Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
4 ноември 2013
Мислења
622
Поени од реакции
815
Ова е уште еден од многуте примери како уствари не дупат како сакаат.
И после глупи сме , па глупи нормално кога мува не го лази никој за тоа што го прават на македонците.
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.371
Поени од реакции
9.567
Да татлије ќе купиме, сакаш и ти?
Taтлије ? Што е татлије ?

(многу пцовки) до надлежните за полицискиот час ! Не мораше толку јавно да му го испушите на Реџепи.
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
29.547
Поени од реакции
37.982
Бразил второ место у свет по број на заразени.
 
Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
25.740
Поени од реакции
26.047
Вчера бев до ситимол, за жал, и од тоа што го видов, без претерување, 70% од луѓето, огромен број од нив млади, воопшто не знаат како да функционираат со маска на нив, повеќето ја вадат под уста, ја фаќаат кај стигнат, огромен број од нив ја носат под носот, дистанца во ред пред продавници помала од метар, гужва на секој чекор, еден пред мене се искива у две раце и си продужи да тера у зара без да помине на она за да исчисти раце...
Не сме ние за олабавување на меркиве, трпат многу бизниси ама со ваков однос мислам дека под дифолт ќе рипне пак бројот на заразени.
Крајно се разочарав, а не сум хипохондрик некој кој цепидлачи многу а пак се осеќав презаогрезно таму, воопшто не се сфаќа све ова сериозно сеуште и покрај се, тешко пак да истерам у ситимол освен можеби да испробам некое сабајле у 10 одма како отвараат кога нема голем промет на луѓе али и тоа е дискутабилно.

Мислев сме научиле нешто до сега, конкретно јас во маркети каде пазарам све е сосем коректно и луѓето знаат како да се однесуваат, и за држење дистанца и за заштита, све си е на место, ама она вчера што го видов у ситимол беше катастрофално, ко све неписмено у земјава да се собрало на едно место.

Вработените искрено не ги обвинувам, не се обучени они за нешто вакво, прво треба тренинг а потоа и стекнување навика за да све ова го регулираат, не можеме да очекуваме од продавачи и обезбедување од старт нештата да ги тераат беспрекорно, јебига. Некои опоменуваат, пазат, други не, доволен е еден момент и некој да ти влезе ко тој со кивањето без да ги помине рацете.

Со среќа нека ни е, со ваков однос не мора да чекаме да дојде есен за најавениот втор бран, после ова со молопвиве, кафичиве плус викендов со џамииве ја давам големи шанси дека у земјава ќе има нови жаришта, едноставно немаме колективен интелект за да се носиме со оваа болест а притоа истовремено нештата да ги враќаме во нормала. Па уште и избори планираат ...
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
74
Поени од реакции
130
Гледам дека никој не ја искоментирал одлуката за одржување на постоечките мерки за уште 200 денови, да 200, не додавам една нула плус, нити полека го губите видот, по завршувањето на вонредната состојба.

Навистина, досега вложив доста труд за малку со факти да образложам некои работи кои мејнстримот не ни ги прикажува како такви, но иако сметав дека ова е една огромна претстава во неколку чина, сепак потајно се надевав дека работите летово ќе си дојдат на своето место. За жал, едно такво сценарио во моментов изгледа светлосни години оддалечено од нас...

Имено, без разлика дали ќе има повеќе или помалку заболени, мртви или не, "новото нормално" мора да стане наше секојдневие. Ќе се прашаме сите, а зошто? Е за тоа нема одговор, битно е што оние битните знаат и нивното не треба (и не смее!) да се доведува под знак прашање.

Има безброј статии, клипови, одлуки, треба само малку да се истражува и горе-долу ќе ни стане јасно што следи.
Епа, нажалост, следи една тотална психоза, а замислете каква ќе биде таа ако оваа сега е само делумна.

Децата во училиштата ќе влегуваат едно по едно, со целосно одржување на дистанцата меѓу нив преку целиот период (види: Капчиња за социјална дистанца во Кина, електромагнетни ленти на главите на децата во Кина кои ќе мерат телесна температура и други мозочни отчитувања, и секако, ако некое од нив има покачени вредности од, на пример 37.2, оди во изолација заедно со целото негово семејство, исто така сведоштва на Канадски професори за новите мерки во училиштата, дури и воодушевени од новите принципи итн.).
Можевме ли пред само неколку месеци (мене веќе се тоа ми се чини како далечно минато свршено време) да замислиме дека оние од нас што се љубители на филмот, театарот, спортот, музиката, едноставено ќе бидат лишени од нивните задоволства?!? Е за тоа не се ни разговара, "битните" знаат дека тоа е зло и тие ќе не заштитат од него.

Јас не можам да сфатам како било која возрасна група може да прифати било што од наведеново без логички да размисли.
Најмалите не одат во градинките, поголемите во училиштата, тинејџерите не се дружат во групи и на определени места, средовечните со семејства не се гледаат ни со пријателите колку во минатото, рестрикциите за пензионерите се најголеми, еве ќе ги штитиме уште 200 денови (според официјалните бројки, ќе бидат веројатно до плус бесконечност), а за многу од нив, тие 200 денови во изолација ќе бидат веројатно и последни за нивното суштествување на планетава.
Едноставно, сите, апсолутно сите се погодени.
Понатаму, нашата приватност,повеќе не е наша...Сите ќе мора да имаат увид дали и од што боледуваме, каде, зошто и колку одиме.
Самиот тој роботизиран ред за одржување на социјална дистанца, карантин и, неминовно, полициски час, е како од некои дистописки научно-фантастични трилери и колку е тој погоден за некои други влијанија и нарушувања...ајде за тоа во друга прилика, ќе се оттргнеме од темава...

Премногу едноставно како човечки колектив се откажавме од нашите права, па следствено се она што оди против мејнстримот се означува и систематски истребува, без разлика дали се работи за Нобеловци, истражувачи, вистински експерти во својата област и сл. Нивните содржини за миг ги снемува од социјалните мрежи и медиуми оти тие се "опасни по поединецот и општеството". И нема врска што никаде во правилата на Youtube или Facebook, или Кајгана не пишува дека не смееш само логички да размислуваш за коронавирусот, твоето мислење ќе биде тргнато или пренасочено на друга тема (баш како на најпознатиот македонски форум со име на едно јадење кое се приготвува со јајца), затоа што само "битните" кажуваат, а рајата треба само да исполнува и слуша (и чат-пат може да грака, ама исклучиво на небитни места). Ако се обиде да направи нешто, да зборува, толкува или интерпретира, е тогаш следат казни, од парични до оние Кинеските (негативни бодови од кои би патело, односно би било погодено целото семејство во иднина. Вистина е ова, и јас мислев дека не е, прочепкајте).

Без разлика дали се согласуваме со наративот за Ковид-19 или не, верувам дека никој од нас немаше да се согласи со овој тоталитаризам само пред неколку месеци, а сега самите инсистираме тој да се воведе, и не само тоа туку бараме и казнувања за сограѓаните кои не го почитуваат на било кој начин.

Едноставно, секое утро се будам и си велам дали сум јас во некој паралелен универзум каде впрочем Нацистите и нивните вредности извојувале победа пред околу 70-80 години...

Социјализацијата се претставува како апсолутно зло и се повеќе се таргетира за нејзино елиминирање, а луѓето како заразни патогени со маски какви не носат ни дивите ѕверови во циркузите...

Инаку, како за илустрација, во екот на пандемијата од грип во 1968 година (кога според официјалните бројки умираат до 4 милиони луѓе на светско ниво), се одржува веројатно најголемиот собир, во поновата, па и постарата историја на светот, фестивалот Вудсток со посетеност од преку 400.000 луѓе на едно место.

За крај, се извинувам ако текстов е малку подолг, знам дека голем дел од вас повеќе сакаат да читаат и пишуваат дали во Памплона денес има 14 или 17 заразени, или да пишуваат досетки од не повеќе од половина ред, но сметав дека еден по еден мораме барем да се обидеме да влијаеме на колективната свест и да го оттргнеме светов од масовната психоза која се повеќе се засилува.

Се надевам ќе одвоите дел од вашето карантинско време, па ќе го прочитате и она што го велам јас, а понатаму и нешто што го велат луѓе кои се многу постручни и поповикани од мене.

Мерките јакнат линеарно, отпорот јакне експоненцијално!

Анти-пропаганда over and out.
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
5.302
Поени од реакции
4.497

Дали ти мислиш дека горенаведените мерки ќе се спроведуваат кај нас хахахахха не ме смеј те молам, тоа можи да стои во Кина ама на Балканот тешко.
Кажи ми која од мерките се почитува во целост кај нас, јас искрено не гледам некоја промена, животот си тече нормално во таа смисла, на почеток можеби кога беа сите исплашени да, ама како шо иди времето ништо од тоа.
Сега кога ќе ги отворат и границите, училиштата, угостителски објекти и толку, ќе го укинат и полицискиот час кај да е за брзо.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
2.970
Поени од реакции
1.136
Нови 20 заболени од Ковид-19 во земјава, почина еден пациент

Во последните 24 часа регистрирани се 20 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 744 тестови.

Скопје 16,Куманово 2 и Прилеп - 2

Истовремено, 24 пациенти се излекувани, а регистриран е и еден смртен случај во Скопје.
Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 1.941. Излекувани се 1411, а починале 113 пациенти.

Чим Скопје е жариштето не би било лошо да знаеме дали се ова некој нови кластери и дали се поврзани со постоечките.Малце поголема контрола во Скопје не е на одмет.
 
Последно уредено:
Член од
7 јануари 2015
Мислења
522
Поени од реакции
219
Вчера бев до ситимол, за жал, и од тоа што го видов, без претерување, 70% од луѓето, огромен број од нив млади, воопшто не знаат како да функционираат со маска на нив, повеќето ја вадат под уста, ја фаќаат кај стигнат, огромен број од нив ја носат под носот, дистанца во ред пред продавници помала од метар, гужва на секој чекор, еден пред мене се искива у две раце и си продужи да тера у зара без да помине на она за да исчисти раце...
Не сме ние за олабавување на меркиве, трпат многу бизниси ама со ваков однос мислам дека под дифолт ќе рипне пак бројот на заразени.
Крајно се разочарав, а не сум хипохондрик некој кој цепидлачи многу а пак се осеќав презаогрезно таму, воопшто не се сфаќа све ова сериозно сеуште и покрај се, тешко пак да истерам у ситимол освен можеби да испробам некое сабајле у 10 одма како отвараат кога нема голем промет на луѓе али и тоа е дискутабилно.

Мислев сме научиле нешто до сега, конкретно јас во маркети каде пазарам све е сосем коректно и луѓето знаат како да се однесуваат, и за држење дистанца и за заштита, све си е на место, ама она вчера што го видов у ситимол беше катастрофално, ко све неписмено у земјава да се собрало на едно место.

Вработените искрено не ги обвинувам, не се обучени они за нешто вакво, прво треба тренинг а потоа и стекнување навика за да све ова го регулираат, не можеме да очекуваме од продавачи и обезбедување од старт нештата да ги тераат беспрекорно, јебига. Некои опоменуваат, пазат, други не, доволен е еден момент и некој да ти влезе ко тој со кивањето без да ги помине рацете.

Со среќа нека ни е, со ваков однос не мора да чекаме да дојде есен за најавениот втор бран, после ова со молопвиве, кафичиве плус викендов со џамииве ја давам големи шанси дека у земјава ќе има нови жаришта, едноставно немаме колективен интелект за да се носиме со оваа болест а притоа истовремено нештата да ги враќаме во нормала. Па уште и избори планираат ...
Уживај брат....вака побрзо ќе станеме имуни, па нема пари да даваме за вакцини. Се си е ок и на на место.

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
 
Marquess

Audentes fortuna iuvat !
Член од
20 јули 2009
Мислења
3.828
Поени од реакции
6.079
@Syn Среќа оние во Струга на литијата сите со космонаутски скафандери беа и држеа 5 метра дистанца.па затоа нема ниеден заразен :toe:
 
Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
25.740
Поени од реакции
26.047
@Syn Среќа оние во Струга на литијата сите со космонаутски скафандери беа и држеа 5 метра дистанца.па затоа нема ниеден заразен :toe:
Треба повеќе фактори да се земат во предвид, каква била состојбата со заболени таму, каква е во Скопје, Скопје беше жариште и имаше најмногу заболени, заедно со Куманово и Дебар каде вирусот се ширеше локално, струга ако не се лажам немаа таков проблем, искрено не пратев со бројките како идеше по градови па вака провизорно го терам муабетов конкретно за Струга ( нека ме поправи некој ако сум грешка ).
Не е исто у свети николе да има такви собири и пример во Куманово, ваљда ме сфаќаш што сакам да кажам, шансата во град кој беше жариште и уште вади бројки со повеќе заболени се многу поголеми да се шири вирусот ако има такви собири и луѓе не се држат до препораките од град кој имал помалце заболени или скоро ич.

Конкретно за Скопје ситуацијата сеуште не е за да луѓе си допуштаат таков луксуз и однос зашто вирусов дефакто лесно се шири ако не се држиш до пропишаните мерки. Ја бев за олабавување на мерките ама после она вчера што го видов ние ко луѓе не сме кадарни тоа ниво на олабавеност да го одржиме и дополнително да влијаеме за да се вратат нештата у некоја импровизирана нормала. Ќе видиме периодов што следи како ќе се движат бројките, ја мислам дека за градови кои беа жаришта и каде вирусот се ширеше локално со ваков однос и собири по џамии, паркови, кафичи, молови, цркви а притоа да се игнорираат препораките само буст ќе дадеме за да рипа бројката на заболени.
 
Имам пишано и порано,ќе пишам и сеа.
Жена која ја познавам,на моите куќна пријателка и докторка на инфективно во еден наш град.
Она се зарази од корона,маж и и детето - НЕ!
Спиела со мажот,јаделе,се ебавале...
Не се заразил!

Сакам да посочам дека дааалеку е од толку лесно заразлив овој смрден вирус.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
480
Поени од реакции
361

Жената на жените на мојте од куќата на куќните пријатели од ист град..
Абе ти што св.Петар да не беше па им висеше над глава ко се ебавале дома..
Мош дома седеле одделно,мош носела и дома заштитна маска,мош вирусот бил во во таа фаза да не можиш да заразиш друг ( какко жената со комбето што патуваше од ит до мк ) а што не кажиш за тој што еден заразил 20+ или само како вас ви одговара
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
6.102
Поени од реакции
4.836
И сега 2 дена карантин за кауриве. Албанците ќе си шетаат по гости. Тоа е.

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
Ептен јако државиште сме, препораките од владата и министерството за здравство за дистанца и носење маски никој не ги почитува, џандарите си се шеткараат ко на корзо по улиците да им помине денот и да земат плата, парковите се преполни со народ, никој не носи маска, ниту пак се држи дистанца, во Струга пола град беше излезен на литија, а тие присутни неколкумина полицајци само си стоеа настрана и немо си посматраа, пред месец дена градоначалник на една Скопска општина беше во полициска станица да ослободува неколкумина приведени лица кои не го почитувале полицискиот час (случајот Синѓелиќ - целата јавност беше шокирана од оваа случка, но секое чудо за два дена и после се заборава) и ред други глупости што секојдневно ни се случуваат и го продлабочуваат општиот хаос во секое поле на живеење !
 
Последно уредено:
На врв Bottom