Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.561
Поени од реакции
5.605
Кажете ми околу тестирањата,
Доколку имате некој заразен со Корона во фамилија што е со вас во ист стан или исто живеалиште, кога ќе поминат тие 2 недели во самоизолација цело семејство, дали после тоа ги тестираат сите или само тој што бил заразен/има симптоми?
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Кажете ми околу тестирањата,
Доколку имате некој заразен со Корона во фамилија што е со вас во ист стан или исто живеалиште, кога ќе поминат тие 2 недели во самоизолација цело семејство, дали после тоа ги тестираат сите или само тој што бил заразен/има симптоми?
Само тој што бил позитивен, останатите ако немаат симптоми не ги тестираат.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.561
Поени од реакции
5.605
Само тој што бил позитивен, останатите ако немаат симптоми не ги тестираат.
Браво, републик северџистан...
Сепак фала ти, баш во постовите видов дека и ти имаше искочено позитивен, ако не е тајна што вака ти дадоа?
се надевам со лесно и доста брзо ќе ти помине...
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Браво, републик северџистан...
Сепак фала ти, баш во постовите видов дека и ти имаше искочено позитивен, ако не е тајна што вака ти дадоа?
се надевам со лесно и доста брзо ќе ти помине...
ништо, матичната ми кажа витамин ц, селен, цинк и витамин д... толку.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.725
Поени од реакции
27.704
Кој е протоколот за тестирани позитивни кои немаат никакви симптоми?
Примаат некаква „превентивна“ терапија или?
@pixa ти без симптоми беше?
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Кој е протоколот за тестирани позитивни кои немаат никакви симптоми?
Примаат некаква „превентивна“ терапија или?
@pixa ти без симптоми беше?
Не, имав температура два дена по 2-3 часа и толку, се јавив на матична бидејќи знаев дека сум бил во контакт со заболена...инаку знам неколку ликови што нејќеа да ги тестираат бидејќи немаат симптоми, овие за еден ден се јавија на матична дека качиле температура иако везе немаше и ги тестираа (меѓу кои и девојками).
Автоматски споено мислење:

Инаку нема никаква „превентивна“ терапија, ниту за тие со симптоми ниту за тие без симптоми.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.725
Поени од реакции
27.704
Значи ако си позитивен и немаш симптоми ништо не земаш?
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
А што би земал кога не ти е ништо, незнам што би сакале да зимате кога се осеќате нормално.
Автоматски споено мислење:

Т.е Витамин Ц ако рачунаш за терапија тоа земаше девојками.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
270
Поени од реакции
190
А што би земал кога не ти е ништо, незнам што би сакале да зимате кога се осеќате нормално.
Автоматски споено мислење:

Т.е Витамин Ц ако рачунаш за терапија тоа земаше девојками.
Сакет од здрав болен да те напрает е до тоа е работава..
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.561
Поени од реакции
5.605
Значи ако си позитивен и немаш симптоми ништо не земаш?
Aко немаш симптоми не те ни тестираат. Затоа и јас баш го прашав. Мене никој нит ме тестирал нит ми спомна нешто за тестирање, седи дома и чекај да качиш температура е работата...

Сакет од здрав болен да те напрает е до тоа е работава..
Психички ќе пропаднеме само.
 
Последно уредено:
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.256
Поени од реакции
5.493
Освен полициски час не може на друг начин да се стави контрола врз ширењето на вирусов,барем не кај нас у државава по шо нема општествен сенс за одговорност.Не може државата да ти забрани после 21:00 да не смееш да искочиш у парк или да организираш журка со 50/100 души у викендица или на било кој приватен имот ако не е на сила полициски час.
Како полициски час решава проблеми уште никој не ми објасни?

Значи сите дневни обврски што ти ги имаш и ги вршиш во рок од 10-12 часа, сеа ти се напикани у некој временски прозорец од 6 часа.

Ај вака посимболично зашто по 5ти пат го поставувам ова прашање можда изгледа не ме разбирате. Го имаш Градски стадион се игра Македонија Шпанија, 36 000 публика у принцип се празни за 10 мин со сите капии отворени, ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ АКО ОСТАВИШ САМО 1 КАПИЈА ОТВОРЕНА? Луѓето ќе излезат секако, а што ќе дојде до стампедо нема врска :)

Карантини не помагаат, башка короната што вика? Еј момци, ја 3та смена само работам. Да не фаќаме пак тема за одредени општини и собиранки по викендици, тоа нема да се смени ниту подобри така ќе си е увек
 
C

CoolIris

Гостин
Карантини не помагаат, башка короната што вика? Еј момци, ја 3та смена само работам. Да не фаќаме пак тема за одредени општини и собиранки по викендици, тоа нема да се смени ниту подобри така ќе си е увек
Било какви мерки и да превземаш со овој народ ништо нема да биде успешно. Брука и срамота, до толку да се нема сенс, ниту за себе, за своето здравје, за здравјето на своите најблиски, за општото добро. Па животните се неколку пати поразумни и порационални. Јасно ми е зошто никој не нè сака.

Никакви мерки и протоколи не се почитуваат. Угостителите воопшто не заслужија да бидат отворени. Толку време плачеа за отварање, за да на крајот ниту една единствена мерка не почитуваат. Ги жалев, ама сега заслужуваат пак да бидат затворени, а плус тоа и казна да им лупнат. Толку алчен народ немам видено. Се организираат веридби, свадби, крштевки, родендени и што ти уште не. Никаков протокол нема! Ако ништо друго, тој полициски час (од 22 до 05ч) би спречил вакви церемонии навечер, дискотеките не би работеле (600 луѓе во еден локал, па тоа е бетер од свадба!)

Па и овој Филипче како скроз да крена раце од ситуацијата. Толку беше, завршија изборите и нема потреба веќе ниту за прес конференции ниту за ништо. Па излези бре човеку, кажи до кај сме, што сме, каква е ситуацијата...ама па од друга страна, еве и да излезе, како би го сфатиле сериозно луѓето, кога во сред пандемија си спремаше избори и си тераше политички кампањи?!

Касно е за било какви мерки. Веќе не можеме да го спречиме ширењето на вирусот. Вирусот е толку убаво раширен меѓу нас, што сега само ни останува да се лечиме и да се спасиме кој колку може. Носење маска, дистанца и миење раце, барем толку може секој. И ве молам, немојте со изговорот.... "Лето е, не се диши со маската". Знам дека е лето, ама верувајте дека 10 пати полесно се диши со маската отколку со бронхопневмонија како последица од Ковид-19 и неносењето маска. Значи на затворено и меѓу луѓе задолжително носење маска.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.233
Поени од реакции
15.292
Kaže te im na tie što tvrdat deka ,,nekoj,, plaćal za da prijavat za počinat od Korona, da soberat pari i da im dadat na familijata na ženata od Kičevo koja počina pred 2 dena.

Im pobarale 50 000 denari za transport i neznam što za počinatata žena, pa malku se vo tesno so pari

Valutata ne e bitna
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.181
Поени од реакции
7.552
Секако народот е крив, не дека одговорните фебруари/март можеа да нарачаат неколку милиони маски од нашите текстилни фабрики, не дека можеа уште тогаш да донесат одлука секаде во затворен простор маски да се носат.

Полесно, попаметно и поефикасно беше да го присилат народ, во рок од 2ч да се гужва во маркети, банки итн, иако нели лесно пренослив бил.
Поефикасна мерка беше затварање на народот дома, под стрес, страв, така сигурно се јакне имунитетот и после тоа нема да се разболат.
Ефикасна мерка беше, блокирање пристап до здравствени услуги (за кои народот со децении одвојувал пари), со изговор, да се спремни, ќе имало наплив на болни.
Многу ефикасна мерка блокирање и уништување на економијата и затварање граници, посебно за граѓаните со македонски пасош.

Сите овие мерки и ред други, уствари да ти немало потреба од нив, доволно било само маски и миење раце. Тоа што здравјето на народот и приватниот сектор ги сјебавме, не е битно.
Во меѓувреме трошење буџетски пари како да нема пандемија, па сега излегуваат клонови на Бранимирката -Зоран Јовановски, демек тие што не носеле маски, биле виновни за економските турбуленции што ни следат. Не е нивното долгогодишно расипничко трошење на народните пари, туку 30% од население на отворено што не носи маски. :rolleyes:


Се согласувам, народот си е виновен, кој му е крив, што и покрај досегашно искуство, слепо верува на одговорните.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom