Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.665
1. Пандемијата? Да.
2. Украина? Да.

Или можеби едноставно решиле да поскапат сè, за да заработат повеќе пари? Бесрамно профитерство? И за тоа да!
Кога пушташ многу пари во оптек, како што направија за пандемијата и финансирањето на сите што седеа дома, тогаш инфлација е неизбежна.

Не постои економија во која сите имаат. Ако на сиромашните дадеш поеднакво пари, тие пари ќе изгубат вредност. Парите имаат релативна вредност, не апсолутна. Богат си ако имаш повеќе од другите, не ако имаш х сума.

Со пандемијата, печатењето пари, субвенционирањето глупости и евтините кредити ја сјебаа таа природна закомерност. И сега ни се одбива од глава како бумеранг.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Најголеми проблеми беа тие хеликоптер пари кои беа принтани и фрлани во економијата со цел да се санираат штетите од пандемијата. САД, само за една година, испринтаа и пуштија во опкет +20% од севкупниот број испринтани долари во историјата. ЕУ фрли трилион евра во економијата. Парите, сами по себе, ја изгубија својата куповна моќ. Така, во САД, немаше волкава инфлација уште од времето на Картер. А скоро сите држави во ЕУ имаа(т) двоцифрена инфлација. Значи мерките и инфлацијата се во причинско-последична врска.

Од друга страна имаш и општ пораст на платите, од ниска до просечна, како и раст на социјалните расходи. Сами по себе се индикатор за појавување на инфлација затоа што за приватниот сектор се зголемуваат излезните, а сврзано на тоа и влезните трошоци односно се зголемуваат цените за материјалите за производство и суровините. Со самото тоа поскапуваат и услугите односно производите. Значи не е само да имаш причесна плата од 32.000 ден, туку колкава е реалната вредност на тие пари и што можеш да купиш со тие пари. Потрошувачката кошничка од 30.000, сега е на 38.000 ден! Просечната плата беше 24-5.000, а сега е 32.000. Ова е некоја груба бројка од последниве 3 години. Што значи тоа? Тоа значи дека, за неколку повторно ќе има протести за зголемување на платите затоа што трендот на растот на цените оди нагоре и инфлацијата ќе се стави под контрола, според прогнозите, под 5%, на средина на 2024 година.

Притоа, тоа се направи кога речиси целиот бизнис сектор беше хендикепиран, глобалните пазари беа затворени, па и дел од СДИ решија да ги смрзнат своите инвестиции.

Нашата економија е мала, пазарот е мал, ова е држава во развој, сиромашна држава, не може да ги следи економските потфати за затворање на економијата, па и да ги обезбеди средствата за санирање на последиците од пандемијата како западните држави. Не може. Тоа беше премногу евидентно. За истото и пишував. Имаше неколку пакети државна помош, што до бизнис секторот, што за потрошувачите. Тие креираа буџетски дупки кои резултираа со задолжувања.

Инфлацијата значи зголемување на општото ниво на цените. Цените се зголемуваат секоја година, тое е вистина, можеме да ги гледиме индексите на инфлација на НБРМ и вообичаено се движат до 2%. Тоа значи дека општото ниво на цените се зголемува за 2%, но не значи дека сите цени се зголемуваат за 2%. Ама тоа е во рамките на ниската инфлација. Оваа инфлација е веќе над 15%!

Ефектите ќе бидат долгорочни, посебно по државниот буџет затоа што расходите драстично пораснаа, а приходите веќе нема да го следат тој тренд (без зголемување на даночните стапки). Мислам и дека државава се задолжи неколку милијарди за овие три години Ковид пандемијата што вистинскиот резултат од тие кредити ќе се види по истекување на грејс периодите.

Да постоеше медицинска, политичка и економска транспарентност, каде ќе се воочеше прогнозата дека вакцината, сама по себе, не е задната врата за излез од оваа пандемија, ќе се превенираа дел од економските реперкусии кои ги добивме како резултат од државниот интервенизам во економијата која следуваше како резултат на нелогичните мерки кои беа насочени кон уништување на угостителскиот сектор и нанесување на директна финансиска штета на сите останати деловни субјекти кои беа ставени во кошничката "селективни мерки" од МЗ.

Мислам дека е глупаво да се ставаат "ха-ха" реакции, кога веќе многумина зборуваа за економските последици од оваа пандемија при нивното слепило. :)
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.137
Поени од реакции
10.494
Мислам дека е глупаво да се ставаат "ха-ха" реакции, кога веќе многумина зборуваа за економските последици од оваа пандемија при нивното слепило.
Добро утро.
Не е глупаво, затоа што провоцираш.

Пријатно. Убав ден!
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Секако дека провоцирам. Многу јасно, едноставно и просто ви беа посочени плодовите од ноншалатното трошење на финансиските средства кои или во меѓувреме ги креиравме или ги задолживме. Го поддржувавте тој сет на политики т.е. рестриктивни мерки и сега се жалите од последиците!

Нашата инфлација, да, до извесен степен е увезена, но во најголем е резултат и на домашниот политички аматеризам кој следеше западни трендови. А специјалната воена операција во Украина е само јаготката на шлагот. Во Украина се војува од 2014 година. РФ скоро една деценија е под некакви санкции. Така тоа е само еден политички изговор со цел вината да се префрли кон некој надворешен фактор (т.е. зголемување на цената на гасот). Војната има одреден ефект, ама инфлацијата ја имавме уште пред специјалната воена операција и ќе ја имавме независно од специјалната воена операција. Причините ги наведов во претходниот пост, што за внатрешната, што за надворешната односно увозната инфлација.

Некој е многу нерасположен, очигледно не го испил горкото кафе со битолско млеко. :sleep: :sleep:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.647
Поени од реакции
34.852
... ај ај, се преговара за купување на нова тура антиковид вакцини, да видиме кој ќе ги прими, кога се уште се уништуваат тие што им поминало рокот на трајност во Дрисла, а другиот дел антиковид вакцини се со рок на трајност до декември 2022,

...значи Урсула маме ни еба, како претседателка на ЕУ која ја донеле онака без избирање од народот, ќе го уништи светот, нормално и тие позади неа која ја буткаат и ја донеле на чело на ЕУ.
...денес, облечена во боите на украинското знаме, дала изјава дека Молдавија, Украина, Узбекистан се иднината на ЕУ....а бе ај иди дома, пресмешна си, до дебилизам! :pos:
... би требало од октомври, Урсула да се сврти кон „новите антиковид вакцини“ демек за омикрон сојот, да ги промовира, баш ме интересира со каква приказна, дали истата ќе ја врти! :icon_lol:
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.137
Поени од реакции
10.494
Секако дека провоцирам. Многу јасно, едноставно и просто ви беа посочени плодовите од ноншалатното трошење на финансиските средства кои или во меѓувреме ги креиравме или ги задолживме. Го поддржувавте тој сет на политики т.е. рестриктивни мерки и сега се жалите од последиците!

Нашата инфлација, да, до извесен степен е увезена, но во најголем е резултат и на домашниот политички аматеризам кој следеше западни трендови. А специјалната воена операција во Украина е само јаготката на шлагот. Во Украина се војува од 2014 година. РФ скоро една деценија е под некакви санкции. Така тоа е само еден политички изговор со цел вината да се префрли кон некој надворешен фактор (т.е. зголемување на цената на гасот). Војната има одреден ефект, ама инфлацијата ја имавме уште пред специјалната воена операција и ќе ја имавме независно од специјалната воена операција. Причините ги наведов во претходниот пост, што за внатрешната, што за надворешната односно увозната инфлација.

Некој е многу нерасположен, очигледно не го испил горкото кафе со битолско млеко. :sleep: :sleep:
Ако инфлацијата е последица само и исклучиво на заклучувањето, како што самиот инсинураш, зошто тогаш нормализацијата не би довела до дезинфлација?
 
Член од
16 ноември 2020
Мислења
826
Поени од реакции
1.909
Ако инфлацијата е последица само и исклучиво на заклучувањето, како што самиот инсинураш, зошто тогаш нормализацијата не би довела до дезинфлација?
А ти каде jа гледаш нормализациjата...ти сеуште се бодеш со вакцините додека ти издржи организмост, па после се жалиш како си jа преживеала короната полошо от претходниот пат.
На запад се бетер од тебе, кога кивнеш бегаат далеку од тебе...и ти зборуваш за нормализациjа...

Кога пуштите вести на Сител, буквално го отварате "капакот" на главата и примате сè што ви се прикаже.
Сега сигурно веруваш дека Путин е крив за сè...зошто...па, така кажуваат западните медии.

За мене лично западниот човек (не ги вклучувам овие нашите гастрабаjтери / чистачи) важеше за еден напреден, модерен и паметен човек што знае да размислува и не се поддава на некои обични глупости што се пласираат на телевизиjа, но кога прошетав толку многу држави дури и во "наjтешките" периоди (заради глупите рестрикции), видов дека тоj западен човек е скроз отишол во аут т.е. разумот полека му заминува и мозокот е буквално испран на разни начини.

За кинезите отсекогаш сум ги сметал за едни послушни мравки, без никакво свое "jaс", но како што ги гледам работите, ако не се смени скоро оваа глобална лева власт, и други ќе станат такви.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.137
Поени од реакции
10.494
Тоа што не го гледате е дека пандемијата дојде во време на голема економска криза, очекувана инфлација, рецесија која сепак ќе се случеше. Таа криза сериозно тропаше на врата.

Таа поделеност и борба околу самите вакцини грубо ги отсликуваше заднинските настани за кои се пишуваше со ситни букви во медиумите.

На овој начин, Ковид 19 само го ''запали осигурувачот'' на инфлаторната инерција, која во комбинација со последователните негативни настани (читај војна, санкции, енергетски последици) заедно троструко го зголемуваат шокот.

Од денешна перспектива изгледа смешно, погрешно и скроз апсурдно, но од тогашна перспектива јас сеуште мислам дека беше најдобро решение. А дали беше правилно? Не знам.

Немам сила, ниту желба да водам вакви напнати дискусии, посебно не за сметка на лични провокации и ниски удари. Да сакав да дискутирам, ќе отворев дискусија на темава.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Од денешна перспектива изгледа смешно, погрешно и скроз апсурдно, но од тогашна перспектива јас сеуште мислам дека беше најдобро решение. А дали беше правилно? Не знам.
Немаше економска криза на повидок, инфлацијата беше резултат на тие фактори кои ги набројав. Дали враќањето во нормалата ќе ја намали инфлацијата? Да и не. Мора да има и одредени мерки на НБРМ. НБРМ ја води монетарната политика. Целта е, секако, ценовната стабилност. Најчесто, народните банки, посегнуваат по зголемување на каматните стапки. ЕЦБ веќе тоа го направи, очекувам нешто слично да направи и НБРМ.

пи.ес. Dont take it personally. :icon_mrgr:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.647
Поени од реакции
34.852
...со сила се прави енергетска криза, како што намерно сеуште е во сила пандемијава како оправдана ситуација за се што е погрешно, неоправдано и хаотично се прикрива, а би била осудена таа ,,оправдана ситуација,, кога би било укината пандемијата.

... Земјата има нафта, гас, водни ресурси, ветер и сонце колку сакаме, нуклеарки насекаде, со сила се прави ,,криза,, за кревање на цена струјата, од која сите зависиме и богами не би можеле да живееме!
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.198
Поени од реакции
21.348
Не. Дефинитивно не е така.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
Немаше економска криза на повидок, инфлацијата беше резултат на тие фактори кои ги набројав. Дали враќањето во нормалата ќе ја намали инфлацијата? Да и не. Мора да има и одредени мерки на НБРМ. НБРМ ја води монетарната политика. Целта е, секако, ценовната стабилност. Најчесто, народните банки, посегнуваат по зголемување на каматните стапки. ЕЦБ веќе тоа го направи, очекувам нешто слично да направи и НБРМ.

пи.ес. Dont take it personally. :icon_mrgr:
Напротив, имаше. Кралот Чарлс прв излезе и кажа дека овој систем е неодржлив и мора да се мења. Сегашната инфлација е поради недостаток на производи.

Круна19 и сега ова со Русија/ Украина се само изговори за да не бидат казнети тие што раководат со сегашниот систем поради лошо и криминално владеење.

We don't have inflation because we are living too well.
We have it because government is living too well. - Ronald Regan.
П. С. Да си знаеш, дека ќе го јадеш. Нарцисите најмногу се љутат кога ги обвинуваш за нешто што дефинитивно го направиле.

Климатски промени" = пропаганда
Првично беше глобално затоплување, поради зголемено СО2. :tapp: :brlav: :facepalm:

Видоа дека лесно ги дебанкираат, па сменија во климатски промени. Но за топчестите верници и слепи послушници, сеисто е, штом имало консензус, бидејќи и др. Мики Маус се потпишал.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Оваа на секој 5 мин ја интервјуираа на CNN.

За маските се менува плочата

Медицинската експертка и аналитичарка на CNN, доктор Леана Вен, две и нешто години беше една од најгласните поборници за носење маски, особено во училиштата. Сега признава дека принудувањето на нејзиното дете да носи маска му наштетило на неговиот развој.

Друга студија откри дека просечните квоциенти на интелигенција на мали деца родени за време на пандемијата се намалиле за дури 22 поени, а страдале и нивните вербални, моторни и когнитивни перформанси.

Трета студија покажа дека заклучувањето во Велика Британија предизвикало околу 60.000 деца да страдаат од клиничка депресија. Бројките покажуваат дека 400.000 британски деца биле упатени кај специјалисти за ментално здравје, за секакви проблеми, од нарушувања во исхраната до самоповредување.

Автоматски споено мислење:

Јебига не верував дека и ваква студија (поточно две) ќе излези, буквално теоретичарите на заговор ќе излезат 90% во право.

1663273052106.png

Вакцинираните имаат честички во крвта со нејасно потекло

Рецензирана италијанска студија покажала дека 94% од луѓето кои имале несакани ефекти по примањето мРНК вакцина имале невообичаена крвна слика и туѓи материи во крвта, еден месец по вакцинацијата. „Креаторите на вакцините треба да разјаснат што е тоа што го гледаме на микроскоп и зошто е тоа таму“, велат авторите.

Според студијата, крвта на 94% од вкупниот примерок покажала агрегација на еритроцити и присуство на честички со различни форми и големини од нејасно потекло.

„Потребни се дополнителни студии за да се дефинира точната природа на честичките кои се наоѓаат во крвта и да се идентификуваат можните решенија за проблемите што тие очигледно ги предизвикуваат“, се додава во студијата.

 
Последно уредено:
Член од
16 ноември 2020
Мислења
826
Поени од реакции
1.909
Чисто онака некои фактори за овците овде (да, така е, ве нарекувам овци, никогаш не сум го криел тоа) што сметаа цело време дека треба сите да се вакцинираат.

Докторката се вика Leana S. Wen. Како што кажа teneke, стално jа даваа на CNN.

Е сега, видите вака:

Таа докторка изjавуваше / апелираше сите родители да ги вакцинираат своите деца.
Еве jа оригиналната статиjа:

Да преведам: Престанете со лажните наративи за малите деца и ковид, тие треба да се вакцинираат
Публикувано: 26 октомври 2021


Нова статиjа поврзана со своите деца:
Да преведам: Jас сум доктор, еве зошто моите деца нема да носат маски на училиште
Публикувано: 23 август 2022

На кратко: целата пропаганда со платените луѓе беше цел да се вакцинираат сите, заради тоа што знаат добро дека народот е по природа глуп и наивен, а сега кога веќe заврши финансирањето, докторката кажува дека не сака да става маска на неjзините невакцинирани деца, заради тоа што е штетно за нивниот развоj...види ти тоа. Таквите монструми како оваа докторка што шират пропаганди за пари треба jавно да се стрелаат!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom