Убаво пишав, кога ќе го осетиш на твоја кожа тогаш ќе почнеш да се буниш....до тогаш супер се овие, иако верглаш како требало да се буни народот на улица
Нема ништо случајно, и ова што се случува е баш затоа што треба така да биде, такви идиоти како тебе се секогаш највиновни....тоа е таа импотенција која не убива како нација, и физички и демографски.
Не реков дека се супер, у два наврати се сложив со тебе дека се тапа. Испробаа се што може мешаа политики на шведски модел па после отидоа со карантини и на крај ни тоа ни тоа не даде резултати.
Јас сум цврст поборник за тоа дека требаше да се остане со минимални мерки без затварања и глупости зашто вирусот у двата случаи можеш да го фатиш. Што ако имавме лани на пролет карантини и затворање кога пак не се ни намали нешто многу заразата, а за воља на вистината во најголемите гужви у Охрид и Дојран ние немавме покачување на бројки дури средина на есен почнаа да пукаат бројките.
Што ме носи до заклучок дека имало-немало мерки вирусот си шиба, не викам сеа дека треба да се дозволат концерти собири масивни и све остало (што го имавме лани од страна на ДУИ, срциња напатени они, за време на избори) ама ова со карантини и полициски часови е скроз утнена стратегија. Креираш само поголеми редици и гужви секаде зашто скратуваш движење на народ.
Убаво имаше твит -
со полицискиот од 10 едино што спречија е е*ење на Водно.
Сеа од 8 ќе ги опфатат и средношколците што се муваат по маалски паркови.
Донесоа милион правила а бројките само се зголемија, тука доаѓа логично да поставиш прашање, што се дешава уствари. Ова ти е како у твој маркет да приметиш минус у касата и под заклучок дека продавачката те краде, ја бркаш. Арно ама тебе после тоа пак ти фали нон стоп у касата, или си избркал погрешна продавачка или нешто друго ти е проблемот.