Најголеми проблеми беа тие хеликоптер пари кои беа принтани и фрлани во економијата со цел да се санираат штетите од пандемијата. САД, само за една година, испринтаа и пуштија во опкет +20% од севкупниот број испринтани долари во историјата. ЕУ фрли трилион евра во економијата. Парите, сами по себе, ја изгубија својата куповна моќ. Така, во САД, немаше волкава инфлација уште од времето на Картер. А скоро сите држави во ЕУ имаа(т) двоцифрена инфлација. Значи мерките и инфлацијата се во причинско-последична врска.
Од друга страна имаш и општ пораст на платите, од ниска до просечна, како и раст на социјалните расходи. Сами по себе се индикатор за појавување на инфлација затоа што за приватниот сектор се зголемуваат излезните, а сврзано на тоа и влезните трошоци односно се зголемуваат цените за материјалите за производство и суровините. Со самото тоа поскапуваат и услугите односно производите. Значи не е само да имаш причесна плата од 32.000 ден, туку колкава е реалната вредност на тие пари и што можеш да купиш со тие пари. Потрошувачката кошничка од 30.000, сега е на 38.000 ден! Просечната плата беше 24-5.000, а сега е 32.000. Ова е некоја груба бројка од последниве 3 години. Што значи тоа? Тоа значи дека, за неколку повторно ќе има протести за зголемување на платите затоа што трендот на растот на цените оди нагоре и инфлацијата ќе се стави под контрола, според прогнозите, под 5%, на средина на 2024 година.
Притоа, тоа се направи кога речиси целиот бизнис сектор беше хендикепиран, глобалните пазари беа затворени, па и дел од СДИ решија да ги смрзнат своите инвестиции.
Нашата економија е мала, пазарот е мал, ова е држава во развој, сиромашна држава, не може да ги следи економските потфати за затворање на економијата, па и да ги обезбеди средствата за санирање на последиците од пандемијата како западните држави. Не може. Тоа беше премногу евидентно. За истото и пишував. Имаше неколку пакети државна помош, што до бизнис секторот, што за потрошувачите. Тие креираа буџетски дупки кои резултираа со задолжувања.
Инфлацијата значи зголемување на општото ниво на цените. Цените се зголемуваат секоја година, тое е вистина, можеме да ги гледиме индексите на инфлација на НБРМ и вообичаено се движат до 2%. Тоа значи дека општото ниво на цените се зголемува за 2%, но не значи дека сите цени се зголемуваат за 2%. Ама тоа е во рамките на ниската инфлација. Оваа инфлација е веќе над 15%!
Ефектите ќе бидат долгорочни, посебно по државниот буџет затоа што расходите драстично пораснаа, а приходите веќе нема да го следат тој тренд (без зголемување на даночните стапки). Мислам и дека државава се задолжи неколку милијарди за овие три години Ковид пандемијата што вистинскиот резултат од тие кредити ќе се види по истекување на грејс периодите.
Да постоеше медицинска, политичка и економска транспарентност, каде ќе се воочеше прогнозата дека вакцината, сама по себе, не е задната врата за излез од оваа пандемија, ќе се превенираа дел од економските реперкусии кои ги добивме како резултат од државниот интервенизам во економијата која следуваше како резултат на нелогичните мерки кои беа насочени кон уништување на угостителскиот сектор и нанесување на директна финансиска штета на сите останати деловни субјекти кои беа ставени во кошничката "селективни мерки" од МЗ.
Мислам дека е глупаво да се ставаат "ха-ха" реакции, кога веќе многумина зборуваа за економските последици од оваа пандемија при нивното слепило.