- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 19.637
- Поени од реакции
- 34.828
... исто како што мислеа дека нема потреба од национална програма за јодирање на водата за пиење и лебот, па со укинување на таквите национални стратегии веќе не се јодира ниту водата за пиење, ниту лебот мислејќи дека е доволна секојдневна примена на солта која е јодирана,Јас сум против таа национална програма. Не постои реална потреба од истата, па сега ќе трошиме непотребно дополнителни финансиски средства за контрола на секој човек поединечно, кога постојат достапни тестови за контрола на бројот на антитела. Плус тоа е варијала која се менува од месец на месец, а ние нема(в)ме термини за тестови на лица со симптоми! Побитно е да се надминат овие проблеми кои се далеку посериозни.
Потоа да се среди Мој термин, луѓето не може да си ги направат своите редовни (рутински) прегледи. Толку многу навлеговме во Ковид проблематиката што заборавивме на другите болести и заболувања. Луѓето не страдаат само од Ковид.
Другите анализи и статистики може да се преземат од државите кои вложуваат средства во истите (или водат педантни анализи), можеш да направиш компаративна анализа и за излечеш средна статистичка вредност.
Можеш да направиш листа на несакани ефекти од вакцината, па и за ефикасноста на секоја вакцина одделно. Проблемот е во тоа што не сите се пријавуваат, и симптоми и нус ефекти.
Повеќето информации се лесно достапни (бесплатни), така не гледам потреба од дополнителна сервисна услуга во здравствениот систем со национална програма за која немаме ни кадар, ни средства.
...затоа денес сме едно од едемските подрачја каде има појава кај секој втор човек дефицит на јод со појава на пореметување на функцијата на штитната жледа, висок процент на стерилитет поради дефицит на јодот во организмот, како и раѓање на умствено хендикепирани деца, трошиме милиони од буџетот за автомобили за министерствата, за дневници и патарини на пратеници, а тоа што треба да се води грижа за здравјето било одвишок, нема проблем, немало кадар?
...што мислиш, медицинскиот персонал врши анализа и статистика,па немало кадар? тоа треба да го сработи соработниците по извештаите на медицински лица конкретно од Институт за јавно здравје, МАНУ, соработници вработени во статистика во книговодствениот дел на секоја болница, што тие прават цел ден, постојат работни места за статистика, анализа, планирање, управување со човечки ресурси, екологија, медицински отпад, од самостоен референт или помлад референт или виш референт или главен референт, куп ги има референти, ниту знаат кои им се работните обрски не отварајќи ја систематизацијата со работни задачи, САМО организација немаме, све друго имаме!