- Член од
- 22 јули 2010
- Мислења
- 32.528
- Поени од реакции
- 81.967
Хипотетички.Општо мислев, на сите. Сите луѓе ќе треба да си одлучат што поише им одговара.
Јас сум личност која мисли дека се' ова е глупост, дека треба да бидеме слободни и лабави и секако, не почитувам мерки и препораки. Ти, од друга страна си личност која сака и пробува на секој начин да се заштити. Јас и ти сме колеги кои што сме секој ден во канцеларија по 8-9 часа, делиме 8 квадрати, делиме тоалет и прибор за јадење/пиење.
Јас поради моето шарлатантско однесување имам поголеми шанси да заболам али сум млад, здрав, живеам сам и ме боли дур. Од друга страна, ти живееш со родители или еве ќе земеме дека живееш со своја баба.
Јас, се заразувам и не знам, при тоа се заразуваш и ти (хипотетички), при што постои шанса својот вирус да го пренесеш на твоите домашни.
Твоите домашни се заразуваат, не по нивна вина, не по твоја, туку по моја.
Не велам дека ова е лесно остварливо, не ни знам дали е толку лесно преносливо но шанси веројатно постојат. Затоа, мислам дека треба да бидеме малку солидарни и да заборавиме на "како јас сакам, така ќе си правам" начин на живот и размислување, бар одредено време.
Знаеш, најискрено не се согласувам во целост со меркиве, не се согласувам ни што на моменти не се построги ама нема ни да бидам Калимеро и секогаш да цмиздрам контра секоја/сечија одлука.
Брат, кога излезе муабет дека е забрането на Водно да се оди, меѓу први постови во темава да се пожали и да просере беше од личност која знам, нема поголемо движење од кревет-фрижидер-тоалет во голем дел од месецот.
Сфаќам дека сите спобудалуваме на моменти поради рестрикциите ама најискрено мислам дека треба да мислиме на повозрасните и ранливите категории. Најлесно е да кажеме тие да останат дома и да се чуваат ама ние сме нација која три поколение живее во стан од 70 квадрати. Што ако дедото е дома кога внуците се надвор и шансата да се заразат се големи?
Не е едноставно. Не е "плукни-залепи".