Гледам дека никој не ја искоментирал одлуката за одржување на постоечките мерки за уште 200 денови, да 200, не додавам една нула плус, нити полека го губите видот, по завршувањето на вонредната состојба.
Навистина, досега вложив доста труд за малку со факти да образложам некои работи кои мејнстримот не ни ги прикажува како такви, но иако сметав дека ова е една огромна претстава во неколку чина, сепак потајно се надевав дека работите летово ќе си дојдат на своето место. За жал, едно такво сценарио во моментов изгледа светлосни години оддалечено од нас...
Имено, без разлика дали ќе има повеќе или помалку заболени, мртви или не, "новото нормално" мора да стане наше секојдневие. Ќе се прашаме сите, а зошто? Е за тоа нема одговор, битно е што оние битните знаат и нивното не треба (и не смее!) да се доведува под знак прашање.
Има безброј статии, клипови, одлуки, треба само малку да се истражува и горе-долу ќе ни стане јасно што следи.
Епа, нажалост, следи една тотална психоза, а замислете каква ќе биде таа ако оваа сега е само делумна.
Децата во училиштата ќе влегуваат едно по едно, со целосно одржување на дистанцата меѓу нив преку целиот период (види: Капчиња за социјална дистанца во Кина, електромагнетни ленти на главите на децата во Кина кои ќе мерат телесна температура и други мозочни отчитувања, и секако, ако некое од нив има покачени вредности од, на пример 37.2, оди во изолација заедно со целото негово семејство, исто така сведоштва на Канадски професори за новите мерки во училиштата, дури и воодушевени од новите принципи итн.).
Можевме ли пред само неколку месеци (мене веќе се тоа ми се чини како далечно минато свршено време) да замислиме дека оние од нас што се љубители на филмот, театарот, спортот, музиката, едноставено ќе бидат лишени од нивните задоволства?!? Е за тоа не се ни разговара, "битните" знаат дека тоа е зло и тие ќе не заштитат од него.
Јас не можам да сфатам како било која возрасна група може да прифати било што од наведеново без логички да размисли.
Најмалите не одат во градинките, поголемите во училиштата, тинејџерите не се дружат во групи и на определени места, средовечните со семејства не се гледаат ни со пријателите колку во минатото, рестрикциите за пензионерите се најголеми, еве ќе ги штитиме уште 200 денови (според официјалните бројки, ќе бидат веројатно до плус бесконечност), а за многу од нив, тие 200 денови во изолација ќе бидат веројатно и последни за нивното суштествување на планетава.
Едноставно, сите, апсолутно сите се погодени.
Понатаму, нашата приватност,повеќе не е наша...Сите ќе мора да имаат увид дали и од што боледуваме, каде, зошто и колку одиме.
Самиот тој роботизиран ред за одржување на социјална дистанца, карантин и, неминовно, полициски час, е како од некои дистописки научно-фантастични трилери и колку е тој погоден за некои други влијанија и нарушувања...ајде за тоа во друга прилика, ќе се оттргнеме од темава...
Премногу едноставно како човечки колектив се откажавме од нашите права, па следствено се она што оди против мејнстримот се означува и систематски истребува, без разлика дали се работи за Нобеловци, истражувачи, вистински експерти во својата област и сл. Нивните содржини за миг ги снемува од социјалните мрежи и медиуми оти тие се "опасни по поединецот и општеството". И нема врска што никаде во правилата на Youtube или Facebook, или Кајгана не пишува дека не смееш само логички да размислуваш за коронавирусот, твоето мислење ќе биде тргнато или пренасочено на друга тема (баш како на најпознатиот македонски форум со име на едно јадење кое се приготвува со јајца), затоа што само "битните" кажуваат, а рајата треба само да исполнува и слуша (и чат-пат може да грака, ама исклучиво на небитни места). Ако се обиде да направи нешто, да зборува, толкува или интерпретира, е тогаш следат казни, од парични до оние Кинеските (негативни бодови од кои би патело, односно би било погодено целото семејство во иднина. Вистина е ова, и јас мислев дека не е, прочепкајте).
Без разлика дали се согласуваме со наративот за Ковид-19 или не, верувам дека никој од нас немаше да се согласи со овој тоталитаризам само пред неколку месеци, а сега самите инсистираме тој да се воведе, и не само тоа туку бараме и казнувања за сограѓаните кои не го почитуваат на било кој начин.
Едноставно, секое утро се будам и си велам дали сум јас во некој паралелен универзум каде впрочем Нацистите и нивните вредности извојувале победа пред околу 70-80 години...
Социјализацијата се претставува како апсолутно зло и се повеќе се таргетира за нејзино елиминирање, а луѓето како заразни патогени со маски какви не носат ни дивите ѕверови во циркузите...
Инаку, како за илустрација, во екот на пандемијата од грип во 1968 година (кога според официјалните бројки умираат до 4 милиони луѓе на светско ниво), се одржува веројатно најголемиот собир, во поновата, па и постарата историја на светот, фестивалот Вудсток со посетеност од преку 400.000 луѓе на едно место.
За крај, се извинувам ако текстов е малку подолг, знам дека голем дел од вас повеќе сакаат да читаат и пишуваат дали во Памплона денес има 14 или 17 заразени, или да пишуваат досетки од не повеќе од половина ред, но сметав дека еден по еден мораме барем да се обидеме да влијаеме на колективната свест и да го оттргнеме светов од масовната психоза која се повеќе се засилува.
Се надевам ќе одвоите дел од вашето карантинско време, па ќе го прочитате и она што го велам јас, а понатаму и нешто што го велат луѓе кои се многу постручни и поповикани од мене.
Мерките јакнат линеарно, отпорот јакне експоненцијално!
Анти-пропаганда over and out.