, со точак да ги носеа побрзо ќе стигнеа.
Како така на сите аеродроми си тече работата како подмачкано кога ќе стигнат кај нас почнува калакурницата, стандард секогаш.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.388
Ти да не викаш тука :D

Стварно не ми е јасно што е тешко да се организира нормален превоз. Зашто да трпат вакви срања без потреба луѓево. Ај разбирам првите тури што доаѓаа беше хаос сегде во светот, ама сега? Не е работава кој е поише исчеличен и поразгален, туку дека нема логична причина ова да се дешава.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Преска го гледам пресот на Филипче зошто не можев да го гледам денски на работа и некако дали мене така ми се чини или општо таков е човекот ладен мраз а бе си вика вирусот е тука ке си остане ти ке речеш портпарол на СЗО е, и некако како само да му е битно да не му се оптерети здраствениот систем.А тука му растат бројки на дневна база дали од ифтари или од други работи не е битно,битно е што сепак случаи има и веќе граѓаните покажуваат општа непослушност кон мерките со оглед дека и полицијата си е к.р ми е двор ми е и кога ке ги видам нив заедно по тројца а маските на грло тоа кажува се.Си размислувам и си викам чекај ако сега имаме реално така голем број на случаи со сепак некој рестриктивни мерки па што ке биде после бајрам и кога ке пуштат се живо и диво да работи.Замислувам недела дена ке има контрола по ова кафичите и кога ке почне таму крај јуни и почеток на јули,август тоа ке биде веќе се вратено во нормала само со голема разлика што ке има смртоносен вирус кој ке се шири и лом ке праи меѓу нас.А за изборите не сакам ни да помислам што ке биде таа калакурница.
Ке се подели и народот ненормално а проблем ке биде што доста и работат заедно и ке биде незгодно интересно.Пример јас се чувам може и више од нормално и за себе и за постарите дома а колеги мои помлади и роднини ич не им чуе и они знаат дека вирус нема и ова е местенка.Како ке живееме во таа нова нормала на Филипче реално не знам и се плашам дека идеме на полошо ако во брзо време не добиеме по некое чудо некој лек или дај дај дај Боже да го снема ова ѓубре од вирус и да се опуштиме малце и да почнеме да ги цениме правите вредности во животот за кој пред ова не ни ги приметувавме.

Извинете за предолгиот пост :)
Изгледа го видоја постот на @Toma дека во април сме -700 мртви спрема лани и си рекоја, абе имаме фора ние.

Иначе таа бројка само покажува колку луѓе гинат во сообраќајни несреќи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom