Коронавирус (COVID-19)

Член од
5 март 2018
Мислења
16.673
Поени од реакции
18.925
Апсолутно неточно. Полицискиот час ќе престане кога ќе се помириме дека мерките не помагаат, и дека вирусот нема да исчезне затоа што седиме дома.
Од кај таа информација дека мерките не помагаат ? Доказ дека мерките де клучни тие ситуацијата во Шпанија и Италија, па и Германија, ене им подолабавија некои мерки и одма пораст на заразени.
Во Шпанија клиниките конечно се растеретени благодарение на тие мерки, сите експерти таму викаат дека две недели порано да ја затвореа државата илјадници животи ќе се спасеа.
 
Член од
7 јануари 2015
Мислења
955
Поени од реакции
629
интересно, во соседството..

Na jugu Hrvatske događa se Wuhan, i koliko god šutjeli o tome, Beroš mora intervenirati

а се токмат да ја почнуваат туристичката сезона 2020 и да ги укинат пропусниците за меѓужупаниско патување...

Од друга страна, жупанијата Истра , поранешна италијанска провинција, која се граничи со Словенија, а и Италија, 22 денови НЕМА нови случки...

кај нас пак немаше метод на локални карантини и ограничувања, само за Дебар и Куманово

.. патем, во Вухан ПРЦ се врати Короната... за сега во мал обем и во низок ризик,
значи ништо од имунитет на крдо ??..
Далеку се од имунитет на крдо.....Они имаа само големи ограничувања/карантини.

Инаку, сабајлево на телевизија гледав дека Кина почнуваат со трета-последна фаза на тестирање на вакцина, се надеваат ако е се во ред, да биде во примена од крај на ЈУНИ!
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.297
Поени од реакции
26.179
Од кај таа информација дека мерките не помагаат ? Доказ дека мерките де клучни тие ситуацијата во Шпанија и Италија, па и Германија, ене им подолабавија некои мерки и одма пораст на заразени.
Во Шпанија клиниките конечно се растеретени благодарение на тие мерки, сите експерти таму викаат дека две недели порано да ја затвореа државата илјадници животи ќе се спасеа.
Па баш така. Во моментот кога ги олабавуваш, болеста се враќа со иста сила. Наравоучение, мерките не помагаат во искоренување на вирусот.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.299
Поени од реакции
16.451
Па баш така. Во моментот кога ги олабавуваш, болеста се враќа со иста сила. Наравоучение, мерките не помагаат во искоренување на вирусот.
https://www.blic.rs/vesti/svet/dnevno-se-sahranjuje-po-100-zrtava-korone-novo-zariste-buknulo-u-zemlji-ciji/v95pt0d
Амазонија е вистинската жртва на Короната... слабо населена, со 3милиони луѓе а дневно умираат по 100 луѓе...
Проблемот е што тие одсекогаш биле ИЗОЛИРАНИ, без никаков имунитет на болести од други средини..
Им се повторува трагедијата од пред 500 години, освојувањето на Елдорадо, кога шпанските конквистадори им го донесоа Грипот и ги десеткуваа најсилните , индијанските воини умираа како муви.
Да , Колумбо пак од Америка во Европа го донесе Сифилисот, дури и Папата фати, но сепак немаше таква смртоносна Пандемија како таа на Грипот во Америка...
Е сега бразилскиот председател смета дека карантинот нема да помогне, веројатно бидејќи се работи за голема територија , тешка за контрола и блокади... а смета и дека кога тога мора да се стекне имунитет...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.509
Поени од реакции
114.605
Баш затоа што никој не знае како ќе се однесува вирусот долгорочно да носиш мерки со претпоставка дека ќе се однесува како што ти се надеваш е шизофрено. Не сум свесен што ќе се случуваше, исто како што не си свесен ни ти. Затоа што нели, не знаеме како вирусот се однесува.

Ама за економијата знаеме како ќе се однесува. И за ова што ќе ни се случува сега, особено ако се земат во предвид шизофрените мерки, кризата во 2008ма е мало дете. И да, од последната ваква рецесија, светската економија заздравувала 20 години. И по пат се случиле некои многу сериозни срања. https://www.vox.com/future-perfect/2020/3/30/21184401/coronavirus-covid-19-economy-charts
Сеа сакаш со сила да истераш глупа поента? Јас ти викам дека не знаеме како вирусот ќе се однесува ДОДЕКА не се најде лекот или вакцината, сеедно, па затоа се и рестрикциите на краток рок. Значи ја имаш Италија за пример, Шпанија, САД, сите со голем број смртни случаи, не ти е доволно тоа?

Ај еве да нацртаме со креда на табла, пошо очигледно се избегнува главната поента. Имаме вирус кој за кој првенствено нема лек, има поголем степен на заразност од останатите вируси за кои има веќе лек или вакцина, и бонус на сево ова медицината се уште работи на негово проучување и секој ден излегуваат нови сознанија, па затоа вирусот не е концизно утврден, односно неговата мутирачка и уништувачка способност. Прво беше дека ги напаѓа само старите и хронично болните, па кога видовме дека ѓаволот ја однел шегата почнавме другше да се однесуваме, и така секој ден со нови сознанија околу него, па еве последните се дека ги уништува крвните садови и прави партал во целиот организам.

Еве да замислиме дека си премиер или не знам министер за здравство, небитно, повели објасни која е твојата долгорочна стратегија, како би го зауздал ти вирусот без рестрикции и мерки. Сериозно те прашувам, не се зезам, ако дадеш одговор со аргументи без спинување и трескање зелени лично ќе ти се извинам и ќе го прифатам одговорот.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.063
Хипотетички.

Јас сум личност која мисли дека се' ова е глупост, дека треба да бидеме слободни и лабави и секако, не почитувам мерки и препораки. Ти, од друга страна си личност која сака и пробува на секој начин да се заштити. Јас и ти сме колеги кои што сме секој ден во канцеларија по 8-9 часа, делиме 8 квадрати, делиме тоалет и прибор за јадење/пиење.

Јас поради моето шарлатантско однесување имам поголеми шанси да заболам али сум млад, здрав, живеам сам и ме боли дур. Од друга страна, ти живееш со родители или еве ќе земеме дека живееш со своја баба.

Јас, се заразувам и не знам, при тоа се заразуваш и ти (хипотетички), при што постои шанса својот вирус да го пренесеш на твоите домашни.

Твоите домашни се заразуваат, не по нивна вина, не по твоја, туку по моја.

Не велам дека ова е лесно остварливо, не ни знам дали е толку лесно преносливо но шанси веројатно постојат. Затоа, мислам дека треба да бидеме малку солидарни и да заборавиме на "како јас сакам, така ќе си правам" начин на живот и размислување, бар одредено време.

Знаеш, најискрено не се согласувам во целост со меркиве, не се согласувам ни што на моменти не се построги ама нема ни да бидам Калимеро и секогаш да цмиздрам контра секоја/сечија одлука.

Брат, кога излезе муабет дека е забрането на Водно да се оди, меѓу први постови во темава да се пожали и да просере беше од личност која знам, нема поголемо движење од кревет-фрижидер-тоалет во голем дел од месецот.

Сфаќам дека сите спобудалуваме на моменти поради рестрикциите ама најискрено мислам дека треба да мислиме на повозрасните и ранливите категории. Најлесно е да кажеме тие да останат дома и да се чуваат ама ние сме нација која три поколение живее во стан од 70 квадрати. Што ако дедото е дома кога внуците се надвор и шансата да се заразат се големи?

Не е едноставно. Не е "плукни-залепи".
Хипотетички

Корона вирус, познат од порано, од пред пола век, предизвикува настинка, ретко компликации, би ги опишале како ептен слаби симптоми на грип, скоро постојано циркулираат низ целата популација и се скоро нормална флора сезонски на горните респираторни органи и при пад на имунитет предизвикуваат заболување.

Хипотетички некој реши да направи војна без војна, па ја уклучи пропагандната машинерија. Војната вклучува жртви, страв за животот, изолираност на населението, пад на производство, недостаток на храна, сиромаштија, и конечно потрага по херои кои ќе го спасат светот по било која цена.
Хипотетички Швајцарски РОШЕ 2009 година оствари приход од 3.5 билиони франци од Тамифлу, кој и ден денес е под знак прашање дали лечи и колку лечи.

Пропагандната машинерија на светско ниво (телевизија,интернет) денес е под рацете на
5-6 луѓе (најдобар пример што ти е глобализација), заедно со фармацеутската индустрија, почнаа со ширење на огромна паника околу овој вирус, со слики, видеа, изјави со сомнителна содржина, прво Кина со демек градење на болници за милиони пациенти, адаптации на све и свашта у болници, абе апокалипса доаѓа, прогласување на пандемија, заговарање на познатото мото од СЗО, тест,тест,тест, со цел за оправдување на одлуката за пандемија, да се создаде што поголема маса на болни со тестови што никој не може да докаже што фаќаат, колку факаат и како фаќаат. Имате секакви можни оправдувања досега непознати, но сега општо прифатени околу тестовите, како лажно негативни, лажно позитивни, само и само за да има ем забуна кај пациентите, ем да има оправдување кај стручната фела како е можно денес позитивен, утре негативен, па пак позитивен и така пинг-понг кинески.
Хипотетички понатаму, прогласување на граѓаните за криви што ова се дешава, граќаните се криви и никој друг пошто не почитуваат мерките, па сега ќе мора да се носат и казни за да се дисциплинираат, полицијата сега е главен фактор во таа дисциплина, удри по народот, скрши му ја кичмата да види со кој си има работа, врти по цел ден со 50 коли во град, истата полиција која порано ја немаше никаде меќу народот и стоеше скриена у некои грмушки за да пише казни за возење. Донеси закони за пријавување и напрај го народот сам себе си најголем непријател, шири ја омразата.

Хипотетички, измислување и пласирање на секакви можни симптоми со цел да не бидат уплашени само старите и хроничните, мора да биде вклучена и младата популација во црното сценарио. Изјави по медиуми на потресени дека му починал некој близок (нормално дека ќе биде потресен, сигурно нема да се смее), изјави од преболени колку тежок бил вирусот и колку тешко оздравеле, никаде не можеш да сретнеш изјави од милиони веќе кои преболеле без никакви симптоми (тоа не е интересно за читање, гледање).
Хипотетички, пишување во евиденцијата на сите починати позитивни на тој некој си тест, без никакви знаци на тоа,тоа,и тоа, постмортално тестирање кое не може да се спои со здрав мозок, пациенти од онкологија, пациенти од брза помош (починала жената на пат од струга до охрид), краен стадиум на дијабет и секакви можни други ситуации како одеднаш престанок на постоење на грип и други слични вирусни и бактериски инфекции. Германски КОХ институтот веќе престана од 16 март со следење на грипот и
нема никакви податоци после тоа. Одеднаш ситуација грип 0 - корона се друго.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.067
Поени од реакции
34.496
поентата е да се успори ширењето на вирусот, не да се искорени, затоа што тоа е невозможно. Пак ќе прашам, замисли да немаше мерки и се да се одвиваше нормално, свесен си што ќе се случуваше...
Овој дел успорувањето, никако не го земаат во предвид. Не разбираат ама не затоа што е тешко за разбирање, туку затоа што не им одговара соочувањето со реалноста дека голем дел од мерките се потребни... Е сега тоа кажано, и во мерките има ретардирани моменти што најмногу е заради тоа што слепо се копираа препораките од надвор. На пример: Маски требаше да бидат задолжителни од почеток, па сеедно какви политики играат СЗО и ЕУ. ЈСП требаше да иде со дуплициран возен ред и со минимим патници а максимум проветрување - не обратно, со драстично намалување на автобуси и со гужви. Полицискиот час делумно е контрапродуктивен, освен за ограничување на движење и групирање и гужви за празници, но излегува дека е потребен пошто се нема дисциплина за дистанца и за носење маски. Дисциплина се нема делумно и заради тоа што полицијата се мрзливи неработници и пред пандемијата (овие што го спроведуваат полицискиот час повеќето се тинејџери, минус силеџиите од „интервентна полиција“).

Многу работи можеа да се направат подобро, и сеуште можат. Само тоа никако не значи дека е подобро „брзо билдање на групен имунитет“, пошто застапниците за тоа први ќе ги фатат болничките кревети кои потоа ќе бидат недостапни за сите други. Само тогаш никој од нив нема „несебично“ да го одстапи својот болнички кревет на некој друг. :)



Како бе секоја недела да дарува крв? :pos:
Не крв, серум (плазма). :)
Здрави луѓе може да даруваат два пати неделно без проблеми, со минимум 48 часови меѓу донациите.



збориме за трејд, буквално животот на цела поулација е трејдан за бројка на луѓе која не е драстично голема. Мислам за мене не е живот во една соба да јадам, лежам и чекам да умрам. Не е ни за баба ми ни за моите, иако они се у категориите кој што треба да ги заштитиме. Тоа може да одговара само на себични хипохондрици и никој друг.
Не мора да погодуваме дека ти не влегуваш во таа „недрастично голема бројка на луѓе? :)
Зборуваш за себичност, а бараш нечии животи да бидат жртвувани за комфор и социјализација... Нов проблем е ова, непозната територија, во одење се учиме како да се справуваме. Ете се олабавуваат мерките. Малку изолација не е ништо толку страшно за да кажеш дека „животот на цела популација е завршен“, заради месец и половина помалку дружби во големи групи. Ќе преживееш некако. :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.297
Поени од реакции
26.179
Сеа сакаш со сила да истераш глупа поента? Јас ти викам дека не знаеме како вирусот ќе се однесува ДОДЕКА не се најде лекот или вакцината, сеедно, па затоа се и рестрикциите на краток рок. Значи ја имаш Италија за пример, Шпанија, САД, сите со голем број смртни случаи, не ти е доволно тоа?

Ај еве да нацртаме со креда на табла, пошо очигледно се избегнува главната поента. Имаме вирус кој за кој првенствено нема лек, има поголем степен на заразност од останатите вируси за кои има веќе лек или вакцина, и бонус на сево ова медицината се уште работи на негово проучување и секој ден излегуваат нови сознанија, па затоа вирусот не е концизно утврден, односно неговата мутирачка и уништувачка способност. Прво беше дека ги напаѓа само старите и хронично болните, па кога видовме дека ѓаволот ја однел шегата почнавме другше да се однесуваме, и така секој ден со нови сознанија околу него, па еве последните се дека ги уништува крвните садови и прави партал во целиот организам.

Еве да замислиме дека си премиер или не знам министер за здравство, небитно, повели објасни која е твојата долгорочна стратегија, како би го зауздал ти вирусот без рестрикции и мерки. Сериозно те прашувам, не се зезам, ако дадеш одговор со аргументи без спинување и трескање зелени лично ќе ти се извинам и ќе го прифатам одговорот.
Ако сум премиер или министер за здравство, не би ме болело кур што вирусот уништува. Не може стратегија да се носи на база на стравови, туку на база на бројки.

Првичната реакција би ми била иста како на сите, строги мерки. Flatten the curve беше општоприфатена стратегија. Ама таа стратегија предвидуваше поминување на пик, и природно намалување на бројот на заболени. Јужна Кореја, Германија, Италија, сите во пракса покажаа дека тоа не е точно. Олабавуваш мерки, и пикот се враќа. Што значи предвидувањето дека постои пик што може да се запре е погрешно.

Наредно би ги прашувал докторите дали сме 100% сигурни дека ќе се случи лекот или вакцината? Ако се, тогаш треба предвидување кога, и да продолжи некаква олеснета flatten the curve до тогаш. Ако не се, како што СЗО тврди дека не може со сигурност да се гарантира вакцина, тогаш таа стратегија е тешка глупост.

Наредното што треба да се открие дали тој вирус создава траен имунитет. Ако создава, шведската стратегија на тргање на сите мерки би била најефикасна. Би имало најмногу мртви на краток рок, ама најмалку на долг. Доколку и за трајноста на имунитетот не се сигурни, тогаш не преостанува ништо освен екстензивно инвестирање во медицински капацитети на молење на госпот дека вирусот ќе се прилагоди во некоја поблага форма што не го убива носителот.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.067
Поени од реакции
34.496
Според многу критериуми тоа „најмногу мртви на краток рок заради најмалку економски долг“ не е добра размена... И многу зависи кој разменува. И што. :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.509
Поени од реакции
114.605
Ако сум премиер или министер за здравство, не би ме болело кур што вирусот уништува. Не може стратегија да се носи на база на стравови, туку на база на бројки.

Првичната реакција би ми била иста како на сите, строги мерки. Flatten the curve беше општоприфатена стратегија. Ама таа стратегија предвидуваше поминување на пик, и природно намалување на бројот на заболени. Јужна Кореја, Германија, Италија, сите во пракса покажаа дека тоа не е точно. Олабавуваш мерки, и пикот се враќа. Што значи предвидувањето дека постои пик што може да се запре е погрешно.

Наредно би ги прашувал докторите дали сме 100% сигурни дека ќе се случи лекот или вакцината?
Ако се, тогаш треба предвидување кога, и да продолжи некаква олеснета flatten the curve до тогаш. Ако не се, како што СЗО тврди дека не може со сигурност да се гарантира вакцина, тогаш таа стратегија е тешка глупост.
Наредното што треба да се открие дали тој вирус создава траен имунитет. Ако создава, шведската стратегија на тргање на сите мерки би била најефикасна. Би имало најмногу мртви на краток рок, ама најмалку на долг. Доколку и за трајноста на имунитетот не се сигурни, тогаш не преостанува ништо освен екстензивно инвестирање во медицински капацитети на молење на госпот дека вирусот ќе се прилагоди во некоја поблага форма што не го убива носителот.
Јас овде ниту една долгорочна мерка не видов, нарочито не економска, а камоли друга.
Првиот болд, многу невкусна реченица, нечовечка би рекол пред се. Исто како да имаш терористичка група среде главен град и да речеш кур ме боли што може да го срамнат градот со земја, економијата и бројките ми се битни. Треба да сфатиш дека економијата е поврзана со сето ова срање што се случува, ако колабира здравствениот систем ќе колабира и економијата што верувам никој од нас не сака да се случи.

Втор болд, пак си грешка. Да, рамнење на кривата беше/е општо прифатена стратегија и ако не се преземеа такви мерки вирусот ќе направеше масакр насекаде. Не знам зошто имате проблем да сфатите дека вирусов е нешто ново што му се случува на светот и дека не изненади сите нас. Како ти ќе објасниш на 7 милијарди луѓе одеднаш дека се дешава некое срање, дека треба да носат маски рецимо, да избегаваат контакти, без преземање на мерки и рестрикции? Возможно е тоа? Не. Затоа и беа преземени вакви мерки насекаде, пример во Италија излезе работата од контрола поради тоа што првата одбранбена линија им доживеа капитулација-здравството, затоа што милион доктори заболеа од корона и не се знаеше кој пие кој плаќа. Секако и неодговорноста на населението играше улога во тоа.
Друга ствар, мислам дека сите, ама апсолутно сите од поголемиве земји најавија и втор бран од вирусот и беа свесни дека после рамнењето на кривата ќе настанат нови заболувања, секако не толку масовни како првиот бран. Сега и да се деси нешто спремни сме на тоа, психички пред се, самата помисла на тоа дека нема се уште лек тебе и мене како единки не тера да бидеме претпазливи, да носиме маски во маркети и банки, да избегаваме непотребни контакти со непознати, итн итн. Впрочем, тоа е зауздувањето на вирусот, покрај бројките нели.

Трет болд, сериозен си? Бараш 100% потврда за тоа дали ќе има вакцина? :cuc::pos: Ај еве размисли убаво дали некој во медицината може нешто со 100% сигурност да ти гарантира, нарочито во ваква ситуација.

За четвртиот болд имаш до негде право, ама тоа е затоа што ја гледаш едната страна на паричката. Проблемот е кога ќе ја видиш другата и ќе сфатиш дека твои блиски може да го јадат стапот ради таа стратегија. Башка не ти е чудно што Шведска е единствена земја што го користи тој модел? Јас искрено не мислам дека ќе испаднат попаметни од цел свет, али ќе видиме.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.297
Поени од реакции
26.179
Јас овде ниту една долгорочна мерка не видов, нарочито не економска, а камоли друга.
Економијата ќе се врати во нормала, кога животот ќе се врати во нормала. Дотогаш, ќе страда. Така да, враќање на животот во нормала е економска мерка.
Првиот болд, многу невкусна реченица, нечовечка би рекол пред се. Исто како да имаш терористичка група среде главен град и да речеш кур ме боли што може да го срамнат градот со земја, економијата и бројките ми се битни. Треба да сфатиш дека економијата е поврзана со сето ова срање што се случува, ако колабира здравствениот систем ќе колабира и економијата што верувам никој од нас не сака да се случи.
Метафората ти е несоодветна. Терористичка група можеш да елиминираш, вирусот не можеш. На сите ни е јасно дека ако колабира нормалноста на животот ќе колабира и економијата. Ама сегашниве мерки не го спречуваат тоа колабирање, само го одложуваат. Така да, тоа не е долгорочна состојба.
Втор болд, пак си грешка. Да, рамнење на кривата беше/е општо прифатена стратегија и ако не се преземеа такви мерки вирусот ќе направеше масакр насекаде. Не знам зошто имате проблем да сфатите дека вирусов е нешто ново што му се случува на светот и дека не изненади сите нас. Како ти ќе објасниш на 7 милијарди луѓе одеднаш дека се дешава некое срање, дека треба да носат маски рецимо, да избегаваат контакти, без преземање на мерки и рестрикции? Возможно е тоа? Не. Затоа и беа преземени вакви мерки насекаде, пример во Италија излезе работата од контрола поради тоа што првата одбранбена линија им доживеа капитулација-здравството, затоа што милион доктори заболеа од корона и не се знаеше кој пие кој плаќа. Секако и неодговорноста на населението играше улога во тоа.
Друга ствар, мислам дека сите, ама апсолутно сите од поголемиве земји најавија и втор бран од вирусот и беа свесни дека после рамнењето на кривата ќе настанат нови заболувања, секако не толку масовни како првиот бран. Сега и да се деси нешто спремни сме на тоа, психички пред се, самата помисла на тоа дека нема се уште лек тебе и мене како единки не тера да бидеме претпазливи, да носиме маски во маркети и банки, да избегаваме непотребни контакти со непознати, итн итн. Впрочем, тоа е зауздувањето на вирусот, покрај бројките нели.
Сигурен си дека нема да биде толку масовно како првиот бран? Јас би се кладел дека ќе имаме полоши бројки во вториот бран, отколку во првиот. Без разлика какви се мерките. Од каде ти иде сигурноста дека вториот бран ќе биде поблаг?
Трет болд, сериозен си? Бараш 100% потврда за тоа дали ќе има вакцина? :cuc::pos: Ај еве размисли убаво дали некој во медицината може нешто со 100% сигурност да ти гарантира, нарочито во ваква ситуација.
Не може, баш тоа ми беше поентата. И затоа што не можат ништо да гарантираат, тотално би ги исклучил нивните мислења како инпут за носење одлуки. Не може цела цивилизација да е заложник на надежи и стравови на некоја група.
За четвртиот болд имаш до негде право, ама тоа е затоа што ја гледаш едната страна на паричката. Проблемот е кога ќе ја видиш другата и ќе сфатиш дека твои блиски може да го јадат стапот ради таа стратегија. Башка не ти е чудно што Шведска е единствена земја што го користи тој модел? Јас искрено не мислам дека ќе испаднат попаметни од цел свет, али ќе видиме.
Зборовите стратегија и грижа за блиски не одат заедно. Човек што е воден од грижа за неговите блиски кога одлучува, нема капацитет да организира и спроведе стратегија. Дали ќе испаднат попаметни или поглупи, рано е за тврдење. Ама ако гледаш како сите европски држави ги олеснуваат мерките, и како бројот на заболени им се зголемува, ќе видиме за многу кратко дали повторно ќе ги засилат.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.189
Поени од реакции
84.067
Ти не разбираш.Дремење дома додека не искочи вакцина(или додека не умреме од глад) пропагира девојкава која и онака незнае кога последен пат излегла од дома.
Да. Тоа е, отприлика.
Не ти се свиѓа, ене излези и непочитувај час, а коа ќе ти дојдат џандари вади се со Албанциите како нив ги пуштаат што сакаат да праат.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.058
Хипотетички.

Јас сум личност која мисли дека се' ова е глупост, дека треба да бидеме слободни и лабави и секако, не почитувам мерки и препораки. Ти, од друга страна си личност која сака и пробува на секој начин да се заштити. Јас и ти сме колеги кои што сме секој ден во канцеларија по 8-9 часа, делиме 8 квадрати, делиме тоалет и прибор за јадење/пиење.

Јас поради моето шарлатантско однесување имам поголеми шанси да заболам али сум млад, здрав, живеам сам и ме боли дур. Од друга страна, ти живееш со родители или еве ќе земеме дека живееш со своја баба.

Јас, се заразувам и не знам, при тоа се заразуваш и ти (хипотетички), при што постои шанса својот вирус да го пренесеш на твоите домашни.

Твоите домашни се заразуваат, не по нивна вина, не по твоја, туку по моја.

Не велам дека ова е лесно остварливо, не ни знам дали е толку лесно преносливо но шанси веројатно постојат. Затоа, мислам дека треба да бидеме малку солидарни и да заборавиме на "како јас сакам, така ќе си правам" начин на живот и размислување, бар одредено време.

Знаеш, најискрено не се согласувам во целост со меркиве, не се согласувам ни што на моменти не се построги ама нема ни да бидам Калимеро и секогаш да цмиздрам контра секоја/сечија одлука.

Брат, кога излезе муабет дека е забрането на Водно да се оди, меѓу први постови во темава да се пожали и да просере беше од личност која знам, нема поголемо движење од кревет-фрижидер-тоалет во голем дел од месецот.

Сфаќам дека сите спобудалуваме на моменти поради рестрикциите ама најискрено мислам дека треба да мислиме на повозрасните и ранливите категории. Најлесно е да кажеме тие да останат дома и да се чуваат ама ние сме нација која три поколение живее во стан од 70 квадрати. Што ако дедото е дома кога внуците се надвор и шансата да се заразат се големи?

Не е едноставно. Не е "плукни-залепи".
Најдобро објаснето во еден пост. То је то.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom